Има некој одено во банско за време на септември,како се движат цените и преку која агенција од Скопје може да се најде?
Имаш скоро преку сите сеа едини што ми текнуваат се Сафари, Атлантис, Кондор,Атлас.. Види и на групер и на купи на попуст имаш понуди, сега се рално поефтини понудите одколку на зима. Пиши на google банско септември 2018 ке ти излезат сите агенции кој имаат понуди.
Септември, октомври, април и мај ти се совршени за на Банско. Ефтини цени, убаво време, можеш многу работи да видиш. Но на пешачката улица не работат пола од продавниците, но воглавно тие што се за зимска опрема не работат.
Преубаво искуство имам со Green Wood Hotel & Spa. Секој денар потрошен таму се исплати. Здравје зимава ако најдеме слободно место Јануари пак би оделе. Сега бевме во Мај и супер поминавме.
hotel polaris закажав за јануари нешто слабо информации за него по нетот дали е некој нов неам појма ако некој знае нешто нека пише
Скоро бевме во Grand Royale Bansko & Spa преку Grouper, полн пансион. Јадењата се шведска маса сите три оброци, не се екстремно зачинети и има доста избор.дури и премногу ни беа 3 оброци,следен пат ќе одам на полупансион за да ни биде слободен изборот за шетање за ручек. Хотелот е супер, прилично нов, сите соби се апартмани со посебна спална. Има дел за дечиња за играње,има ок базен.. се наоѓа во мирен дел од местото, генерална оцена - пак би одела таму
Здраво може ли да ми даде некој предлог за Банско, за сместување за двајца и препорака за агенција и со солидни цени ? Сакаме да одиме за период од нова година , гледам сега е задолжителна новогодишна вечера? Фала однапред
оРФЕЈ или https://www.booking.com/hotel/bg/kh...&from=searchresults;highlight_room=#hotelTmpl сум била во двата и задоволна сум со се првоери на линкот види дали само имат слободно
Јас кога бев во орфеј имаше многу фамили со мали деца ,надвор има и паркче за нив. Нема голем базен и баш е погоден,храната е ок Друг некој да ти препорачам незнам. За следна година порано ,отвори на букинг и стави дата од која до која и ќе ти ги отвори сите хотели со тој датум што се слободни
Никогаш не се знае биди активна по страниве за хотели може некој да откаже во последен момент и да добиете за поефтино. Ние кога бевме зимото така начекавме за мн мн ефтино
Grand royal bansko оредобар ја имаш понудата на групер, сместувањето ни беше мислиш трособен стан со две вц, дневма, спална детска дневна кујна, базенот топол, чист, сауните чисти, храната секогаш тазе презадоволна бев, во декември ќе одиме пак
Не бе 500 евра, 1550 ден ти е од особа со доручек ручек вечера, за деца до 12 год не се плаќа ништо, многу помалку ќе ти излезе, види на групер понудата секој месец ја нудат