Женски дали некоја од вас била во Ски Хотел Катерина во Банско? Јас букирав за викендов па ќе видиме... Ако некоја од вас била споделете искуство..
Девојки во Емералд хотел и спа била ли некоја од вас да сподели искуство, прв пат одам на Банско викендов имаме уплатено во Емералд хотел па ме интересира дали некоја била...поздрав
Јас бев пред неколку години. Тогаш беше ок, солидно, не сум многу воодушевена,но не беше лошо. Беше чисто, средено, имавме пространа соба, буквално за четиричлено семејство, а бевме пар. Имаше и мини кујна, со шпоретче, шанкче, дел -спална и дел како дневна. Од друга страна, ресторанот премал за толку гости, па седевме со луѓе од други соби на моменти. Храната-ништо воодушевувачки, но не беше лоша и немавме негативно искуство. Има еден кафиќ во склоп на хотелот, таму одевме да сурфаме. Локацијата, пак е одлична, блиску до ски терените и поволна за пешаци-не скијачи. Базенчето во спа-центарот, мало, парна бања , сауна, стандард, фитнесот не беше лош, макар што справите требаше да се возбнават-подмачкаат-сменат. Дали е нешто сменето од тога--не знам. Можеш да прочепкаш на трип адвајзор, таму можеш да дознаеш повеќе.
Ај ве молам за St. George хотелот ако може некој да ми каже дали е блиску до гондолата. Негде пишува многу блиску, на друго место 1 км, на трето 2 км. Дали е за пешачење за со дете? Не сакам да бидам врзана за превос. Благодарам..
@chocolade јас секогаш му верувам на Here Maps.Блиску е. Само не е на центар, тука е на другата страна.
На гугл мапс проверив и јас пишуваше 12 минути пешачење. Но незнам каков е патот до таму, дали е узгорница, многу снег итн. Тие фактори ме интересираат.(Не сум била до сега во Банско). Фала ти на брзиот офговор
@jasmina00 сигурно може повеќе да помогне.Ја читав дека се вратила од таму. Кога одите вие @chocolade ?
Фебруари ако најдам место Сите хотели преполни. Гледам и преку Групер и преку туристички агенции. Банско и Боровец. Кај најдам емсто таму
Има два хотела Ст.Џорџ. Едниот е Ст.Џорџ Палас тој е над Кемпински,значи после гондолата. Другиот е Ст.Џорџ тој е подолу. Претпоставувам дека сега,во екот на ски сезоната сите имаат шатл до гондолата.Обично превозот е на 15-ина минути.
Тој е последниот во низата на хотели.Сум била таму само на викенд пред неколку години. Ако сакате пешки до гондолата,околу 10 мин.одење,бидејки си со мало дете и зависи колку снег има. Мое искуство,ако сум во хотел кој е поодалечен од гондолата,користиме шатл,ама ние сме товарени со скии и сите пропратни реквизити.
Ти благодарам на појаснувањето. Ако немам избор ке морам да бирам хоотел со превоз. Тоа е кога се одлучивме во последен момент да одиме
Сега видов се надевам не доцнам со одговор. Ние бевме во Ст,Геогре спа (има еден Палас - е тој не знам каде е). Ст . Георге Спа - е на 10 мин до гондолата и до центарот. Имате превоз од хотелот на секои 30 мин и со комбето сте за 2 мин до гондолата. Но верувај ми има 10 мин - блага удолница/нагорнина...ние кога бевме немаше снег, сега по снегот нека ти е 15 мин мах. Зависи колкаво ти е детенцето...но според мене слободно можете и да испешачите. Или крај краева одете до гондолата со превозот а вратете се пеш