Да, на некоја нова телевизија ќе игра, Блиц, сега ја пуштаат во етер. Кој знае колку дебело ќе се офајдат и двете страни, на Балканов високо гледани се таквите глупости
Ги виде Адактарови, пак ајде и таа Требало да се вика Цеца Меца, по секако е популарен овој дел од онаа бугарската песна со Васко жабата, ќе го искористеше да е повеќе впечатливо
Не сум го следела и јас нешто баш, ама едно видео е доволно да погледнеш и да видиш како вреѓа и омаловажува девојки и млади девојчиња со многу погрдни зборови.
Па според тоа што во туристичките понуди за Белград има и посета на куќата на Цеца т.е пред куќата, шоуто ќе и биде најгледано верувам.
Првата епизода ги срушила рекордите на гледаност, втората е вечер.... Си сака Балканскиот народ да гледа вакви глупости
Го нема шоуто на јутуб и мислам нема да го има... Започна ексклузивно на нова телевизија, Блиц се вика... Сигурно онлајн може да се гледа таму некако, немам видено.... Имам само најави гледано кај Цеца и децата на инстаграм, тие имаа објавено дека биле најгледани минатиот петок, и не ме чуди ионака народот пати по Српската мајка
Е затоа од нас балканците никогаш ништо нема да биде Замисли каква нација сме кога ни е интересно да ја гледаме Цеца што прави дома. Ало Цеца. Што паметно има жената направено во животот? Што може од неа да се научи? Каква корист се има од гледањето на тоа шоу? Ми се плаче. Сега ги разбирам сите што знаат да напишат дека треба да не погоди некоја нуклеарка и сите да не срамни. Ваљда после тоа ќе има попаметна нација од оваа нашата.
Американците ги гледаат Кардашијан. Ништо ново на Балканот, а и ништо поглупи нашиве од останатите нации. Низ цел свет има реални шоуа за славни и секаде си имаат публика.
Епа и мене Кардашијан ми паднаа први на памет . И ден денес не ми е јасно што видоа во нив. Се изоперираа, и покрај тоа не личат на ништо, ама успеаа толкава пара да намлатат без никаков талент. Кајли па посебно, на 18, 19 години една од најбогатите луѓе на планетава беше. Зошто и како сеуште ми е мистерија.
Нема ништо мистериозно. Одредена маса на луѓе, да не кажам каква, сака да ѕирне во приватниот живот на славните. Тоа што го гледаат на екраните, мислат дека е вистинското, а уствари сѐ е режирано. И така, и едните заработуваат од гледаност, и другите добиваат тоа што сакаат.
Како што паметно може да се научи од Цеца? Па таа е Српската мајка И ги слушам песните, бидејќи навистина има посебни песни кои и ги пишуваше Марина Туцаковиќ и сите се големи хитови, ама дека си е криминалец си е општо земено, глуми светица а не е ич. Колку што ми е смешна потребата од шоуво, исто толку смешно ми е и кога за време на Божиќ сите медиуми го пренесуваат причестувањето на Цеца во храмот Свети Сава, ко да е некоја посебна света личност
И јас ја хејтам Цеца, ама како што она полни сали тоа никој друг не го прави. За жал, Цеца е икона на Балканот и тоа е така и не верувам дека ќе се смени.
Цеца карактерно ми се допаѓа отсекогаш. Има убави песни, понекогаш си ги пуштам. Тоа што е криминалец и што беше во куќен притвор одредено време сепак се понесе човечки со тоа не ми менува ништо. Но, не ми е толку драга за да и одам на концерт, ниту пак сум заинтересирана за нејзиното шоу.
Ете сега и ќерка и тргна по нејзиниот пат, ама ни глас има, ни став, ни харизма, скроз ми е здрвена, џабе ја форсираат @Bratot Да да, и Блиц отворија телевизија, баш со шоуво беше пуштањето во етер Инаку Цеца по вторпат ќе стане баба, Крстан ќе се викал внукот.
Не знам што ново може да се види од Цеца и деца кога и онака се преприсутни низ медиумите. Ама добар начин на зголемување капитал, не дека го немаат, но никогаш доволно.