Мислам дека тие имаат превоз до Банско само со тргнување од Скопје. Мене ме интересира тргнување од Битола, ако знај некој нека ме обавести Или ако некој планира да оди за продолжњниот викенд Водици да делиме превоз
http://www.banskoski.com/bg/ Јас го најдов овој линк за инфо за ски за во Банско. Тука има информации за цени за дневна ски карта и за многу др. работи. Баш би сакала зимава да одам во Банско.
Zdravo dali nekoj ima iskustvo so Grand Hotel vo Bansko. Sakame tamu da prestojuvame ovaa zima, no ne mi e poznat hotelot.
Ај тие што биле во Банско нека пишат како се цените за ски лифт, жичара и колку пари ми се доволни за 8 дена само за џепарлак, без сместување и пат фала однапред
Јас кога бев(пред две години)ски лифтот беше 1200 ден.Сега последно што слушнав е дека е поскапен,а на колку незнам.Јас за три дена потрошив 2000 ден и плус 1200 за ски лифтот.Не се скапи маркетите,така да можеш да си купуваш од таму,цените се горе-доле слични со нашите.Јас за тоа најмногу бев пријатно изненадена,сепак е туристичко место,кое го посетуваат луѓе од цел свет.Така да,според моите потрошени пари,направи си одприлика пресметка-додади уште 5 дена Ски лифтот е навистина скап за наш стандард,но верувај ми вреди.Не си видела ништо од Банско ако не отидеш со лифтот до горе,секако ако си љубител на скијањето. Спојлер Јас мора уште еднаш да го посетам тоа место
Феминки, пред некој ден начекав понуда од Хисар за во Банско за 125евра за 5дена...Она што ме интересира има некој искуство со агенцијава??
Нели во Баско имаше кино 7D ако видел некој, имаше тука блиску до ски лифтот, оти сега сум во Банско а киново го нема, па се зачудив да не е преместено некаде
Девојки кажете ми како се движат цените за храна,на пр во ресторан дали се како кај нас или е поскапо и во продавници исто како се цените?
Јас седев во центарот, баш на самиот плоштад. Има една добро средена кафана, жива свирка имаше. Не ми текнува на името. Ќе ја видиш само таа е на плоштадот мислам. Ние бевме тогаш 10 души негде, плативме 180 евра.
Дали знае некој колку е цена за да се изнајми snowboard или скии? И ако бил некој во хотелот Spa & Holidays ако може да сподели искуство, како поминал и како е задоволен од хотелот? :]]