1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баптизам

Дискусија во 'Религија' започната од LadyR, 23 август 2018.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    Видов дека нема ваква тема, затоа и отворив.

    Според дефиниција: Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснaт верник. .

    Дали ова значи дека нема деца баптисти? Присутна ли е како официјална вера во Македонија или се вид на секта? Кои им се разликите од нашата вера-православна?

    Скоро дознав дека еден познаник бил во оваа "секта"? Гледав слики како го "крштеваат" и ептен ми се језиви. Разбрав дека наводно се воделе под име на невладина студентска организација и "бирале" студенти кои се сиромашни и им требаат пари. И овој познаников ептен се сиромашни неговите, а тој буквално цел свет го прошета оваа година што е чудно. Дали некој знае нешто? Од полза би им било на студентите ако е точно :)
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.569
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Христијаните баптисти се дел од протестанско-евангелските христијани.
    Карактетистично за протестантите е тоа што своите верски верувања ги темелат на Библијата и само Библијата, за разлика од католиците и православните кои покрај Библијата, на исто ниво ги земаат и усните преданија, пишувањата на ткн. "свети отци", одлуките на вселенските и помесните црковни собири итн.

    Баптистите, како и сите протестантски христијани, не крштеваат бебиња. Ние протестантите веруваме дека крштевањето треба да е како во Библијата т.е. тоа треба да е лична одлука на човекот и на тоа треба да му претходни лична вера.
    Моето дете јас ќе го образувам во христијанството, но можеби тоа ќе одлучи да биде атеист или муслиман, и самиот тој/таа ќе си одлучи да не се крштева. Слободна воља и сопствена одговорност.

    Зависи што подразбираш под деца. Јас знам деца што повеќе знаат за верата и Библијата од скоро сите овде на форумов. И веруваат во тоа со се срце. Може да се каже вака: нема бебиња баптисти, или погенерално: нема бебиња протестанти, или уште погенерално: нема бебиња кои се библиски христијани само затоа што нивните родители се христијани. Исус јасно поучувал дека секој треба лично да се покае и лично да одлучи да го следи, а не со принуда, ниту наметнато.


    Баптистичките цркви се регистрирани во регистарот на верски заедници во РМ. МПЦ пред нашата секуларна државата е исто така верска заедница.

    Кога се вршеше ревизија на Светото Писмо (2006 година), во ревизијата учествуваа претставник од МПЦ, претставник од Католичка и претставник од протестнтите (проф. д-р. Иван Грозданов - кој беше пастор на Баптистичка црква).
    Печатењето на Светото Писмо во Македонија го врши европското библиско здружение - во чиј состав има и баптисти.

    @LadyR главната разлика меѓу вашата православна вера и верата на протестантските христијани (значи и баптистите) е она што го спомнав најгоре: Протестантите ги темелат своите верски верувања на Библијата и само до Библијата - провереното, докажано и веродостојно Божјо Слово.
    Па оттука немаат икони, не крштеваат бебиња, не се молат на светци, не ја обожаваат блажената Марија (Богородица), немаат ценовници во црквите (сите црковни чинови се бесплатни (венчавање, крштевање, молитви, погреб итн). Нема задушници, нема свети водички, нема верување дека бројаницата те доближува до бога, или дека крстот на вратот го брка ѓаволот, нема обврзувачки пости (од тој до тој датум да мора да се пости), нема митарства и сл.

    Сепак Никео-Цариградскиот символ на верата е идентичен и кај православните и кај протестантите, бидејќи истиот е темелен на Библијата.

    @Bitter-Sweet , јас, покрај тоа што сум христијанин, во општествените рамки на верските определби (како што е пописот) се идентификувам како протестанско-евангелски христијанин.

    п.с. Извинете ако не одговарам брзо, на одмор сум, не земав лаптоп и ме мрзи да куцам од мобилен. Позз
     
    Последна измена: 23 август 2018
    На makedonkamak и bebaa им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А десетокот кај го пишува во Библијата?
     
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ај барем добра музика и игранки имаат :party:
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Десетокот бил заповед во Стариот завет (Битие 28:22, Левит 27:32, Евреите 7:5 итн.), но не е облигативен во Новиот завет, па затоа не е облигативен и кај протестантите. Секој прилог е доброволен прилог.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @LadyR, а која организација поточно? „Најјако“ кај протестантскиве деноминации се овие маскирани студентски организации преку кои ја шират религијата. :drunk:

    Инаку, не дека не е на некој начин наметнување крштевањето на бебиња (иако самиот чин не влијае на ставовите понатаму)... но диктирање на цел живот и активности во домот според религијата, детски Библии, разни религиски материјали и редовни собиранки со таа тематика, па и привлекување други луѓе преку ваквите студентски организации - е уште многу поголемо наметнување. Ама, тие си знаат. ;)
     
    На Lella, WildMk и DAngel им се допаѓа ова.
  8. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    @Someonespecial

    https://www.facebook.com/mpz.mk/?pageid=876334609150307&ftentidentifier=1338461662840022&padding=0
    https://www.facebook.com/sekojstudent/

    Гледам организираат летни кампови (полн пансион-седум дена) по смешна цена од 5000 денари. Таму им држеле предавања за емоционална интелигенција, духовен развој и религија. Некој со мнооогу пари стои позади ова, бидејќи тоа се пари и пари вложени. Исто и за познаници што ги имам, за цела година цел цвет го прошетаа и куќа направија, а немаа пари струјата да си ја платат претходно им ја исклучуваа.
    Да сумирам-значи освен за „душевен мир'', парите играат голема улога во преминувањето во оваа вера. Кој ги дава тие пари, ако од никаде не се полни касата (ни венчавки, ни крштевки)? Тоа би било исто како на нас православната црква да ни дава пари бидејќи сме православни и одиме на црква? Не сфачам искрено.
    И каде ги погребуваат овие луѓе?
     
    На WildMk, lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Зошто во цел свет се признати како религија а во Македонија да се вид на секта?

    На балканов наш признати се само православни христијани,католици и муслимани, се друго е секташи :|

    И според тебе се секта.

    Да не бидам погрешно сфатена не не сум баптист.:shake:
     
    На bebaa, Quincy, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    Секта: Религиозна група што се отцепила од својата црква.

    Значи тоа е вистинското значење на зборот секта. Не е нешто злобно, или да не асоцира на самоубиства, црна ружа и слично.
    И според мене се нешто нејасно уште, повеќе накај секта бидејќи не сум видела во секој град црква (т.е. во никој град немам видено), и луѓето јасно и гласно да се изјаснат дека преминале во друга религија. А на пример, нашите цркви е „јасно и гласно каде се наоѓаат“, исто и џамиите и католичките цркви. и во студентски некој пат ни имаа на врата чукнато луѓе од тие две невладини студентски организации кои ги спомнав погоре и ни зборуваа за Бог, анкета за Бог, па да сме отишле на предавања во нивните простории. Зошто би се криеле позади студентски невладини организации ако се легални и официјално признаени??? И друго, меѓу нив се испомажени, испоженени и некако не се мешаат.
    Тие што јас ги знам одат секоја недела со комбе некаде (заедно со уште други луѓе) облечени во костими, дотерани :?::?: Велат работеле (во недела хмм). И џабе е, ги видовме, слики има како во река ги крштеваат. И демек големи верници се, а на мајка им со какви се не зборови (срам ми е да помислам, не па да и ги изустам на мама) и се дераат секој ден по патот.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Познат баптистички пастор е светски познатиот борец за човекови права - Мартин Лутер Кинг, кој бил борец против расната нееднаквост и добитник на Нобеловата награда за мир. Организирал огромни ненасилни демонстрации против расната дискриминација, во времето кога црнците не смееле ни да седнат во автобус и кога морале да одат во посебни тоалети за да не се мешаат со "чистите" (белците).
    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Martin_Luther_King_Jr.

    За жал, заради неговата упорност за правата на црнците, му беше извршен атентат. Но тој секако изврши огромно светско влијание.
    Ви го препорачувам неговиот познат мотивациски говор "I have a dream", кој што стана лектира за студентите што учат јавно говорништво. Еве краток исечок од тој говор.
     
    На bebaa и Quincy им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Фамозните Секој студент :wasntme: Enough said... :D

    @ane.bella, те сфаќам што сакаш да кажеш, ни јас не сум за етикетирања - верниците како верници ги третирам исто без разлика на религија/деноминација, може да се рече дека ги делам само според слободоумност и покрај верата, и конзервативност. Факт е и дека многумина овде во Македонија гледаат со скептицизам на сите припадници од други деноминации од оние што ги спомна, поради неинформираност.
    Меѓутоа, тоа што ми пречи (мене, а и на сите информирани - посебно од гледна точка на атеист) кај овие заедници, е неискреноста при ширењето на својата вера преку овие таканаречени невладини и студентски организации. Перат мозоци под пандан на општи теми привлечни за млади луѓе (емоционална интелигенција, лидерство и сл.), зад кои главна цел им е Бог и само Бог во протестантска смисла на зборот. Млади личности на кои тоа не им била првичната намера и интерес, се задлабочуваат и ограничуваат во религија, главно хоби и преокупација им станува Библијата. Тоа според мене е многу жално, погрешно и подмолно.
     
    Последна измена: 23 август 2018
    На Lella, Nausicaa, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    Еве, ги најдов сликите. Ги ишарав лицата, да не се гледаат сепак луѓево. Ова е во Македонија :) Сите се од Секој студент. Мене ми е тоа конфузно. Ако е се легално, зошто се кријат позади студентска организација? orca-image--619363610.jpeg_1535029771790.jpeg FB_IMG_1535029537826.jpg orca-image-794918458.jpeg_1535029361921.jpeg orca-image--1411064312.jpeg_1535029397838.jpeg orca-image--1910446548.jpeg_1535029314648.jpeg orca-image--619363610.jpeg_1535029771790.jpeg orca-image--1411064312.jpeg_1535029397838.jpeg orca-image--1910446548.jpeg_1535029314648.jpeg
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Баптистите се црнци.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    И @EvAngelos навистина ме интересира каде ги погребуваат луѓето од оваа вера? На нашите гробишта сигурно не, мислам дека не е дозволено
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не знам каде вие имате гробишта, ама доколку тоа се ваши приватни гробни места - сигурно не таму.
    Протестантите ги погребуваат своите починати на јавните гробни места: Бутел, Ѓорче Петров, Ченто, Драчево (овие во Скопје ги знам) итн. Нормално како и секој треба прво да си купиш гробно место.
     
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    Во мојот град гробиштата се во склоп (во дворот) на црквата. Има тука и капела каде го чуваат телото, па неколку часа пред да го погребат го изложуваат во црквата за да се поздрават луѓето за последен пати и потоа го носат во гробишта. Од друга вера ниту носат во капела и црква, ниту ги закопуваат овде.
     
    На Orthophill и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    На градските гробишта има споменици со комунистички петокраки. Не е точно дека само на црквата припаѓаат.
     
    На Joi и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па нормално од друга вера да не ги носат во вашата црква, како што и вие вашите починати не ги носите во џамија или синагога.
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.658
    Да, ама ни од џамијата не ги носат на овие гробишта. Си имаат нивни...