Изнајмување на скии е 20 лева, толку беше во хотелот јас кајшто бев но, мислам дека таа цената одприлика секаде
бев од претходниот петок до овој вторник, заврна следниот ден кога стигнавме значи во саботата. На патеките горе врнеше, долу во селото не...Ако ти е за скијање сега е супер.
Суперишка Фала девојки Слушав од многу дека немало снег и се потресов па реков да си прашам тука Јас се спремам тек за една недела да одам на продолжен викенд, така да има време..ваљда ќе издржи ситуацијава.
Планирам да купам купони за Денот на вљубените во Банско. Е сега, ја има истата ( за исти пари и во ист хотел ) понуда, и на Grouper ( преку агенција Бисер Пром ), и на Kolektiva (преку Скобул ). Па ако има некоја што може да сподели искуство за било која од овие агенции или пак чула за некакво искусво, ке ми биде од голема помош да знам со кои ми е посигурно да одам Фала однапред
Јас пред една недела бев во Банско со понуда од Групер, немаше никаков проблем, мислам дека ни од Колектива нема да има
МИСЛАМ ДЕКА НЕ МИ РАБОТИ ИНБОКСОТ НЕШТО И НЕ СЕ ПРАКААТ ПОРАКИТЕ ... ЅИРНИ ГО ОВА http://papillon.com.mk/prevoz-bansko/
Досега не сум се нашла во Банско,нити пак сум била во Бугарија а многу сакам да идам.Во некоја дрвена колиба покрај камин...совршенство.
Има некој искуство со ваучерите што се продаваат на интернет, како оди процедурата? И дали може таму да си најдеш смештај во хотел за евтини пари, а да немаш резервирано преку агенција или преку овие ваучерите на интернет?
Дечки ќе одам во банско, но немам опрема (одело за скијање) и скии, за скии знам дека можам да изнајмам, а за одело(палто и панталони) има ли каде да се купи, и дали се поскапи од тука во македонија?
Зависи колку пари ти се даваат и што опрема бараш. Сега во сезона се најскапи, треба да купуваш или пред сезона или на крај на сезона. Ѕирни во СпортМ има панталони со пристапни цени (лани си земав од таму за 2000-3000 денари, не ми текнува точна цена), во CityMall спроти Sport Vision имаше една продавница за спортска опрема и таму цените им беа по нормални, преклани си земав од таму панталони за 2500 денари.Можеш да видиш и во аутлетот во Борис Трајковски, таму ти се за нијанса поефтини работите.
ok само што не сум од скопје а и далеко ми е да одам....а за 2 дена одам и нз што да правам, а планирав до 100 евра да дадам за палто и панталони заедно...така непланирано ми испадна ке морам да дадам повеќе пари :\ ...
Банско има изгор цени. Никогаш не сум купила од таму нешто поефтино од тука. Таму толку ќе те чини само палтото или панталоните. Купи си од тука, што е сигурно - сигурно.
Зашто не можам да најдам убава, добра понуда за Банско со организиран превоз? Рачунаме со дечко ми за некои понуди ама не се исплати испаѓа 500 евра за 4-5 ден ќе потрошиме па некако многу ни е. Ај некој ако знае некоја убава понуда или агенција што има убави понуди
@Candid најдобро резервирај си на booking.com, а превоз имате низ сите агенции, па и таксисти кои возат до Банско.