Леле луѓе за вас незнам али јас сум како заразена по таа серија.. значи буквално заразена .. ако ја пропустам навечер станувам сабајле во 8 ипол да ја гледам .. таа ми е една од најубавите серии
Најлоша продукција, глума и се останато. Гледајте малку квалитет во слика, продукција, актери, содржина. Најлоша сапуница било кога давана кај нас
глупости,најлоша сапуница... барем има нешто поучно во нив за разлика од шпанските серии.ц ц ц само да се казе нешто.божееее
Да забележав,некои воопшто не знаат да глумат.Една од ние е слугинката во куќата ,глуми како првооделенче.Сепак приказната во филмот е интересна и поинаква а и многу може да се научат многу полезни работи...
Блубери, се согласувам со тебе.. Сигурна сум дека подобро глумам од нив.. -.- Но, ретко кога може да се најде прилика да се научат такви работи во другите серии: авторитетот, се знае кој е главен во куќата, сите се сослушуваат и ако им се каже дека грешат не се караат.. Исто така може да се научи многу за семејството..
Што да учам од ваква серија? Индија е назад од нас еден век, не постои таму демократија и слобода. А за продукција, да не зборувам
Од неа ако ништо повеќе можеш да ја научиш индиската култура,традиција.Нивните обичаи.Мислам дека тоа е интересното тука.А и не се сложувам дека е назад еден век,барем не за цела индија.Дарампур е село некое со стари сфаќања.Но градовите...тие се сосема поинакви
И јас истото го мислев додека не ја загледав Викав да бе, 21 век, луѓето на месечината отидоа јас ќе затупавувам со индиски обичаи Ама интересна е приказната, јесда се малку аматери глумците ама тоа не ме интересира. Ме интересира само што ќе се случи и како ќе заврши затоа што секогаш има нови случки, нови заплети и расплети. И не должат како по турските и шпанските серии, една тајна па да се дознае во последната епизода. Овде се веднаш се дознава и се почнува нов заплет и се така. Интересна е, ама да ја загледаш сега нема да можеш да ја сфатиш затоа што многу епизоди има поминато и го немаш запознаено целото дејство. Јас не пропуштам ниту една епизода. Нема шанси да мрднам од пред телевизор додека трае
Значи сега некако глупа ми стана коа Санто отиде во затвор ... после 10 години сите порасналее а Санто и Дармаџар се истите Ја гледам само кога нема што друго .
ама сега е многу убав откако се истрижи! Мене Санто сега ми е многу поубава отколку тогаш ко почна филмот, тогаш беше помала... А сега е преубава!
Мене Хитен и тој најмалиот син Сураџ мислам дека се викаше, ми се најубави. А женските речиси сите се убави, Кадамбари, Санто и Торал ми се најубави. А најдобри ми се Шашанк и Хитен
Од серијата дека може многу нешта да се научато тоа е факт. Поради обврските неможам редовно да ја следам, но навистина во секое време се случува нешто, и има што да се гледа.... Дознав дека Санто во затворот родила бебе од Дарамраџ, и дека тоа детето што докторката вика дека е нејзино и на дарамраџ , ке испадне дека е на Санто детето
И јас за ова слушнав, и дека онаа женана од затворот што и дојде на гости во вчерашната епизода, тоа сакала да и каже. Санто не знае дека тоа е нејзиното дете, и јас се прашувам како дошло кај Мега детето. Инаку мразам сериски филмови, ама овој ми е интересен на моменти многу смешен, и обожавам да го гледам
Санто кога беше в затвор трудна беше и Мега беше докторката што ја породе, и му рече дека детето е мртво и си го зеде таја, така мајками ми кажуваше, на работа жените и кажувале.