Некој што бил ако може да ми појасни...Разлог е дел од Банско така? и хотелите што се во делот Разлог изгледа се подалеку од градот па ме интересира дали се оди пешки до градот или има организиран превоз?
Падна првиот снег на Банско. Ќе има добра сезона. Јас летово бев во Банско. Немаше мноогу народ. Неколку групи на руси имаше. А зимно време пола Русија е таму. Градчето убаво средено. Чисто. Хотелот кај што бевме не беше многу скап. Ваљда уште 1-2 месеци ќе поскапе зошто почнува сезоната. Патот до таму е добар. Ски лифтовите им беа скапи тогаш. Но зимно време освен со жичара тешко да ќе стигнете до горе со кола. Има 20 минути до стазата, све се кривини и зимно време викаат дека многу гужва имало. Така да најдобра варијанта е со жичара. Јас бев во близина на Кемписнки сместен.
јас бев пред 1год во банско-разлог ,разлог е пред банско,ние бевме сместени во хотел во разлог но патувавме до банско со организиран превоз од хотелот и за тоа не доплаќавме ништо,разлог од банско е оддалечено 5-6 км Спојлер мислам дека ти помогнав ако сакаш уште нешто прашај ме ке ти кажам
Гледав на интернет, некои МК агенции нудат и цени за ски карти и ски пакети со рент на опрема. Тоа се доста високи цени, на пример пакет ски пас, со рент ски опрема за дете за три дена изнесува околу 50тина евра и плус треба да се плати во агенцијата...па си викам да не е ова со некоја провизија?!„„ ај ќе видам ан интернет ќе проверам
за возење со жичарата е 20 е за еден знам пошто се возевме,за да стасаме на некој начин до главниот ски центар во банско Спојлер незнам како да ви објаснам
Агенции никако. Оди си во сопствена режија, ако ме слушаш мене. Поефтино ќе поминеш. Јас бев сместен во еден добар хотел блиску до центар и уште поблиску до жичарницата. Ако одиш ќе ти го препорачам хотелот да го видиш. Со сауни со финска бања, базен, масажери во базенот. Е едина глупа работа е што немаше фитнес центар во хотелот. Али добар е воглавно. И јас планирам да одам во Банско оваа сезона, јануари-фебруари таму негде.
Испод 40 евра од човек не е.[/quote] бев и затоа знам и ја кажувам цената за возење со жичара дека е 20е од човек,40 е за двајца [/quote] Па 20 евра е и на Шапка. Да не си била летно време?[/quote] во јануари бев за нова година
препорачајте ми хотел со приступачни цени не мора да е ништо луксузно доволно е да е чисто само и пишете ми цени обавезно гледам по ова агенцииве ама многу бре по 45-50 евра нокеванје од човек мене ме интерсира стрикно 2возрасни +2 деца
Ако сакаш само скијање, без базени, сауни и останато, има многумина што издаваат приватни соби. Јас пред некоја година бев, ама негде кон крајот на март и знам дека плаќавме околу 10 евра од кревет, убаво чисто...соба со тоалет. Доле во куќата имаше голема трпезарија со камин, за друштво супер, но немаше за готвење освен за кафе и фрижидер секако.
мислам стандард дека кај бугарите нема кујна за готвење дали за лето или зимо демек било ептен ефтино па немао потреба од кујна и ние на одмор кога бевме летото исто немаше кујна па 15 дена утепавме по ресторани јадејки
Како досега не сум ја видела темава. Банско ни е омилена туристичка дестинација и во зима и во лето. Пошто воглавно се' сте си кажале во темава, јас ќе препорачам само едно местенце за јадење кое кога првпат ќе го видите ќе си помислите како мене "тука во оваа трафика да јадам нема шанси", ама кога ќе ви го донесат јадењето... Тука го јадев најубавиот помфрит, најубавото запечено лепче, најубавите пилешки прсти, а и ќебапите и рибата им се супер. Ова всушност е рибник, рибата ви ја вадат од едно како дрвено буре и ви ја спремаат. Не знам како да објаснам каде се наоѓа. Горе во планината Ги минете ски патеките и возите се' нагоре и нагоре додека не го видите местенцево Ние со автомобил бевме, па на какви пејсажи се нагледавме, а имаше и планинари, па како желба за нареден пат ми остана здравје да се искачам пеш до горе.