Дали некоја од вас била во хотелот Поларис Инн, гледав слики многу отмено убаво, читав дека е реновиран пред 1-2 години, им пишав меил, па и доста солидна цена ни дадоа за 5 дена. Ако сте биле, или познавате некој што бил, да споделите искуство?
Јас да го пофалам Перун Лоџ хотелот, тука се сместивме и многу е убав. Голем, со пространи и чисти соби, прекрасен спа центар за одмор и релаксација, баш како што барав. Е сега, може ли да ми препорачате некоја механа за убав ручек? Видов многу има, со разни специјалитети изложени Чекам на вас.
Оди на веб страната на хотелот. Одбери опција за онлајн резервација. Избери датум за престој и вид на соба. Бираш соба и продолжуваш напред или proceed. Ќе дојдеш до плаќање. Ќе ти побара број на картичка, име и презиме на носителото на картичката и други податоци и на крај имаш опција да провериш што закупуваш. Ако е се во ред следува плаќање или payment. Гледај да бираш таму каде се плаќа во хотелот или reserve now pay at your stay. Понекогаш парите ги резервираат заради нивна заштита, но кога ќе платиш ги ослободуваат. Тие пари ќе ги немаш за располагање на картичката. Тоа секогаш зависи од хотелот и условите кои ги нудат.
а кога ке резервирам и ке ми стигне на емаил дека ми е резервирано ке треба да платам кога ке отидам во хотелот или парите што ке ги земат од картичката ке бидат уплатени
Ако дава хотелот опција "резервирај сега, плати после" тогаш не би требало да ти ги земат. Општо не прават проблем, се додека ги имаш парите на картица. И во готовина ако плаќаш не прават проблем.
Здраво да прашам само нешто дали може или во Сандански хотелите или во Банско на пример да се приспие само една ноќ со агенција?
Мислам дека неможе преку агенција една нок Или дирекно у хотел одете си платете си една нок или преку букинг букирајте си пред тргнување
А бе агенцииве наши лопови се, крадат од луѓево ко луди. Лани ние во хотел кој нашиве агенции го нудеа по 40-50€ за вечер и тоа по лице, им пишавме директно порака добивме, понуда од 38€ за двајца со доручек. Значи колку можете одбегнувајте ги агенцииве.
Да ти кажам после тоа што видов на социјалните мрежи слики какви им покажале на семејство со деца и како го нашле смештајот кога дошле не сакам да видам агенција само лажат и перат мозоци. Затоа секогаш си одиме таму кај што сакаме или преку букинг и мирна глава
Здраво феминки, бидејќи прв пат планираме да одиме за Банско и тоа со бебче сме 9 месеци ќе биде тогаш сакам да ве прашам како се со греењето по собите во хотелите, период крај на октомври почеток на ноември? Дали има тогаш снег ? И најбитно ми е ако би можело некој да ми сподели мислење во врска со овие хотели: Мурите, Греен Вуд и Каса Карина? На booking.com ги најдов со алл барав и меѓу тие 3 се двоумиме. Најбитно ми е да има хигиена, греење бидејќи со дете сме...Убава вечер
И трите се чисти и со супер греење. Јас во Банско во хотел студ немам сетено. Сите се тука некаде по квалитет. Мурите е само надвор од Банско на 2км, во Разлог. Мислам и Гриин беше нешто подалеко.
Како што ти кажала членката погоре, Мурите и Греен Вуд(тука сум била на два дена викенд пролет беше и беше прекрасно, прекрасен хотел од чисто, јадење услуга се значи) се во Разлог и подалеку, а Каса Карина ти е баш блиску за шетање не мораш кола да палиш за да шеташ низ град одма, една уличка така малку како угорнина ама мала некои 500 метри може и подалеку те делат од главната улица за шетање низ град, кај кафичи, ресторани и сл. Ние бевме прехлани во Апарт Аспен хотелот карши со Каса Карина се, затоа знам. Мислам дека штом сте со бебче повеќе овој ви одговара за да не палите кола, па паркинг. Да се качиш на ски центарот секако со кола или комбе треба, па потоа и за навечер мачно е мислам, но ти си знаеш најубаво.
Во првите два сум била, би ти рекла Мурите. Инаку јадењето беше солидно и во двата. Јас во нив сум била јуни месец и незнам за греење. Ама зимен период во др хотели било претопло. Мислам да ќе немаш гајле