Слушнав дека цените се движеле од 35евра, па нагоре(во хотел, во соби за 4ца). Сега чекам да заврне снег, и одам .
Леле бе Артемишн, сакаш со сликиве животот да ми го скратиш? Ахх.. лани бев, најубаво беше.. ехх, дрвото(дрвиштето) на плоштадот.. Иххх.. јас бев во хотел „Елица“.. Леле.. еден од најубавите хотели каде што сум престојувала.. 4 ипол ѕвезди.. Има сосема прекрасни работи, појадок (закоската бе ), џакузи, мини бар, абе ЛУКСУЗ беше.. еве некои слики: Однадвор: Спојлер (на зима) (на лето) Рецепција: Спојлер ухх на истата таа софа седееев.. Во соба: Спојлер Ресторанчето за појадок: Спојлер И така ви викам, ако планирате да одите за Банско, одма одете зашто е прееееекрасно место, ако го обожавате снегот - одете.. И во Хотел Елица обавезо.. И цените не се многу рипнати, односно не се големи за таков луксуз. Еве ја и мапата кај се наоѓа Спојлер http://www.hotels.com/ho336430/hotel-elitsa-bansko-bulgaria/?gclid=CLC9_PCHi7QCFZHEzAodmxkAYg#maps
Девојки, да ве прашам.. Со дечко ми гледаме понуди за Банско да шетнеме малку, се ни одговараат супер, АМА за превоз е тенка работава, немаме кола... Има ли друга варијанта како да се стигне до таму? Фала однапред на одговорот
Јас имам отидено во Банско, хотел Спа&Холидеј, преубав е хотелот и многу бев задоволна и од храна и од се. Не ми се допадна многу местото оти несакам мали места, и продавничиња само за сувенири, нема што да се купи.
Убаво е Банско бев пред скоро еден месец.. И у хотело не беше лошо ама мн продавници со сувенири такви некој одвај најдовме кафич да се напиеме нешто..Ама преубава глетка имаше од прозорецо..Требаше да ги сликам ама ај..:/ сепак убаво е да се посете..
Јас во Банско бев пред едно 2-3 години,на скијање.Мене лично многу ми се свиѓа,а и убаво е што има и каде да прошеташ.Задоволна сум од стазите,снег секогаш има,макар и вештачки
Feminki sakame da ideme dvajca za Bansko,ako ima nekoj par so kola zainteresiran da go delime patot neka pise...
Прееска мајка ми гледаше, за 3 или 4 дена во хотел со *** ( 3 ѕвезди де ) за некаде околу 100 евра со некој си попуст, а редовна цена било 15 000
Па до сега во сите агенции што сум видела нудат повратна карта за 40 евра. Ако си навистина заинтересирана да одиш,пиши ми,па ке побарам точно и линкови ке ти пуштам
Имаме некоја понуда за во хотел ФЛОРИМОНТ casino&spa 4*. Планираме да одиме, бидејќи не сме биле досега во Банско ме интересира некој што бил да сподели искуство, како си поминал и дали е задоволен.
преку колектива гледам има убава понуда за банско и привлечна ме интересира дали некој купувал вака ваучери и ако знаете каде се наоѓа хотелот Бандерица со 4**** ???
Јас мислам дека е доста скапа картата со авотбус,мин. година кога имав кола 4 души стигнавме до Банско за тие пари...да не знаете некој што врши превоз за поефтино или пак кои агенции вршат превоз со автобус?
ве молам пишите број или некоја компанија која е проверена и која врши превоз до Банско. Благодарам дали некоја од вас има искуство во хотел Maraya.
По повод 10 годишнина од заедничка љубов со мојот сопруг решивме да си се почастиме 3 ноќевања во хотел КАТАРИНО СПА Банско Прв пат одиме таму и би сакала да знам што е најопходно да си носам за таму и дали некој е биден во овој хотел да каже како е што е зошто е .
Убаво туристичко место,за љубителите на белиот спорт,скијањето. Го посетив пред две години,и си поминав супер.Луѓето се гостопримливи,а цените беа многуу ефтинии,уште не ми се верува дека на некои намирници цените им беа исти како кај нас. Мирно место,погодено и за забава и за одмор(кој што сака). Цената на жичарата беше 1200 ден,а сеа слушам дека ја зголемиле :/. Како и да е,вреди да се посети,дефитивно би одела паак