@TheTribe , не знам кога ќе одиш, но во тек на сезона цената на опремата е иста како во Македонија, нормално. Ако одиш на крај на сезона, а уште се скија, има многу големи попусти. Ние пред 2 години бевме на крајот на Февруари на викенд, е тогаш многу беше евтина опремата. Сопругот си купи наочари за скијање за 20 евра, кои инаку по редовна цена беа 50 евра. Не се сеќавам на точните цени на јакна и панталони, само знам дека беа доста пониски од тоа што го гледав кај нас.
Денес официјално почна Ски Сезоната во Банско. За жал не успеав да резервирам, немаше слободни соби во хотелите. Но уплатив за од 04.01 - 165ЕУР со појадок и вечера + превоз + ски инструктор, подобро неможев да најдам, земајки предвид дека минатата година сред јануари (некаде 15.01) платив 280ЕУР и тоа само со појадок.
Да ве прашам тие што веќе сте биле во Банско, дали има кај да се шета во природа за оние што не скијаат? Само во гратчето, или има за шетање во околината?
Селото е подолу од хотелските комплекси, со голем број на меани, кашти, магазини. Доколку одиш прв пат ќе ти биде интересно. Имаш опција да одиш на одредени места каде што скијат чисто како набљудувач. Може да одиш со автомобил, може и со гондола. Спојлер Картата може после да ја продадеш на оние кои покасно доаѓаат на скијање. Пола-пола.
Ти благодарам на информацијата @friendy. Размислувавме за Банско, за викенд да одиме после Нова Година, ама најверојатно Крушево ќе одиме, за Банско во некоја друга прилика (и со повеќе слободни денови). Не е на одмет информацијата, ти благодарам уште еднаш!
Како е во Банско во момент со снегот?знае ли некој? и би ли можеле да најдеме смештај таму на лице место?
Здраво девојки! Дали некоја има искуство со Туристичка агенција Вајкики!? Дали се Ок? Гледам имаат доста атрактивни аранжмани за Банско за зимово со превез и без превоз на sitepopusti.mk еве линк http://sitepopusti.mk/ponudi/Skopje/Patuvanja-i-smestuvanje?sort=datum&sort_direction=silazno поздрав
Имаш овде податоци за повеќе туристички агенции. http://forum.femina.mk/threads/Туристички-агенции.1447/#post-51505
Здраво девојки бев во Банско на почетоков на зимава и беше одлично, но сега размислува да одам повторно но овој пат во Разлог во хотелот Мурите, ке ве замолам за било каква информација колку е одалечено од Банско дали има превоз, или дали во разлог има ресторани,кафани,клубови раздвиженост како во Банско? поздрав
Светското првенство во алпско скијање за жени ќе се одржи во Банско, Бугарија. Тридневниот настан започнува на 27 февруари - http://goo.gl/RmPKJD.
Девојкии, некој да ми каже искуство од хотелот St.George во Банско...што се има, алл инкл.- јадењеето дали е добро дали има многу избор на јадење.. внатре услугите, што се нудат и сл. ? @Mermaid90 видов ти имање нешто спомнато...
Моите беа лани, оние беа презадоволни. Убаво сместување, а и храната била супер. Со шведска маса, ама имало сè и сешто, голем избор и вкусно било. Јас на пример бев во Мараја хотелот, сместувањето беше супер, ама храната not so much.