Банана диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 26 јануари 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    103.071
    Диетата „Утринска банана“ е лесна, не е скапа и не бара да броите калории, ниту пак да исфрлите одреден тип производи од исхраната
    Правила на диетата
    1.Јадете банана за појадок. Денот треба да го започнете со консумирање на банана. Доколку една банана не ве заситува, можете да изедете уште една, но не треба да се прејадувате. Бананите треба да се консумираат свежи.
    2.Со бананата напијте се една чаша вода на собна температура. Водата не треба да биде ладна или топла, туку задолжително на собна температура. Доколку сакате да се напиете кафе, сторете го тоа 20 минути по појадокот.
    3.Консумирајте нормален ручек и вечера. Со оваа диета не се ограничува внесувањето на калории, ниту пак се бара одредени производи да се исфрлат од исхраната. Сепак, ако сакате диетата да биде ефективна, потребно е да ја намалите консумацијата на мрсна храна. Единственото правило што треба да го почитувате е да не се прејадувате, т.е. јадете додека не бидете 80% заситени.
    4.Забранета е консумацијата на десерти. Не треба да се консумираат ниту слатки, ниту солени десерти по оброците.
    5.Единствено во 15 часот попладне дозволена е слатка ужина. Можете да каснете неколку коцки чоколадо или едно мало колаче.
    6.Вечерата не треба да биде подоцна од 20 часот. Се препорачува последниот оброк во денот да ви биде во 18:00.
    7.Вежбајте ако сакате и само ако тоа не ви создава стрес и болка. Диетата го предлага вежбањето како опција.
    8.Задолжително легнете си пред полноќ. Колку порано, толку подобро.
    Позитивни страни
    Популарноста на диетата со банани најмногу се должи на фактот што е лесна, не е скапа и не е потребно броење на калории или исфрлање на одреден тип производи од исхраната.

    Луѓето лесно се привикнуваат кон новиот начин на хранење, а диетата можат да ја практикуваат дури и најзафатените затоа што не е потребно да се приготвуваат специјални оброци.

    Освен тоа, бананите се одличен извор на калиум и растителни влакна, па го подобруваат варењето на храната и го намалуваат чувството на глад.

    Уште една позитивна страна на диетата е што препорачува легнување пред полноќ. Научно е докажано дека недостатокот на сон придонесува за зголемување на телесната тежина, а добриот сон помага во одржувањето на здрава тежина.

    Негативни страни
    Диетата „Утринска банана“ не е создадена од медицински лица и нутриционисти. Сепак, најголема критика кон оваа диета е тоа што не постојат ограничувања во однос на ручекот и вечерата. Противниците на диетата сметаат дека таа не може да биде успешна ако е дозволено да се консумира секаква храна за време на ручекот и вечерата.

    Исто така, како минус се смета и тоа што диетата не вклучува вежбање, туку само го наведува како опција.

    Времетраење и резултати
    Диетата „Утринска банана“ започна да го привлекува вниманието на Јапонците желни да ослабат откако Хитоши Ватанабе објавил дека со нејзина помош ја намалил својата тежина за 16,8 килограми.

    Но, кога јапонската оперска пејачка Кимико Мори јавно признала дека ослабела скоро 7 килограми за 6 недели, диетата со банани станала апсолутен хит во Јапонија. Тогаш увозот на банани во Јапонија бил зголемен за 25%, но ниту тоа не успеало да ја покрие побарувачката, па полиците за банани во маркетите останале празни извесен период.

    Приврзаниците на овој режим на исхрана препорачуваат диетата „Утринска банана“ да се практикува најмалку 2 седмици. Најголем дел од луѓето воопшто не чувствуваат дека се на диета, па се придржуваат кон горенаведените правила подолго време.

    На интернет форумите и блоговите, оние коишто успеале да се придржуваат кон диетата објавуваат најразлични резултати. Но, реално е да се очекува намалување на тежината со 3-3,5 килограми за период од две недели.

    За да постигнете максимален ефект, намалете ја консумацијата на мрсна брза храна, не се прејадувајте и практикувајте физичка активност најмалку 30-45 минути дневно.
     
    На ♡BuBaLe♡, angelche16 и Moka5 им се допаѓа ова.
  2. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Јас од денес почнав да ја држам оваа диета. Малку е збунувачка бидејки можеш да ја правиш до кога сакаш, ама лесна е. Јас одам во училиште и тренирам одбојка после часови и не чуствувам глад. Цел ден бев само со 1 банана и 1 чаша вода пред да одам во училиште и уште една банана после 2 часа. :) Па ќе видиме дали е ефикасна.
     
  3. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    154
    само на банани ли си по цел ден а ручек или тоа го прескокнуваш бидејки се пишува дека може да се јаде само да се избегнат слатките и мрсна храна
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Се јаде нормално само што доручекот е една банана ? :^)
    Освен ако не е магична бананата, не гледам како би имала резултати .
     
    На snegulka21 и mila85 им се допаѓа ова.
  5. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Јас се решив од 1 да ја држам па ќе видиме каква ќе биде . А може ли да се конзумира овошје место благо или јаткасти плодови ??
     
  6. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Јас си ручав нормално не се прејадов и не јадев леб. Dancing queen можеш да јадеш овошје и јаткасти плодови. Можеш што сакаш освен благо и да не претеруваш. Исто така да вежбаш. Јас играм одбојка и дома сама си пуштам музика и си играм колку да се испотам. :)
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаме ова од понеделник.Па код пукло нека пукло :D
     
  8. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Да не бидам офтопик ама ако сакате навистина да има ефекти држете ја оваа диета.
    План на диетата

    Понеделник: Јадете колку што можете овошје и пијте овошен сок. Забрането овошје е само бананата.

    Вторник: Консумирајте колку што сакате зеленчуци и зеленчукова супа.

    Среда: Во текот на овој дена комбинирајте ги храните, кои сте ги јаделе претходните два дена (овошје, сокови, зеленчук, зеленчукова супа).

    Четврток: Изедете пет банани и испијте 5 чаши млеко. Некои верзии на оваа диета препорачуваат да јадете 8 банани во комбинација со 4 чаши млеко.

    Следните три дена од диетата вклучуваат еднакво мени.

    Петок: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

    Сабота: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.

    Недела: Изедете 4 парчиња месо на скара (85g пилешко, 85g говедско и 85g риба). Месото комбинирајте го со неограничено количество зелени зеленчуци.


    Јас ја држев една недела за време на распустот и е малку тешка.
    Иако не се придржував кон планот ослабев 4кг.
     
    На S-a-n-4-e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.973
    Допаѓања:
    47.893
    Пол:
    Женски
    Мене диетава ми се свиѓа поради тоа што не е ограничена :lol: Таман за мене :!:
    Ем си на диета, ем си јадеш. Бонус, ако загубиш некое килце, ако не здравје :)
     
  10. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    192
    Диетава е премногу лесна за да имаш брзи резултати доколку јадеш нормален ручек и вечера. Но, сепак е здрав начин на исхрана ако го користиш секој ден без јадење или минимално користење на брза храна, па ајде ќе ја пробам. :lol:
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    јас ја држам веќе три дена. од сабајле сум на 2 банани, на ручек нешто лесно без леб понеделникот јадев вариво, вторникот супа, денес ориз со копанче и за вечера ништо. малку во овие часови ме фаќа криза и затоа гледам да си легнам порано. како ќе се одвива се и дали ќе има резултати ќе пишам. Планирам да ми се навикне организмот на нејадењево и да почнам малку и да вежбам ;)
    па среќно на сите што се решени на овој чекор ;)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    еве како ја држам 8 дена првите денови кризирав ужасно за храна. сега веќе организмот ми се навикна и се чуствувам топ. ок само малку вака навечер ми се јаде но срце јуначко издржувам. ајде диеталки пишете како е кај вас. ;)
     
  13. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    диетева слушав многу била во Јапонија, откако на тв ја препорачала некоја позната актерка многу се зголемил увозот на бабани во земјата :) *
     
  14. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    48
    Магична банана....кај ти текна, ме изнасмеа.......... :rofl:
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    па добро не се јаде само една банана а другото нормално. имаш не внесување на храна после 18 часот. Кој може да ја држи навистина е супер. јас еве две недели ја држам и сум задоволна јадам фактички само еднаш на ден и признавам кризирам само после 23 за јадење :@
     
    На 2036 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    финтата со бананата е тоа сто содрЖи многу магнезиум и кога се конзумира на гладно го забрзува метаболизмот и варенјето ,се препорацува како лек против опстипазија(затвор) и гастрит на зелудникот супер навика банана на гладен зелудник јас би вметнала во диетава поШто последен оброк е 18h пред легнуванје 2 кисели јаболка и се разбира да се внимава сто се јаде преку денот
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Има ефект диетава, испробано.
    Но , ја држев само една недела и симнав околу 2 и пол килограми.
    Но ручекот ми беше сведен на пченка и туна , скоро секој ден и еднаш во неделата интегрални макарони.
    Вечера јадев или салата,или корфнлекс,или супа.И чаша млеко.
    Уз се ова , по 2 литри вода на ден.
    Немам проблеми за држење на диетава , зато шо обично тоа ручам секогаш..
    Од утре планирам пак . :)
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    31.640
    Пол:
    Женски
    женски јас периодов јадам банани насабајле. Значи одма кога ќе станам пред да одам на работа, јадам по една банана зашто пијам ц витамин и железо па да не е на празен стомак. И после си го терам денот. Денеска колешките ми рекоа дека сум ослабена, а и мене пантолониве некако ми се полабави :lol: Има нешто во бананиве не е заебанција. Инаку да ви кажам дека не се одрекнувам од ништо, значи во 7 и пол јадам банана, кај 10 си јадам од дома сендвич (избегавам лиснати немам јадено може 6 месеци), благо си јадам ако ми се јаде, во 5 си ручам , и ако ми се вечера си вечерам. Грицки, чипсови , кокаколи си јадам си пијам кога ми се сака. Така да дефинитвно бананиве помагаат!!!
     
  19. bengjamin

    bengjamin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas recisi edna godina jadev samo banani za pojadok, za rucek i za vecera jadev kako i obicno i mnogu oslabnav. Ama posle pak pocnav da si jadam kako normalno i pak se zdebeliv :(

    Sega poznav banani za pojadok pak!
    [mod-kirilica:q0fg91t3][/mod-kirilica:q0fg91t3]
     
  20. Ale83

    Ale83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Devojkiiii nekoj rezultat od ovaa dieta???????????? :*