Sega te procitav @Dust i na palanka imase terminal, se kupuva vinetka, jas ne zemav online...ama tamu si kipiv direkno ☺
Здраво, дали некој бил во Хотел Oрбилукс ? Ме интересира дали е блиску до гондолата , дали има минибуси од хотелот и како се движат во колку часот и сл.,дали има се во хотелот од крпи ,бањарки и сл.?
И за хотел Орфеј некој дали бил, колку е реално далеку одење пешки се до центарот? На мапс пишува 2км
А дали беше дозволено да се санка и дали има да се изнајмат, за воразни прашувам ХАХА . Не сме скијачи
Девојки дали била некоја во Trinity Residence? Искуства да сподели храна, спа, локација? Сме биле банско 3 пати, лани од хотелот се разочаравме, не беше како што претпоставувавме. Сега се мислиме помеѓу Redenka и Trinity. За секоја информација би ви била благодарна.
Некој искуство со Астера хотел во Банско? Ние прво уплативме па сега ми текна да барам мислења Вака многу убаво делува хотелов, но дечкото во агенцијата спомна дека немаат паркинг
Таму или на бензинската на излез на ќустендил имаат вињетки електронски. Или пак тука во центарот кај што е била маркетот има вестер унион таму ќе ви среди едно момче ќе уплати и ќе ви идпечати лист за вињетка.
Здраво Дали некој има искуство со агенцијата Мартин Травел и дали некој бил во хотел Вапцаров па да сподели нешто Благодарам однапред.
Мартин Травел се супер, тоа шо го пишува во понудата - тоа е. Нема преувеличување колку да се подлажиш. За Вапцаров не знам, вака убав ми изгледа хотелот и тие што беа сместени во него беа задоволни.
Сакаме со дечко ми да одиме Банско од 31ви април до 4ти мај па како можиме да најдиме превоз за таму? Барав ама неможев да најдам никаква понуда
Да јас. За летно време е топ има надворешен базен ама за да фатиш лежалка треба рано крпа да си ставиш. Исто ако се оди зимно време да се пази каде се резервира во кој дел, бидејќи има посебна зграда во која нема ни ресторан ни спа па со бањарките ќе треба да претрчуваш по ладно на минусни температури-болест. Таа посебна зграда јас не би ја препорачала ни за летно време бидејќи може да не се погоди времето па да излегуваш надвор мокра. Има во дворот за деца лулашки, истл и внатре игротека ама не е нешто посебно снадбена со играчки. Внатрешниот базен е просечен, надворешниот е супер но е мал, спа се е ок. Јадење има побогато и различно од други хотели што сум била како споредба. Не е во Банско градот туку Разлог што многу не ми се допаѓа бидејќи кога бевме во градот барем ќе шеташ секоја вечер пеш ќе се измешаш во народ ваму кога си те мрзи да запалиш кола и да возиш до таму, а не е којзнае колку далеку. Во глобала најдобар во кој сум била(а не одиме по многу луксузни и ексклузивни хотели да се разбереме бидејќи за повеќе пари сигурно има многу подобри) Друго не знам што би те интересирало.
Сум била во Мурите, летен период 10 дена. Прекрасно поминавме, најмногу ми се допадна игротеката за деца каде можев малку да ја оставам малата (додека ѕиркам од прозор) колку да јадам раат. Сакав да прашам сега како се цените, дали и сега имаат алл инкл приступачни понуди
И таму се симнавме као подобра храна имале ,а и народ имало .И точно ,повеќе луѓе имаше . Ама ништо поразлично од горниот . И со цена скоро па ист . Прашав . 70 евра алл инкчузив без можност да доплатиш екстра алл ( да имаш и странски пијалоци ) Ама не е скапо да ручаш таМ. Летниот базен стварно е убав . Изгледа и надворешно џакузи имаат.
Јас бев пред две години во август, и цената од човек беше околу 35еур алл. Сега не сум во тек како се со цени ама би требло да се исто. @Bubce38 немаат надворешно џакузи туку тоа му иде како продолжеток на внатрешниот базен што излегува надвор и е повисок од другиот има како зидче и можеш на него да си пиуцкаш и да си јадеш, а си во вода. Исто зидчето е како опција за шанк од другата страна јас си ставав од високите столчиња додека (кај мене мажот), еве кај вас децата си приваат. Плиток е овој базент не е длабок додека вие си пушите, пиете или ужинате децата може да се шлапкаат и да ви бидат пред очи Исто за надворешен базен во Банско го препорачуваат Green Wood, отворете слики страшно нешто е, само се резервира уште сега бидејќи таму има најмногу гужва во лето и до сега два пати пробувавме да резервираме њама слободни стаи А за внатре и услугата какваа е може да каже некој друг ако бил баш ме интересира.