Другарчиња која била деновиве во банско. каква е ситуацијата со патиштата до граница и во бугарија до банско? со оглед на снегот што си провејува цело време
Јас сум од ретките што уште не го посетиле ова место, ама планирам наскоро. Има ли што да се види/прави? Задоволни ли сте од понудите на местото, сместувањето? Совети за барање сместување? Превоз? Се исплати ли со автобус, каков е патот?
https://www.waikiki.mk/shop/zima/st-george-ski-spa-4-bansko/ Дали за овој хотел зборувате? На booking се жалат на храна и ладни соби, вие како бевте задоволни? Има поволни цени преку агенцијава.
Да за тој, искрено ние бевме баш за Нова година, и храната беше топла, шведска маса. Нон стоп ја надополнуваа, не оставаа да е празно. Собите беа топли, ние за Нова година спиевме по маички Јас искрено немам замерки за хотелот. Базенот си беше исто така ок водата, е тука ми бепе малку ладничка, ама ќе попливав и одев во џакузито и после во сауна Супер си поминав, немам лош коментар
Искрено до сега не сум била планираме со дечкото да одиме во Банско. Па феминки понудете ми добри хотели и како е подобро таму да се најде смештај или нешто преку агенција?Ако се иде преку агенција мислам дека може да се иде со сопствен превоз
Ние се вративме во петокот Бевме сместени во Перун хотелот.Плативме 350 евра за 5 дена со доручек и вечера.Шведски маси се,нешто чини нешто не.За доручек имаш плус сок,кафе ,вода или чај.На вечерата пиење нема тоа си го доплакаш.Собите беа мн топли,чистеа секој ден.И топла вода имавме нонстоп. Од скијалиштето бевме одалечени некои 10 мин пеш но имаше и комбе од хотелот.Ако одиш со свој превоз и паркираш на скијалиште ,паркингот кошта 6 евра .Пред хотел нема каде да ја оставиш колата(каде ке најдеш),ние плативме гаража 50 евра за 5 дена. Имаше мн мн снег,воздухот е чист,полно продавници,луге,рентање на скииска опрема-имате се значи. Пазете се од Бугарите гледаат да ви украдат каде ке стигнат.
на што мислиш џои кога викаш дека крадат? вас ве украдоа нешто? јас и лани и оваа зима бев ама баш спротивно мислење имам ептен се фер
Во хотелот тврдеа дека немаме платено интернет иако плативме.И бараа упорно наново да платиме. Во менувачница за 100 евра ни даде пари како за 100 долари.Среќа мм виде Во ресторант два пати помалце кусур ни вратиа.Мм пак виде и им кажа Верувам дека не е случајно,туку пробуваат да си кјарат.Некој ке примети некој не
Ова со менувачниците е многу често во Бугарија, не само во Банско. Нормално посебно е изразено во туристичките места. Менувајте пари во банка, не во менувачници. Таму даваат целосен извештај. Исто прават проблеми и за интернетот и тераат да доплатиш. Инаку ние бевме во Банско Спа & Холидејс. Нешто по долу е. На некои 15мин од ски-лифтот. Ама вози шатл од хотелот до жичарата. Од хотелот и услугата сме задоволни. Не правеа никаков проблем за ништо. Имавме платено алл ин ,вклучуваше 3 оброка и една закусна со пијалоци на точење,алкохолни и безалкохолни. Интернетот беше топ. Ни беше важно оти мм работи. Чисто и топло. Храната топла и разноврсна. Плативме преку агенција. На букинг истата цена беше за ПП.
И ние преку агенција Инаку во Банско не примаат евра да знаете,се со левови плакавме (лидл,кафичи,продавници).
Ние никаде аба баш никаде Дури во лидл мм вади евра и таа вика:ејј ако немаш картица или левови кажи одма да ја стопирам сметката .Мм и вика како тоа во Еу сте а евра не примате она си кјутеше Исто и колешката ми кажа и она никаде со евра неможела да плати.Значи зборуваме за евра во кеш.
Во Софија НИКАДЕ не ми примија евра.. Златен лев И во Банско никаде...картица за итни работи и менувачница - најдобри пријатели во Бугарија
Имаше некој искуство со Orphey?! Ништо не можам да најдам, никаде.. Од македонскиве мислења мислам никаде, за Т.А не прашувам