Оваа колку смени, мене срам ме фаќа некоја бејби треска ги фатило сите очигледно, секој ден по една со ехо во раце нека им е со среќа на сите
Во право си, не дека ако на инста се среќни, и во реалноста се среќни..не поддржувам толкава разлика во години, баш прееска читав и по српскиве портали дека зборат за истово, не ги поддржуваат за разликата во години итн..зборот ми беше дај боже да си се реално среќни, секако ни ја ни ти ни било кој друг нема да може да смениме ништо што они се во брак и чекаат бебе останувам на ставот дека од почеток им била погрешна врската.
На 29 години да бидеш во врска со 14 годишно девојче е педофилија, не ми е баш нормално, ајде сега таа 21 тој 36 ок можам да разберам али на толку мала возраст да се има врска со 15+ маж не ми е во ред. Сепак на 14 години е уште дете... Нека им е со среќа, прв пат прочитав за овај, и дека имал сестра позната Не сум во тек со Србиве ..
Другарка на Стефан Лазаров Инаку учесничка во Задруга се прослави со врската со некој таму рапер ,мислам дека и песни има. Живее во Белград ,а родена е и еден период има живеено у Мк. татко ѝ е македонец ,а мајка и србинка изгледа.
Чекај добро прочитав??? И бил профф во школо?? Кажи дека ме заебаваш Како може професор да оди со ученичка? Нели се слушнало од некој, или пак да стаса информацијава до директорот? Како што знам да се случи такво нешто се превземаат посебни мерки. Или пак биле во тајна врска? Јаоо свашта постои во светов. Сигурно чоекон имал пари па со тоа ја освоил
Колку што разбрав од тоа што прочитав, тој бил професор на замена во нејзиното училиште, но наводно не и' предаввал неа, таму се запознале, па кога завршил со замената, заминал во Австралија и така почнале да се допишуваат.
Теодора или ( Суада) е Албанка по татко и Србинка по мајка. Ги смениле имињата и презимето брат и бил ( Суад) сега Сава.
Познавам едни што живееа заедно уште од кога беа ученичка-професор. Сите знаеја, но никој ништо не стори, ете ги и ден денес се заедно.
Мене врската ми е морбидна. Може би одобрила да биле и двајцата полнолетни во времето на запознавање иако доста е голема разликата во години , но ве молам, што знае дете од 14 години за стапување во врска со човек двојно повозрасен од неа кој е во своите 30-ти? Подобро прашање, зошто тој пробал било што да има со девојче, поточно дете? Чиста педофилија, а и зарем нејзините не знаат што се случува во животот на нивното дете и да спречеле? Па кога ќе биде полнолетна што сака нека прави. Не знам кога започнале врска, но доста одамна имам читано статии за нив, претпоставувам одамна се заедно а и секако не е нормална целава ситуација.