Еве повели, хотелот и услугата чиста петка https://grouper.mk/deal/grand-royale-hotel-spa-2018-noemvri
Ова за во Ноември е јас за Декември барам после 23 Декември . Затоа и пишав дека 500€ не ми се трошат. Во декември на букинг мојот термин ми изчегува скоро 500€.
Ама и по далеку е од овој Грин Вуд. Ако меѓу време ми излезе некоја понудичка таму ќе резервирам. Ние сме три члено семејство кое што детето ми е само 2 г. И излегува какп двајца да сме така да поефтино ќе не фати (бар се надам ) за во Декември. Во Мај бевме во горе споменатиот хотел убав е да ама за жал не забележав соба за дечиња.
Ти сакаш во Банско да бидеш, или може и некаде надвор? Инаку после 20 декември, на букинг има слободно викендот од 21-23, ама не ти одговара изгледа. Јас резервирав за наредна недела, за четворица (двајца возрасни и две деца, 7 и 2) во Реденка за 250 евра три ноќевања, со доручек и вечера. Ама тоа не е во Банско, туку во комплексот хотели пред Банско. Инаку цените се повисоки од 01.12. Сезоната им почнува, затоа е така.
Не е морално да е баш Банско може во околината Грин Вуд е во Разлог. Мн ми р битно да не се плаќа унапред и да може да се откаже во случај ако не отидеме... се ми зависи од работата на мм кога ќе стигне во Мк.
Еве линк, ѕирни го. Смени ги датите, јас направив за 21-23.12. Има опција за откажување и секако ништо не се плаќа однапред. И јас така бирав. https://www.booking.com/hotel/bg/re...X1;srpvid=6b1c3e5c2b6e0008;type=total;ucfs=1&
@TutiFuti околина на Разлог ти препорачувам и Корнелиа бутик хотел ,малечко убаво хотелче со пристојни цени,а храната извонредна.Ние бевме летово,базенот е чист,околу има убаво игралиште за деца.Исто и Раденка ти е добар,нема да згрешиш.Во Банско само во Сент Џорџ Палас сме биле исто го препорачувам,само мислам малку поскап е од овие,и тој е најгоре веќе накај планината,но имаат некогаш и пакети со попуст на нивната страна,пиши им на маил одговараат убаво за кој период те интересира.Еве ти линкови и од двата https://corneliahotel.com/ https://saintgeorgepalace.com/
Незнам дали е истото со аспен ресорт јас во тоа сум била и не бев задоволна бидејќи собите се сместени ван хотелот и рецепцијата, за да се вратам од базен морав да искачам надвор да поодам едно 100 метра па да влезам во собата качувајќи се по скали, а замисли си се бањал и искачаш надбор дува ладно од сите страни тоа не ми се допаѓа иначе во глобала среден хотел, храната супер итн
Тоа ми е и мене да не е посебен дел бдејќи сега баш загледав резервирав во Тера хотел и оп анекс зграда ми даде викам тоа е посебно па едвај откажав ...
Аспен е хотел пред Банско има хотелски дел и дел оклу него со како помали згради сето тоа се апартмани ама не се во сопственост на хотелот него се приватни апартмани откупени од луге од секаде по светот Лани резервирав вака незнаејки како е што е па ми побара типот пари унапред пред тргнување за да биде ок резервацијата Парите требаше да ги уплатам у некоа бош земја ми стана сумњиво и не уплатив Коа отидов видов шо и како е па си најдов друг хотел на лице место
Бевме викендов во Redenka Holiday Club, ми се допадна. Уплатив на база на полупансион, за три ноќи, од четврток до недела, за четворица. Преку букинг ми се виде супер понудата. За двајца возрасни и две деца (7 и 2 години) добивме апартман со две спални во главната зграда. Чисто, топло, средено, храната е вкусна, само немаше многу избор (сепак со три ѕвезди е, не е екстра класа), следно би уплатила само ноќевање со појадок оти храната во рестораните во Разлог и Банско е супер, со цени како кај нас, можеби и поевтино. Хотелот има два базени, еден поголем и длабок, другиот помал и плиток. Има и спа центар со сауни, турска бања, фитнес центар, игротека за деца (ништо посебно), има лоби бар, два ресторани и на две три места занимации за деца (лулашки, тобогани и слично). Не е само една зграда, туку има и како посебни куќички, како бунгалови, на еден спрат или два. Искрено, добив повеќе од тоа што го барав, за помала цена од тоа што беше наведено на букинг. Значи плативме двојно помалку. Препрашавме дали е се вклучено, дали знаат дека сме со полупансион, рекоа дека се е во ред. Ама пак јанѕа ме јаде, ќе рече некој будала сум, ама сепак, сакам совеста да ми е чиста. Инаку, местово е пред Разлог, не е во населено место, туку на главниот пат за Банско. Ама кога имаш кола, не е проблем. Блиску се и двете гратчиња, има ресторани, продавници, има каде да се шета. За јадење го препорачувам ресторанот „Турска Бања“ во Разлог, и „Македонска Крчма“ во Добриниште после Банско. Одлични, особено вториов. Со пристојни цени и вкусни јадења, многу слични на нашите. Имате и Лидл во Разлог, има и други маркети. Додуша, ние и не пазарувавме нешто многу, само еднаш онака отидовме, а реално и немавме потреба, кога веќе имавме се во хотелот. Пак би одела, со сигурност.
Мене ме интересира од 20 декември какво е времето во банско , дали има снег или не? Исто ме интересира дали тој период работат продавниците и дали има гужва? Го избрав Гранд Хотел па ме интересира на какво место е лоциран. Битно ми е да не е многу далеку. Секоја информација би ми била од корист.
Гранд хотел е на влезот во Банско составен од 5 или 6 згради меѓусебно поврзани со топла врска (значи се ти е во круг, не излегуваш надвор за да стигнеш од точка 1 до точка 5.. Ние бевме летово, на база на алл инклузив и бевме презадоволни. Сепак да си знаете дека базенот им е надвор и тоа преку улица (внатрешен затворен нема), внатре имате убав спа центар, со џакузи, неколку сауни и парни бањи, топли лежалки и ред други работи. Храната летово им беше доста добра, собите чисти, лобито исто така. Од градот ти е 8-10 мин пешки, зависи како одиш. Ние одиме онака како да се шетаме т.е полека. Дали ќе има природен снег никој не може да ти каже ама снег секако ќе видиш, мислам пред тоа им е отварање на сезоната ... Продавничките ќе работат.
даст сакаш да кажиш зимно време ако сакаш да отидеш да се бањаш во базентот ке мора надвор да испаднеш?
Не. Сакам да кажам дека базен за зимно време немаат. Тој што го имаат е надвор, преку пат и е отворен. Има и бар во склоп на базенот. Внатрешен немаат. Патем, на слики ќе видите нешто што личи на внатрешен базен со 2-3 топли лежалки околу, ама тоа е само едно гоооолемо џакузи каде што има 50 души наредени по краевите, за да ги "масира" млазот од џакузито. И не е длабоко.