ке ми кажи некој уште колку епизоди има ако не точно барем од прилика за да знам дали да ја гледам или не оти во последно ич не ја гледам....
Незнам.. зашто во Индија уште трае ама ние ја стигаме зашто и кај нив е тука негде, за малце понапред. Иначе кај исчезна Бирва и Торал ја смениле, овој Ришаб го сменија два пати у иста епизода, чувај боже И сите ми се толку непознати уште неможам да ги запознаам и многу ја заплеткаа серијава бе, у секоја епизода се некои нови а небитни ликови доаѓаат, комплицираат и комплицираат до неповрат. И ова стана досадно. И плус по 15 минути трае. Абре све ќе видиме за тие 15 минути. И се надевам овој Вишал дека ќе си иде, пошто страшно ме нервира!
Каду е постара од Санто, а на Санто веќе и ставиле бабски очила. Онаа бабата (не знам како се вика) веројатно има над 100 години. (Дедото конечно умрел) На Тару конечно и побеле уште едно праменче од косата. Кога направија скок од 10 години, додека Санто беше во затвор, ДМ почнаа да го даваат со побелени бркови, па повторно му потемнаа (можеби ги фарбаше) и сега по 15 години повторно му обелеа. На почетокот од филмов Каду имаше Блекбери мобилен, а ова после 30 од тогаш години што се случува сега би требало да е некаде 2030 година (?!) Никој не остаре, само децата им пораснаа. *Мистериозно* исчезнаа неколку ликови за кои никој не знае што се случи со нив во серијата (Кеми, Канџи Вагела, Бирва...) Не дај боже серијава стана
Баш. А кој беше тој Канџи Вагела? Заборавив.. Да не беше оној сопругон на Тару? Али тој одамна го нема.. И да у право си за тоа со брковите на ДМ. А ич никој не е остарен од почетокот на серијата поминаа 10 па после 16 години и сите исти си седат. Единствено кај Санто забележувам разлика она на почетокот на серијата стварно беше млада, маалку подостаре. А на почетокот на серијата ја прикажуваа како 19 години значи сега после 26 години би требало да имаа... 45 хахах Бирва нигде ја нема, а Кеми прочитав на интернет дека сама се откажала од улогата зашто не и се допаѓала, и била нешто премногу емотивна.. Децава сите кој од кој, бучкуруш жив ја направија серијава и ништо не се дешава буквално. И да стварно како рипаат со годиниве, во која година почнала серијава, сеа која би требало да биде?! Они уште тогаш имаа Блекбери мобилни, сега што треба да имаат? И куќата ЦЕЛИ 26 години иста им останува и единствената работа што ја прават за да изгледаат демек постари на сите им изнаставале наочари, и по два бели прамена на косата. Хахахха, кои мистериозно исчезнуваат после некое време како кај ДМ и Тару на пример. Смешки.. Никако не верував дека ќе ми стане досадна серијава ама дап. Сеа и по 100 години да не ја премотаат, кога сите КОНЕЧНО ќе умрат, и Ба исто хахахах ( за бабата мислев. )
Јас повеќе не го гледам овој филм..Многу стана досаден..Од првите епизоди ми беше интересен..После пораснаа Бирва,Мунги и тие другите,па уште го гледав..Сега се појавија некој Ришаб,па некои пораснале остариле,Васуда никако да умре..100 години напраи и повише и не умира..Исто и Санто ... П.С не го гледам веќе
Јас ја гледав и сеуште ја гледам, само дека има уште 30 епизоди до крајот, ама ептен претераа овие внуците на санто кои според настаните треба да се 16годишни тие изглeдаат како 30годишни, башка и бизнис водат (на 16години). Некако крајот го утнаа.
Нели Торал роди близнаци машко и женско? Каде е женското ами? Бирва каде е? Мунги, Кеми... Сураџ никаде го нема, битно деца направил, кога успеал па и толку израснале. Требаше отприлика децата на Сураџ да се да речеме по 14 години, нели сега ги даваат по 16 години. А тие на 30 годишни личат. И оние на Кадамбари, не беа родени пред 16 години, Нандини е најстара од нив а најмлада изгледа. Овие децата на Кадамбари како 40 годишни се. И најтрагичното од се е дека бабата е уште жива! Шашанк и Торал ги сменија, еден тон други мистериозно исчезнаа. Не направија морони што ја гледавме толку време, за ваков не грд, туку глуп крај. Да знаев никогаш немаше да ја гледам. ПА згора сега осеќам дека Мега жива ќе излезе дека е. И после некој ќе ми каже дека е според вистинска приказна. Ајде бре.
Откога ја премотаа напред за 16 години, немам гледано ни една епизода, затоа што многу ми е збунувачко со овие децата, полна куќа луѓе На википедиа бев прочитала дека Вишал ќе прави се за да ги раздели Санто и Дарамраџ и сега иако не гледам, пак сум во тек Таму на крајот, последните 3-4 епизоди ќе седнам да ги гледам, баш да видам како ќе заврши, што уште ќе измислат А ви текнува ли тој од Идол кога кажа дека Дарамраџ му бил омилен актер хахахаха
Е ајде де и јас се прашувам за ова со Торал. Сега пред 2-3 епизоди Санто не ми текнува со кој збореше кај бунарот дека Мунги нели е во затвор, дека Кеми се затворила и избегала од светот неам поима ( а иначе Кеми видов на нет дека сама се откажала од улогата, зашто и била многу емотивна.) А за Бирва незнам.. Да бе и ја за Сураџ се чудам, кога се оженил, кога ги напраил децата и кога израснале, у пичку матер. Хахаха. Многу нелогична ја направија серијава. Тој Ришаб во една епизода го сменија глумецот! А бабата е жива? Па колку има таа, 120 години?! И серијава кога започнала, ја премотаа 26 години сега би требало некои изуми нови да има, изумишта да не речам Куќата 26 години иста им стои, Каду имаше Блекбери на почетокот, а сега што треба да има? А дека е базирано на вистинска приказна, е ама само на почетокот, после измислија купишта настани за да биде гледана серијата, ама џабе. Уште толку ја упропастија.
абе што се случува јас сега не ја гледам поубаво ќе беше да не порастат оволку брзо на серијата ! на 2та сезона требаше да ги даваат а не сега! поглупава ми е серијата а можеле и некое поубаво име да ставеле
Ја гледав до летоска сега ништо не разбирам.Санто остаре оваа бабава векува више овие децава пораснаа се степаа за земја и бунарот да не го рушат што напраија бе вишем Пола ликови ги нема.Кај се:Бирв,Мунги,Кеми,Тару,Сураџ.Нандини ќе ја мажат Шашанк и Торал ги сменија абе глупости живи.А иначе серијава има 495 епизоди.Како ќе заврши што само Господ знае.
Серијата стана катастрофа,не можам да разберам ништо еден куп внуци.Ја упропастија ептен.Дарамраџ си е истиот ,а треба да има најмалу 60 години според серијата а личи на 40,сите нешто се мразат никој со никој не живет,само се караат.Животот на Санто хаос,па кога ќе биде таа среќна
Леле колку ме нервира глупоста на Санто Плус претераа со должењево, и цело време во круг се вртат Секако нема ништо паметно на Сител друга програма ќе си ставам на нејзино место