Девојки вие што сте биле во банско препорачајте добра агенција со добри цени + превоз? И некој добар хотел
Обавезно ќе проверам фала доколку уште некоја феминка знае некоја агенција слободно може да ми пише во порака,сакам преку групер али нема ниедна понуда
Преку агенција само Бисер Пром ама не се исплати, имаше за 5 дена околу 4500 денари понуда за 1 плус 1200 денари во агенција за тоа таксата, и плус осигурување плаќаш се на се околу 100 евра. Што е скапо, ако си со кола резервирајте во хотелите директно, ако знаеш англиски пиши им e-mail враќаат брзо. Инаку ако не си со кола превозот го организира само бисер пром на групните попусти 1860 денари е. Така да со кола по се исплати.
ти бубаче си била ли да знаеш дале скапо и како се движат цените? значи превоз и 4 нокевања е без пари за Банско за тие 100 е За хотелот од погорниот пост што и го препорачуваш на девојчето си била у него?
4 ноќевања без појадок не се исплати. Јас за 100 евра уплаќам за Прага со 3 ноќевања со појадок и превоз ама што е Прага, а што Банско. Штом сигурно и кажувам, веројатно не говорам апла. Ама што трчате по мене кога ќе искоментирам нешто?! И колку за твоја информација да знаеш дека ги разгледував сите понуди за Бањско за да одам. Па сега незнам, Банско сум била ако ти е за утеха.
твој проблем дали Прага или Банско ке одбереш Сум била и јас и пак ек речам 4 нокевања и превоз е без пари за Банско ако превозот е 1860 тогаш рестото е околу 4300 за 4 нокевања што пак значи 1000 денари за нок и тоа е многу???? Сепак се зависи од хотел до хотел али ако и да вртиш поефтино нокевање од 15 е нема еве и за хотелот што го нудиш погоре таа цена е 18е
Орфеј е хотелот, оној погоре што го коментиравме..на лошата локација Ама за тие пари со полупансион, вреди 3100 е зделката плус 1200 такса вкупно 4300 со превоз за 3HB
да баш тој шо го коментиравте супер изгледа хотелот само локацијата му е зафркната ако не си со твоја кола зафркнато е 4300 денари со превоз од кој 1800 кошта само превозот и изпаѓа 2500денари за 3нокевања плус појадок и вечера има без пари е таа понуда
да зделкава баш денес ја видов конечно најдов понуда супер е како за двајца со појадок и вечера,со карта за во диско,превоз и др.За три дена понудата мислам дека е супер и пониска цена да бараш нема. Неможеме со кола да одиме затоа бараме превоз иначе многу е поубаво со кола кога сакаш си тргаш кога сакаш си одиш каде сакаш си застануваш ама што е тоа е. Неможам да одам кога сакам одморот ми е од 27.02 така да таман ми се погоди и девојки ве молам без карање тука сме да си помогнеме и секој да даде свое мислење
Да, точно мој проблем е. Ама според мене не се исплати и имам право да дадам мислење. Мене Банско па не ми е ништо посебно вонсезона и тоа е тоа. Јас само и кажав мој предлог, ти и на Марс качи се ако сакаш мене ми е гајле. Мене не ми се исплати да дадам да речеме 15евра од ноќ плус автобуски превоз па уште плус такса. Кој си има ќе си плати, ама нели ти многу живееш за Банско па рипаш. Јас на моите им резервирав во Адена со спа со све ( во таа цена и појадок и вечера, спа ( сауна, базен,џакузи), туристичка такса и хотелско осигурување. За 15 евра и те како се исплати. Што се они за 2 ноќевања ќе дадат 60 евра и ќе одат со кола вонсезона. А таа ем што ќе плати 4500 со превоз, ем ќе плаќа 3 лева од ден за такса плус 1200 денари за тоа осигурување или што да беше, а во тие 4500 денари таа има само појадок, пак ќе плати дупло, дупло повеќе ќе потроши за храна. Јас за мене си реков Прага е многу поубава за тие пари. И не рипај беспотреба секој има право да си даде мислење. Бог да чува.
@buba4e89 Во тие 4300 Е ВКЛУЧЕНО и превоз и појадок и вечера и туристичка такса и не знам зошто само додаваш трошоци за да направиш цената да делува НЕРЕАЛНА. Обично се согласувам со тебе ама сега не... За 25евра полупансион по човек, 30тина евра алл ин Банско вреди за сите пари. ВО сезона..не ВОН Ти во Прага ќе потрошиш уште наааајмалку 100 евра освен ако не седнеш во Мекдоналдс да јадеш 3-4 дена секој ден..па дури и тогаш, ќе потрошиш А факултативните екскурзии најчесто не се вклучени во тие 100тина евра што ги спомна Па ние за едно крстарење по Влтава плативме 15-20евра, за Карлови Вари 20е, пивница 25е, па патничко, па влезници ехеее... Патем кај најде за 100 евра Прага? Сите тури се 8-9000..
Јас само кажав дека за мене не се исплати, а горенаведеното објаснување за моите кои се обидов да и го објаснам на Алиса е сосема ок. За мене лично не се исплати, јас истите пари ќе ги дадам за Прага, а сега за 89евра ќе одам за Будимпешта, па подобро ми е искрено Прага или Будимпешта. Затоа велам во споредба не се исплати Банско. Банско можете секогаш да се одите, девојката си праша, јас и објаснив, ама Алиса нели сака да се прави паметна па...затоа ќе си бидам воздржана. Во Прага бев за време на Божиќните Маркети и понудата беше 99 евра. Не бев на факултативни излети и сама си организирав тура, се шетав цел ден во Прага според мапа и не јадев во Мак- Доналдс. Крстарењето по Влтава им го откажале, а Карлови Вари не го посетив затоа што не сакав. Колку имам потрошено не е ваша работа затоа што си направив и добар шопинг, ама не е муабетот за шопинг, патничко осигурување не беше 1200 денари туку 150 денари. Будимпешта ми е сега за 89евра. Па вие си знаете.
Ама ти за Будипешта пиши си во темата за неа Тука дискутираме за Банско Јас викам дека погоре споменатата понуда е ок за цената ти викаш дека ете за тебе била неприфатлива или скапа сеисто и тоа е тоа нема потреба да се убедуваме секој според својот џеп За Будимпешшта за тие 99 ева ке добиеш пат и 2нокевања во хотел од едвај 3* надвор од градот кај шо ни кокошките не се е*ат И биди спремна да си платиш возење низ Дунав плус факултативно ти е до Виена се тоа се плака плус не прави споредба за Банско и Будимпешта дискутирај на тема Банско
Не се прави паметна, ништо не се плаќа со сила и Виена не ни е вклучена во понудата. За мене е неприфатливо кога правам споредба. Што си коментираш на празно навистина не сакам да те искоментирам...одлично си поминав во Прага и во Виена и Виена ми беше вклучена во понудата за 99 евра. Ама пошто сакаш да се правиш паметна и да бидеш гаталец биди си. Јас моето искуство ќе го споделам. Добивам соодветна услуга напротив твоето "каде ни кокошките не се е...." те личи. Си плаќаш што сакаш и ако сакаш, а не зашто мораш. Информирај се и прекини да ме цитираш пошто се гледа дека поим си немаш.
не се правам паметна во мојата понуда беа Будимпешта и Виена заедно и да ке си платиш возење по Дунав У тема за Банско ти дискутираш за таа Прага и Будипешта мислам дали се читаш? дискусијата е за Банско по стоти пат ке ти повторам ете и на даст можеш да и се објасниш не само на мене ама пусто како ти да не одговориш последна цццц
@buba4e89 во понудите за Прага,Виена имаш вклучено единствено превоз и спење, плус две ноќи малтретирање низ автобуси. Во Банско си за 3 -4 часа и ти е се платено, јадење, пиење, спиење. Не се замараш ама баш со ништо . Во Прага треба да апнеш нешто, ете ти додаден трошок.Сигурно нема да седеш гладна. Макар да носиш и од дома, пак си трошела за тоа. Во Банско алл ин услугата е навистина задоволителна, па буквално за јадење нема ни денар да потрошиш. Додека екскурзиите се плус, ако сакаш можеш да одиш, ако не не мораш. И не е ама баш ич, едно со друго.
Значи скроз те демантирам дека не се плаќа ништо ако не сакаш да одиш на тоа место. Дали ме разбираш или не ме читаш? Јас уште на првиот пост си пишав за Банско, а потоа додадов во вториот пост Прага и Будимпешта, јас се читам убаво, ти се фати за нив и упорно ме убедуваш во нешто што не е точно. Немој да ме убедуваш, не знам преку која агенција си била и не ме интересира искрено пошто не даваш да ти се каже. Колку сакам ќе одговарам форумот за тоа е нели?
Таа на Бисер пром не беше алл ин услугата. А сигурно нема да потрошам 100 евра за храна, дај не зезајте и не ме убедувајте, сум била и Банско и знам како стои се. Вие си знаете, не ќе се натегам со вас на форум.