Леле не ми се верува дека уште ја даваат серијава .. нели почна една друга сеа?! Се, се.. шпански, турски, српски, хрватски, руски, египетски, бенгалски, марсовски.. ама индиски НЕ! никад више... го гледав ова бандиниво на почеток, абре, ај што се испокотеа како глувци, таму внуци, правнуци, чуда врагови, али онаа бабана уште да е жива е тоа неможам да разберам! па вампир да беше ќе попуштеше до сеа! Онаа Санто па, господ да ја поможи, таа успорен снимак е! Па уште коа ќе видам некоја сцена кај што сите само зјапаат како резултат на тоа што некоја мува поминала у кадар и им го нарушила опасно интересното и исполнето драмско дејство ( задолжително со некоја потресна музика у позадина, мислиш светот се срушил) и мерат кој поголема усна празнина има, ми иде харикири на направам! Стварно девојки, треба нерви- ортоми да се има за да се изгледа оваа серија, алал да ви е..
Болдираниот дел баш ме насмеа, а инаку ова што ти го напиша јас се обидувам три месеци наназад на моиве бандинки дома да им го објаснам. Ајде дедото умрел ваљда, ама бабана...тоа внуците ќе се сторат баби и дедовци таа уште е жива. Санто пак, од 18 до 40 години или колку и да има моментално во серијава, лицено не и се измена. Нека каже што крема и шминка користи, па и ние да сме онака вечно млади. ххахаха Крш е серијана, глупа на квадрат, досадна...да не прајме муабет. Станав алергична на музиката Ми дојде да ја превртам масата кога ми рекоа дека има уште 10тина епизоди! Спојлер имало господ си реков!
А дали имате заприметено дека Торал беше трудна повеќе од 1 год? И нели роди машко и женско, а сега имаат 2 сина. И каде се Бирва, Мунги.... Мунги знам го уби Саранг и отиде во затвор, ама нели трудна беше? А за бабава зборови немам. Бач на мајка ми и објаснував дека би требало над 100 год да има. Се на се многу грешки има во серијава. И конечно завршува. А уште октомври беше кога на сител идеше реклама „гледајте го последните 30 епизоди од Бандини итн“
Навистина бе,Мунги и Бирва кај се...???тоа се прашувам цело време,зш ги нема?знае некој да каже што гледал
Мунги е во затвор, нели го уби тој Саранг што ја силуваше, т.е. на Бирва мажот, а Бирва е Лонон. Жива глупост е филмов ама покрај цимерката веќе се дознав иако не го гледам толку често )) ДМ и Санто отидоа Мумбај, немаа пари за леб, пак по 3 епизоди фирма отворија за дијаманти.хахахах
ајдеееее сега Санто на 50годин пак бремена (многу плодни овие индијките) нели откако го изгуби бебето и рекоа дека нема да може
Сител награда треба да им додели на оние кои успаа да ја догледат, јас не успев се одкажав почетокот на летото некако многу ми стана досадна и крај не и се гледаше
^ Ееј, и мене не ми се верува дека има само уште една епизода од мојата мила и драга Бандини. Што ли ќе правам јас без мојата робинка од Истокот? Ама не, колку и да е досадна и развлечена серијава, некако ми прирасна на срце и тешко ќе си продолжам со животов мој откако ќе ми заврши. А баш ме интересира како ќе заврши. Сигурно ќе ја премотаат за едно 1 година, да се родат децата на Санто и Тривени, Тривени и Вишал да се земат и да си живеат среќно до крајот на животот.. Ах.. и да - бабава да умре по можност зашто колку што гледам веќе накај двестотата тера. Само нека си заврши среќно и весело а не со плачење ко во другиве турски и индиски серии.
Хајлајт момент: Никако не ги пропуштајте последните...(и сеа ти тука очекуваш да каже две, три епизоди)...СТОШЕЕСЕТ епизоди од Бандини! И имаш масовен facepalm.
Просто не можам да верувам дека има само уште една епизода. Зар завршува? Зар си оди, се сневидува? Ако сителовци купат уште една индиска серија ќе ги пријавам за нарушување на мирот и недавање слобода на народот да гледа сител тв.
Конечно заврши серијава?Аман веќе...И една работа ми е многу чудна.Ај 30 години поминаа и сите се исти,ама Васуда уште е жива и неизменета. Ко сега 30 години да поминат,јас да наполнам 46,а баба ми иста да биде,непроменета,мислам нема логика Поглупа серија амин!