Не дека нам ни е, ама сега ако зборуваме реално Цеца е најголема ѕвезда овде. Па и пошироко. Сори нот сори, ко Мадона, а за наши простори и повеќе. Патем јас не ни слушам турбо фолк.
Каде тоа овде? Во моја околина никој не и се диви, не знам со какви луѓе ти се дружиш. Зависи од менталитетот изгледа.
Да де дека вие уствари немате пропуштено концерт на Бијонсе, а Охрид за нејзини концерти тоа реки од коли од сите градови и пак ова лето да закаже концерт пак ќе собере плевна од народ -тоа дека никој не ја смета за некој фактор. Воен криминалец не и ги напиша песните, не ја слуша народот ради Аркан туку дека ете се пронаоѓа во песните и ги сакаат
Па мислам Пробиштип кога имаше концерт цела Источна Македонија беше, а и го преместуваа местото на концертот зошто првичното било помало
Никогаш не сум била на концерт на Цеца нити планирам некогаш да одам, не ја слушам во смисла да земам дома да пуштам Цеца...знам неколку песни што и се добри. Цеца ја проби Аркан со неговите пари успеа да ги има најдобрите композитори и текстописци и затоа има хитови. Неа најчесто ја слушаат и обожавателите на Аркан, а знаеме посебно Србите се тешки патриоти и Аркан им е идол.
На Балканот. Што е битно јас со какви луѓе се дружам, не зависи од тоа дали Цеца е ѕвезда или не. А е. И скроз е небитно дали ти и јас ја слушаме. Остатокот ја слуша.
Колку што и помогна, толку и Аркан ја одбележи. Во Хрватска не знам дали воопшто настапува. Јас би рекла, Цеца го има тој Х фактор. И други имаа пари, ама никој ја нема славата на Цеца.