Во денешно време се атракција декорациите и фигурите со балони. Коку често и дали ги практикувате. Од каде ги зимате? Јас ги обожувам, иако нели трајат околу 10тина дена, сепак се преубави. Убаво изненадување. Дури и за некои пригоди се прекрасен декор. Поставувајте слики од некои ваши балони или пак прекрасни идеи за балони. Еве неколку од мене
Јас главна сум за тоа А дојде некој роденден (мој,на брат ми...) или пак за Нова Година еве ја Foreveryoungiwannabe да дува балони А од кај ги купуваме,шо знам...
Огромен обожавател сум на балониве. Сега во последно време гледам,за секоја прослва ги има било да е свадба,роденден или крштевка. Јас балони дувам само за нова година.
Многу сакам балони за роденден,за нова година па дури некогаш и на така обичен ден сакам да надувам по некое балонче и по неколку дена да го пукнам обожувам балони
Мајка ми има фобија од балони, па дома ни се забранети. Се сеќавам дека еднаш како помали тато ни купи од оние големине, како баскети, ама мама ги најде и ни ги сокри Една година кога бев на Златно славејче ми купија од оние со хелиум, ама не знам како го испуштив, ми летна и се убив од плачење
Многу сакам балони, особено оние најобичните, без никакви шари или триста бои на нив. Ме потсеќаат на дете, на нешто убаво, невино, на радост.. Шо знам.. Ми текнува порано на секоја прослава или шта год, јас бев главен иницијатор да биде сето тоа проследено со еден куп балони. На мајка ми притисок и се качуваше, кај и да згазнеш имаше балони, едно време дури почнав и по ѕидови и на прозор да ги лепам. И нели стандард секој година те носат на плоштад да се фотнеш со Дедо Мраз и тука се избацува и по некоја залутана Дедо Мразица што би рекла Накова ,( патем го мразев чинов, не сакате да ме видите каква сум на сликите, потечена и поцрвенета целата ) и после фоткањето традиционално следуваше балонче од оние со по 3,4 мали внатре. Колку сум им се дивела на тие не сте свесни . Сега некако се ми има изгубено смисла..
Балони!? ОБОЖАВАМ! Секогаш дома морам да имам едно пакетче. За родендени, за Нова Година, за забави, за се сегогаш има или купувам!
Викнете ме за пукање на балони не за дување Да ви кажам право кај мене дома балон не останува повеќе од 2 дена..мора да се пукне инаку ги сакам посебно тие во црвена боја
За мене балоните претставуваат убава декорација. Но не ги користам за посебни прилики,како Нова година,роденден... Кога бев мала ги терав моите за Нова година да ми купуваат балони,па ги дував и ги закачував насекаде низ куќа
Ве молам кажете ми каде има на друго место за купување балони во форма, освен во ГТЦ? Има ли во Веро центар или негде на бит пазар или ќе мора да одам до ГТЦ? Ви благодарам однапред
Многу сакав балончиња како мала Т.е и сега сакав.. Баш демек ќе правиме забава (не ја направивме) Балоните останаа и ги дававме на луѓето, по езеро ги пуштавме.. Го украсивме Охрид [imghttp://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcSAt2qBInF_m8UfhlPDyy6hUEWsb99alIejhK7qaKJszNoG2sGx][/img]
Општи прашања Порано во Веротот имаше еден чичко со балони и ги оформуваше, сега го немам видено, можеби е сеуште таму Да прашам нешто и јас, слушнав Северина концерт кај нас ќе правела. Вистина е ова или не ? И ако знае некој каде и за цена на картитее
Општи прашања Вииииип имаш и во Сити Мол исто така, мислам дека беше на 2 спрат ама не сум баш сигурна А инаку за Северина, да , точно е. На 13 април во Борис Трајковски, картите се околу 600 денари
Многу, значи многу сакам некој да ми донесе дома балони, ама мнооооогу балони. Тоа ми е неостварена желба
Многу сакам балони, посебно да ги пукам а не да ги дувам, некако и се плашам зашто еднаш ми пукна еден балон во уста додека го дував и од тогаш се плашам и ги дувам само до пола. Еве идеи: