1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Банско (Бугарија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rajna-vojvoda, 3 декември 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Девојки зимата дојде снегот уште малку ке снежи :lol: и се повеке мислиме на зимување!
    Иминатите години се повеке е актуелно Банско Бугарија!!! Дали некоја феминка била , искуства , хотели ????
     
    На Fantazy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    БАНСКО- Бугарија

    Јас зимата ја засакав заради Банско :)

    Градчето е мало, преполно планински хотели и врие од странци (попрецизно Руси и Грци). За оние кои главна цел им е скијање е одлично, има голем избор на опрема за изнајмување по прифатливи цени (дури може и да се исценкате), инструктори за обука и повеќе ски лифтови. За тие што одат повеќе за забава и релаксација скоро сите хотели имаат спа центри, џакузи, сауни, базени (внатрешни и надворешни со топла вода), но не би рекла дека има нешто посебен ноќен живот зашто дискотеките се поприлично мали и полупразни и луѓето кои се таму не ми изгледаат дека се дојдени да се забавуваат туку да дремат и пијат.
    Хинт: кога и да порачате пијачка секогаш ви носат дупла доза било во ресторан или дискотека. Така јас го платив најскапиот џин тоник до сега, неверојатни 10 лева :lol:
    Во градот има бројни менувачници, тоа прво го забележав бидејќи се на секој чекор, неколку поголеми маркети, повеќе продавници за сувенири и луѓе кои продаваат разноразни антиквитети на плоштадот, шопови за зимска опрема и 2-3 бутика со гардероба чија мода била во тренд далечната 1962. Има еден трговски центар, налик на корпата во Ѓорче (ТЦ Планет) кој исто така нема многу да понуди. Во главно местото е за спорт и рекреација и не ме изненадува, ниту пак треба да се очекува дека ќе изобилува со некој си избор или цени за добар шопинг. Паркинг места има пред скоро секој хотел кои не се наплаќаат и пред гондолата ама ако си дојдеш порано. После тоа настанува општ метеж и врие од луѓе кои натаму-наваму шетаат со гломазни чизми и скии во рацете и итаат кон ски лифтот. Цената на оној големиот лифт мислам дека беше 10 евра од лице и води до сред стаза каде што за нељубителите на скијање има неколку кафичи кои нудат изгор скапи кафиња и еден ресторан во кој тешко да дојдеш до место.

    Оваа година како што можам да забележам малце си ги кренале цените ама искрено вреди да се оди. За јадење има меХани во изобилие кои нудат разноразни б'лгарски (и македонски) специјалитети по пристапни цени (приближни на Скопскиве ресторани) и сите се декорирани во стар традиционален стил, а по ѕидовите висат стари чинии, ќебиња, прибори за јадење и карти од голема Бугарија :^)

    Хотелите (барем во оние кои сум била) се убави, главно нови градби и солидно средени. Како што споменав погоре, 90% располагаат со спа центри каде што услугите обично се наплаќаат и џакузи, сауни, турски бањи и базени кои се бесплатни за употреба за гости од хотелот. Повеќето хотелски соби се опремени со мини кујни и основен прибор, имаат сопствена тераса и купатило, маса за јадење, фрижидер, чајник... Оние што можам да ги препорачам се: Ivan Rilski, Perun, Perun Lodge, Ivan Ski & Spa, Lucky, Belmont, Florimint Casa, Florimont Casino & Spa, Grand Montana, Royal Towers и според мене најдобриот и најлуксузниот Kempinski Grand Arena.

    Да сумирам, местото е воздушна бања, мирно и релаксирано и има што да понуди и за страсните љубители на зимскиот спорт и за оние кои се таму само за релаксирање и прошетка. Место на кое со задоволство се присетувам и кое со сигурност уште многу пати ќе го посетам.

    И за крај неколку мои слики од местото (повеќе имате на нет):
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8306.JPG
      IMG_8306.JPG
      Големина на фајлот:
      349,5 KB
      Прегледи:
      2.719
    • IMG_8352.JPG
      IMG_8352.JPG
      Големина на фајлот:
      442,2 KB
      Прегледи:
      2.716
    • IMG_8461.JPG
      IMG_8461.JPG
      Големина на фајлот:
      494,6 KB
      Прегледи:
      2.716
    • IMG_8468.JPG
      IMG_8468.JPG
      Големина на фајлот:
      521,4 KB
      Прегледи:
      2.719
    • IMG_8512.JPG
      IMG_8512.JPG
      Големина на фајлот:
      385,8 KB
      Прегледи:
      2.717
    На LaraSolare, The.Princess, Fantazy и 4 други им се допаѓа ова.
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    БАНСКО- Бугарија

    Artemission фала многу за опширниот одговор...баш се што ме интересираше :clap: приметувам жичарата иста ко таа на водно само бааги подолга :rofl:
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    БАНСКО- Бугарија

    Нема проблем, задоволство ми е да зборам и пишувам за местово :)
    За жичарата не знам, видиш тука живеам а нашава уште не сум ја пробала :lol: А оваа беше долгичка, можеби едно пола саат во еден правец.
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    БАНСКО- Бугарија

    Банско...Од Бугариа сум, а немам одено во Банско...срамота... :D Здравје, ќе појдеме некој ден фамилиарно. И сепак еве малце инфо за Банско:
    Највисоката точка на ски центарот е 2560м, а нај ниската е 1000м. Во Банско има 78 километри скијачки патеки, од кои за почетници се 35%, 40% за напредни и 25% за искусни скијачи и сноубордисти. Опремени со машини за вештачки снег се 80% од трасетата.
    Ски сезоната е загарантирана од декември до мај благодарение на 170 машини за вештачки снег. Ски центарот нуди и 16 километри ски пат опремен со машини за вештачки снег и осветлување, што ги поврзува високите делови на одморалиштето со градот. Функционираат уште кабинкова јажиња линија со капацитет на кабинка до 8 лица, еден 6-седалков лифт, шест 4-седалкови лифтови модел Doppelmayer, еден 3-седалков лифт Poma, шест ски влечеа(воз) и десет детски ски влечеа (воз)
    Забележителности : Во градот има забележителности, кои влегуват во листата со 100-те национални забележителности.
    -Велянова къща [​IMG]
    -Къща-музей „Неофит Рилски“
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    -Музей "Никола Вапцаров"
    [​IMG][​IMG]
    -Банска художествена школа-Иконна изложба.
    И други музеи...

    Официален портал:http://bansko.bg/
    http://banskoski.com/bg/
    http://bansko.net/
    http://xn--80ablmmcrch2ae8a.net/
    http://bansko.bghotelite.com/
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    Кукери за Нова година-фестивал :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас бев лани на зимување. Тоа нема никогаш да го заборавам.
    На сите би им препорачала да си одат во своја сопствена режија и обавезно зимски гуми на кола :) . Бевме сместени во хотел Пирин (така мислам дека се викаше), цела соба значи јас, мм и дете плаќавме 30 евра полупансион. Хотелот културен, чисто, топло, базени со термална вода, џакузи, сауни....
    Храната супер, скоро исто како наша и цените беа ок. Изнајмување на санки, скии, сноуборд, скафандери и тоа беше евтино од 10 евра па нагоре, кој што сака.
    Планини, снег, чист воздух фантазија.
    На сред зима таму купував костим за капење за во базен :) (така ти е кога не ти текне да си земеш од дома) и на -10 степени надвор во џакузи (тоа морав да го пробам од радозналост и би ви препорачала, фантастичен филинг) и вее снег.
    Бевме од 02.03-09.03 имаше снег ама на патеките повеќе беше вештачки и ги орджуваа патеките. И во еден муабет со еден кафанџија ни вели, ,,пред едно 5 год. кога кажа ќе паѓа снег ова време во Март натрупа скоро 2м,, и ние (бевме со друштво) целите :^) ,,како па да не,,.
    Утредента станувам прва и целата ,,ВАААААААААААААААААА,, СНЕГ АМА СНЕГИШТЕЕЕ 1м. Одиме на рецепција и целите покакани ни да се одјавиме ниту да појдеме и на рецепција ни велат ,,останете уште некој сат, ќе видите ќе го расчистат патот,,. И навистина после 3-4 часа патишта чисти а во Мк кога влеговме тоа беше прича за себе (др. сторија).
    СДК луѓето се гостопримливи, услуга на ниво и забава до бесвест. Повеќе се тавернички и кафани (ретко дискотеки) и да не ве чуди кога после 22 ќе заиграат трбушни плесачици по маси (на одредени места, ние дека често ги менувавме рестораните и шетавме).
    Како и да е, убав провод има таму ем ќе се изнадишите чист воздух ем ќе се изнабањате во термална вода, нема да погрешите
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Не верував дека толку убаво ќе си поминам. Банско може само да се искуси. :inlove:

    Иако беше на само дводневна екскурзија, си поминав неверојатно.


    Со цела моја генерација, престојувавме во Парк Хотел Гарденија **** ( со 4 ѕвездички)

    Мислам дека поубаво не сум поминала во животот. По долгото патување пристигнавме во хотелот, и прво нешто кога дојдов внатре беше: Ајде зимајте соба, и да си легнам! |( Да ви кажам, пренапорен беше патот.

    Ама кога ни рекоа можете да одите на базен, џакуси, сауна и после да шетате низ банско очите 5 денарки. :geek:

    Базенот беше прекрасен. Интимно базенче(патем ние го направивме неинтимно :lol: ) темно, слаби романтични светла... Водата млака, абе мерак!
    Имаше и џакузи, а како шо бев напната.. можете да замислите! 8)
    Да не дрндам многу, еве ја атмосферата:
    [​IMG]

    После базенот отидов во сауна. Абе милина. Во првата имаше ароматерапија. Вжештени камења, светла и уживај!

    Во другата имаше миризлива пареа. Уживанција, што да ви зборувам.

    Ова се собите:
    [​IMG]

    Прекрасен семеен амбиент, многу ми се допадна.

    Вечерта бевме на забава, сме играле од 10 до 1:00 без престан. Тука:
    [​IMG]

    Ова е кафетеријата ( на влезот)
    [​IMG]

    И кога си одевме ми идеше да плачам. Преубаво ми беше таму, би останала цел живот!
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А како се движат цените, од прилика еве за 5-10 дена колку пари би ми отишле?
     
  9. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    http://www.booking.com/

    Nymeria , ова е световен сајт за хотелски резервации. Има и за Банско информации на хотели. Можеш да напишеш кои датуми планираш, колку соби, колку души и ќе ти даде сите 184 хотели во Банско, цени за секој, допалнителна информација за секој хотел што нуди. Еве го примерно Парк Хотел Гарденија, кајто е била Linn1:

    Има добри понуди ;)
     
  10. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    47
    знае ли некој некоја агенција што нуди поволни понуди за зимување во банско? ве молам ако знаете пратете ми ЛП :))))
     
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Отвори на Фибула види има некои понуди за Бански и јас баш гледав
     
  12. Monce89

    Monce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    10
    a nekoj ponudi da ne znate, ato e vklucen smestaj prevoz... se komplet :)
     
  13. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
  14. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Откако скијам , секоја година со моите идеме у Банско и само прекрасно спомени носам. често одиме и преку летниот период така да го имам осетено овој град со сите негови убавини
    Хотелите сите се исти, ги има безброј и нонстоп се градат нови, понудите и цените се исти. така да секаде каде и да одите има спа, доручек, затворен/отворен базен , собите имаат кујна итн. Освен секако Кемпински , хотелот е прекрасен и да не спрестојувате убаво би било да отидете на кафе :)
    Градчето БЕШЕ мало сега на секој чекор никнуваат хотели :fubar: ама ок .. Многу ми се допаѓа чаршијата, мислам плоштадот со камењата, црквата со ѕвоното, механата пред неа , пазарот , луѓето што секое сабајле си одат на кафе. за шопинг има само спортска опрема , има исто еден нов трговски центар The Mall таму има интересни работи,ако сака некој ептен нешо да си купи. Изнајмувањето на ски опрема е мн поволно.
    сега вака.. за ски терените .. тие самите по себе се фантазија ! Прекрасни, најубави, сон на секој скијач(ај малку забегав, де :lol: ) Ама многу е битно дали има снег годината. Ако нема е тогаш, изборот на ски патеки се сведува на минимум и има само малку кои не се со искочени треви и камења, грутки мраз итн. така да ако имаш свои скии како мене тогаш е кошмар. ( ова се има случено само една година :!: прехлани ) инаку едноставо е уживанција , за нескијачите има кафичи , места и патеки з апрошетка и билдање кондиција , сончање хаха ски -картите се тие, цената скоро секоја година е иста, жичарите се во феноменална состојба и то
    за ноќен живот нема мн дискотеки, журки, има кафичи за дремење, не се многу ефтини. Најубав ми е Лионс Пуб од каде што се гледа Врвот Тодорка .Јас лично не искачав . доаѓам од скијање и спијам до утре сабајле
    Најдобар период е од 10/14 јануари до кај 1 февруари. Снегот е најубав. нема гужва. цените се поволни. не е пренатрупано со руси и бугари :!: многу битен сегмент. Една мана на овој период коа јас идам е дека има мноооогууу македоци, исто коо да не си отишол од Македонија. Струмичани, Велешани, Кумановци, Битолчани, Скопјани , со кој не си се видел дома, таму ќе се видиш. Има по некои заостанати бугари и англичани, зашо на нив им е завршен распустот од порано грци скори веќе и не идат , ради кризава, или што ти знам ама ако хехе, и тоа би било тоа.
    Веќе почна да ми фали, а догодина обавезно идам !!!!
     
  15. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Банско!
    Најдобар период за одење е околу Божиќ, додека нема многу гужва :)
    Најчести посетители се Руси :inlove: , Англичани, Германци, Срби, ние Македонците и уште неколку народи.
    И оваа зима бев во Банско и единствено нешто што не ми се допадна е тоа дека нон стоп се градат нови згради, а не се пополнати ни оние што ги има :( Премногу хотели за едно мало градче.
    Кој и да оди во Банско, топло му препорачувам да оди во Lazur Steak House :)
    го имаат најдобриот стек на светот!
    И секако, Лајонс Паб каде што секогаш има одлична атмосфера :)
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Да во хотел Банско прекрасно ееееее.Надвор снег внатре камин базени сауни јадења какви душа ти сака.
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    некоја феминка да ми препорача добар хотел со одличен спа во Банско? :) сакам да одам во октомври на викенд.
    јас имам одено во Иван Рилски и собите се :o прекрасни со најогромен кревет :) , во Флоримонт собите се ок ама спа центарот е многу поголем од иван рилски ...
    премиер луксори. кемпински и сл :) :) :)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    се најдобро имам слушано за Банско, па се надевам дека еден ден со дечко ми и ќе го посети ме :)
     
  19. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Ако можеш да си дозволиш да одиш во Кемпински оди ,тој е дефинитивно најубавиот хотел таму,се ги е одлично и нема да се покаеш.
    А за некој поефтин хотел би го спомнала St.George ,мене и тој ми се допадна целокупно,само мана е што е малку поодалечен од центарот на Банско.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685