Дирекно во хотел контактирав, не препратија во AtlantiS агенција, со објаснување дека имаат ексклузивно право на македонски пазар. И имаат подобри цени и од booking и од групер. Направете чисто споредба пред да резервирате.
SAINT GEORGE PАLACE имам резервирано во декември 3 ноки па би сакала да знам дали некој бил таму и искуства?
Grand Hotel Bansko ти е е врв!!! Нема подобар! Уфф со душа чекам да дојди 24 декември,имам резервација 7 дена ууживанцијаааа
All inclusive, околу 15.11.2016- 25.11.2016? Понуди,каде да гледам all incl., што точно пишува, но со превоз понуда ?
Сакаме да резервираме некоја вила во Банско за нова година.Е сеа прашањето ми е дали може да идеме на спа во некој од хотелите во Банско.Фактички дали е дозволено иако не сме гости на хотелот да идеме на спа и да си платиме?И ако знаете да ми кажете колку е цената за спа?
I nie vcera gledavme ponudi za tamu za Bozik.No od druga strana na tripadvisor ne citam dobri komentari.Velat losa usloga,los kvalitet na hrana i nedovolen parking.
Јас сум била во Мурите(Разлог) и убаво беше,бевме на лето,за зимно време незнам како им се базентите,а храна и пиење во изобилие. Туку ме бендисува Ст.Џорџ,добра местоположба има така во планина,а и хотелот гледам убав,и добро е што прочитав добри критики,само ме интересира дали е топла водата за со мало дете
Јас не се водам по трипадвисор. Коментари од англичани најчесто кои сакаат да им постелаат рози. Гранд е супер. Обилноста на храна,услуга топ. Годинава резервиравме во Ванско Спа & Холидејс. Имаше фина цена за алл ин. Па ќе видиме.
Јас се водам по Трип А. Од Букинг не ги земам толку веродостојни оти претежно се со име и презиме, па почесто луѓето се воздржуваат од остри критики. Досега се што сум прочитала се покажало вистинито, посебно ако преовладуваат негативните мислења, тогаш автоматски го отфрлам како опција. Не би сакала одморот, па макар три или пет дена да ми помине заледувајќи се во соба заради слабо греење, немање доволно топла вода, влага во соба или сл. @joy1 Паркинг некаде, има некаде нема. Некаде се плаќа 5-10 евра на ден на отворено, 10-20 евра во затворен паркинг. Некаде треба да паркираш надвор од хотелот, што не е сигурно колку безбедна ќе ти е колата на улица.
Ќе одам со дечко ми за Н.Г во Гранд ,ама несакаме да славиме во хотелот ,сакав негде во кафанче ,ресторан..е сега да ве прашам морално ли е да резервирам маса или може и таму кога ке дојдеме да им кажеме да ни чуваат,или директно за нг да си седнеме негде?ако бил некој во иста ситуација би му била мн благодарна да ми одговори (не ми се врти сега по кафани да резервирам да прашувам)