Каква црна Карлеуша? Ѕвезда била, со таква дрскост и безобразлук за мене никогаш нема да биде ѕвезда, па ако сака и милијарда фанови нека има(исто како што таа му вика на младиве во ѕвездите на гранд ). Патем, воопшто не е пример за младите, како тоа се однесува мајка на две деца, срамота! Што се однесува до скандалот со фудбалерчево, денес прочитав, откако видов дека расправате за неа. И јас мислам дека е фино смислен маркетиншки трик. Луѓе желни за внимание. Па и Вучиќ го спомнала, на Вучиќ се му е нареденo, со Карлеуша ќе се занимава
Не ги многу пратам, но читнав за Карлеуша. Искрено, најпрво ми е жал во секој случај за децата. Без разлика на се, не верувам дека за ова дома немало караници, а тоа влијае и на најмалите. Од друга страна, јас да сум на местото на Карлеуша и навистина ова да е местенка, да не сум виновна, нема да седам на Твитер и да се оправдувам, туку директно тужба за нарушување на изгледот, и до засегнатиот фудбалер и до медиумите. А инаку, Јелена ми изгледа баш guilty as charged. Премногу одолговлекува со твитовите, премногу оправдувања, па и сликаните пораки како го моли да демантира. Мислам, прво што ќе и е и од каде и е неговиот број и зошто воопшто му одговара/ла на пораките, како една верна сопруга? Па и ќе додадам, ако навистина го изневерила, може ќе и порасне цената за настапите и ќе профитира, ама на лично и приватно ниво, баш глупост, кога за сопруг има некој како Тошич. Мислам, ако бракот не штима, разговарај и разведи се. А вака, изгледа на оние на кои им е најпогодено тргнуваат да изневеруваат, од досада најверојатно А на темата за мажи што објавуваат слики/видеа од девојки, без разлика дали се бивши или не, дефинитивно и на овие простори мора да се промени законот и тоа еднаш засекогаш да биде казниво.
Мислам дека нешто и требаше на Карлеуша за да се спушти на земја, премногу беше дигната мислејќи дека никој ништо не и може. Колку само грди зборови и упати на ќерката на Цеца само заради тоа што таа и е мајка, тогаш не мислеше дека никој не може да си го избере родителот. Колку само пејачи што имале болни мајки се појавиле на Ѕвездите на гранд а таа сите ги навреди и сега се брани со тоа што има деца и болна мајка?? Башка на сликава се гледа дека тоа се нејзините штикли, а на фејсбук има видеа каде што се гледа црно-жолтата постелнина која што ја има на сликите што му ги праќала. А лузната од царските резови не може да се види затоа што стомакот не се ни гледа на сликите, таа го покрива со раката.... После Ј нема К.
Ништо нема признаено. Не може да се фотошоп другите слики кога иста е постелнината, перниците и сијалицата во позадина. Како може мажена жена со деца да пишува со друг маж па уште слики објавува од него, со тоа самата си се уништи, да немало ништо немаше толку да се потресе..
Зошто да не може ? Ако е за маж сите ке му аплудираат , а за жена како можела бла бла бла ... Мене ми е сАмо глупо бламирањево во јавноста и зошто се сликиве пуштени во јавност .. 90% од обичната раја си пракаат такви слики мегусебе а и се смеаат на Јелена
Зошто да не може? Кој нормален што е во добар брак праќа голи слики на други? Исто е и за двата пола, крајно бедно и понижувачки за сопругата/сопругот. А таа штом го изневерила и праќала слики на друг требало да знае дека не може да е сигурна оти нема да се дознае. Што ќе посееш тоа ќе си жнееш.
Се изначитав за Карлеуша последниве денови што и да отвориш секаде ја има.Иако не сум фан на нејзе и не ја сакам заради тоа што не ми се допаѓа како се однесува сепак мислам дека сето тоа е местенка.Глупа ми е ама не верувам до толку за да земе да се слика така и да ги праќа преку интернет...
Се изначитав сега.Сите страни и статии. Видеава се гледа дека се real. Пораките се фејк се гледа.Имаше еден реферат кај што му вика се и сешто.ЈК не е Сораја или Маца Дискреција и компанија па да моли некој мочко. Искрено дечково испаднал тежок РОПАК.Што и да се случило, не е во ред да ги објавува сликите и видеата. Мене некој вака да ми направи, цревата низ уста ќе му ги извадам. Не е за бранење ЈК, дрска е и безобразна да ама вакво нешто не оправдувам.