Не можам да ја поднесам ни Бандини ни Малечката невеста ни никоја од тие индиски серии ! Значи, чисти глупости ! Никаква уметничка вредност ! Не ми е јасно од каде излезе оваа мода на индиски серии кои немаат крај ..и се редат по ред една по друга.. На која телевизија и да пуштиш, само марами црвени и точки на челото Досадни се. Мое мислење
Па ги нема на сите телевизии. Само на Сител и една има на МТВ 1. Не се лоши марамите и точките, лоши се сериите
Што е финтата со овие индиските серии? Кој највеќе ќе плаче ќе му дадат награда? Случајно ги имам затечено Бандини и Малечката Невеста и имам видено само плачење во нив...
Не можам да ја поднесам оваа серија. Ја имам затечено неколку пати кога менував канали, исто така и оваа другата малечката невеста, а колку време па само ќе се прикажуваат не се знае не е докажано.
Некаде прочитав дека во Индија снимиле 500 епизоди, па направиле пауза, и сега повторно ќе почнат да снимаат Инаку, '' новиот син '' на Сантуди ми изгледа постар од неа
^ Се согласувам. Па аман веќе, до кај ја дотераа серијава. Јас колку што имам слушнато, викаат дека има 500 и нешто епизоди серијата и сега уште малку ќе завршела. И накрај Мегна испадна жива. Овој новиов Вишал е мноогу погрд и тој претходниот поубаво глумеше, а и стварно изгледа како да е постар од Санто. Ама баш ме интересира што ќе се случи накрај и морам да ја догледам, кој знае што ќе се случи. Може Санто има па некоја скриена ќерка, што знаеш.
Абе шо е со серијава жити мене? Уште трае, и не ми се верува кога ќе ставам Сител и ќе ја начекам, значи свашта. Мислам дека денес ќе се емитува илјада триста дваесет и третата епизода, трет чин, така де! Мислам дека сценариото е направено за до десетто колено, па вие што ја гледате ви нема спас изгледа Мајками и таткоми ја гледаа, побогу , и веќе не ја гледаат, ептен се разочараа дека се расплинила, викаат веќе не знаеле кој е што е на кого е
На почетокот не ја гледав, па почнав да ја следам и сега пак не ја гледам. Умрев од серијава . 5646843241635768454 епизоди има и напорна ми стана. А и овие главните ликови не се менуваат, а поминаа 30 години и децата пораснаа, и тие пак си се исти. Ме интересира има ли некој што од почетокот ја гледа и се уште сака да го види крајот ?
Мене ме интересира онака чисто информативно, бидејќи порано ја гледав серијата. Баш би сакала да знам сега што се случува и како ќе заврши.
Ја гледав на почетокот, и мајками сеуште ја гледа. Не ми се чини дека серијава нема крај Подосадна серија здравје....и толку долг временски период да се раскажува во неа...30 години....свашта...незнам воопшто ни која е целта на серијава. Се лажат, прават збрки, се селат па пак доаѓаат А и мене би ме интересирал крајот
... и мајка ми уште ја гледа. На почетокот беше интересна, имаше и смеи и се, али веке сега само се вртат во круг, се некој сака да го нападне нивното семејство..ах, досадни.
Јас уште ја гледам серијава ме интересира како ќе ја откачат оваа Мега и како Вишал ќе им поверува на семејството Махијаванши дека они се ,,бореле,, за него..
На почеток ја гледав, па после не ја гледав, ама од кога дојде новиот Ришаб не пропуштам ниедна епизода! Само за да го гледам него! Многу ми е убав.. Спојлер
Изгледа погрешно се разбравме. Тоа го реков бидејќи има многу епизоди и не ја гледам, па ме интересираше има ли некој што ја гледа од почеток па до сега. Инаку, јас не ја гледам.
Леле...онака случајно,вртејќи низ програмите предмалку го слушнав пискавиот почеток на Бааандииинииииииии Абе се нажеив,зар уште трае? Зар некој ја гледа?? Јас почнав летото да ја гледам малку ама одма ми се смачи,па поголемо тупење со глупости во животот не сум видела
Aj нека каже некој како ќе заврши ја гледав и гледав и се откажав неможев веќе претерано почнаа да го тупат.