Може некој да ми каже колку се цените во Банско за нова година? Хотели, храна, пијалоци, ресторани...
Здраво женски, со дм сакаме да одиме во Банско во јануари еден викенд, и гледав понуди на Бисер. Имаат Орфеј и Емералд хотел, кој е подобар? Не сме по скијањето, сакаме да се одмориме и да прошетаме.
Ништо посебно и двата Емералд поблизу до гондолата, Орфеј подалеку.. Ако не одите за скијање и не очекувате луксузи, Орфеј Не дека другиов има луксузи.. Ако можете превоз преку агенција а хотел да си изберете сами(различен од овие 2), така направете
Да бидам искрена, барам нешто со убав спа центар да се релаксирам. Гарденија каков е? Имаме можност само за превоз, ама оти не сме биле, не знам кој хотел да го букирам.
Моја топла препорака Murite club Hotel - Razlog ... Бевме All inclusive 8,9 и 10. Храна феноменална, сместување на највисоко ниво. Собите со џакузи и сопствен интернет. Кујна во секој апартман. Спа-то убаво чисто. Детско катче за повозрасни деца флипери, билјард, фудбалчиња. За помали дечиња игротека. Се на се феноменално
Ама Murite е неколку ценовни категории погоре.. Во просек има дупла цена од овие горенаведениве.. Во јануари е околу 5500 полупансион за двајца од ноќ.. Така ако гледаме и Пирин е убав..
Хехе добро ова го дадов како препорака од лично искуство. Инаку и Пирин е екстра. Тука се близу еден до друг.
За Мурите... Има комплет кујна, ама во кујната НИШТО. Ни лажица , ни тањир...Н И Ш Т О ! Плус тоа...може да си во здрада Орхидеа која е одделена од комплексот па мораш надвор да излезеш за да дојдеш до базен, а зимоска баш и не е пријатно со мокра глава надвор да шеташ. Во зграда Азалеа (не сум сигурна дали така се викаше) е поскапо за нијанса зашто и ресторан и градинка за деца и СЕ ти е во тој скоп. Второ...Мурите е на страна од сите збиднувања, ако некој скија, има организиран превоз, ама сепка...далеку е. Ако некој не скија и оди да шета, подобар избор е Герденија. Во центарот е, кафичи, дуќани...се е тука. Имаат базен, сауни, турска бања...масажи кои се доплаќаат (од 14 евра па нагоре) Чисто е, имаат добар готвач...
@happygirl тел сега гледам дека сум изначена. Веќе ти одговориле. Гарденија или Каса Карина. Убаво да си поминете!
Ги меркам и јас овие два. Кажи ми те молам ако си била, купатилата се со туш кабини или када? Малку чудни желби имам јас И уште ако имаат и нешто како игротека, ептен ќе биде полн погодок!
Китен мислам дека претежно се кади секаде. А игротеки имаат и двата. Немам влезено само да ти кажам како се.
Во Гарденија-кади.Пола со стакло оградени. Пространи купатила по собите, топли и чисти. Крпи , папучи за една употреба и бањарки на располагање. Има економик соби (поефтини се многу малку) без балкон и Стандард соби со балконче, ама мало е, нема маса, столица и седење надвор...тоа колку ако си пушач да си излезеш на цигарче.
@Kitten Скоро во сите хотели во Банско има кади во купатилото,е во Saint George Palace имаше и када и туш . Инаку и во двата има катче за деца,ама мене за нијанса повеќе ми се свиѓа Каса Карина