1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баптизам

Дискусија во 'Религија' започната од LadyR, 23 август 2018.

  1. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    За да привлечат повеќе луѓе. Да, малку е неискрено што се претставуваат како обуки за лидерство, емоционална интелигенција или било што, а всушност сакаат да ја прошират нивната вера, ама тоа не е нелегално.
    Не знам некоја "секта" во Македонија што се крие дека е "секта". Јеховините сведоци си стојат со нивните списанија, евангелистите си имаат сопствена црква, мормоните се познаваат оти се нарекуваат Црква на Исус Христос. Очигледно е кои се православни христијани, а кои не.

    Како што знам, сите христијани треба да ја шират нивната вера, така да до некаде ми се океј. Од нивна гледна точка, мораш да ја примиш верата за да ти биде спасена душата. И конкретно баптистиве, не забегуваат толку од христијанството како мормоните на пример. Никаде во бибилијата не пишува дека мора бебиња да се крстат(како што знам) па затоа нивното заедничко крстење на возрасни не им е секташко.

    И мислам дека треба да се смени насловот, баптизам е друг збор за крштевање, а во темава се зборува за протестантите-баптисти.
     
    Последна измена: 23 август 2018
    На daylight, Just.do.it, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Ами да не ти се јасни заради тоа што оваа религија очигледно е нова за тебе, дојди во Америка ќе ти стане по јасно,и тоа што немаат цркви низ градовите кај нас не ги прави секти.

    Мене пак не ми е јасно зошто треба јасно и гласно да се изјаснат на народот дека преминале во друга религија?
    И ако решат да се изјаснат ќе бидат оговарани и етикетирани како секташи,како ти што го етикетира твојот познаник, па тоа може да биде една од многуте причини да си ќутат и да си одат по патот што го одбрале да го одат.

    @Someonespecial 100% во право си и мене истото тоа ми смета, не е фер што се кријат позади студентски или било какви други организации само за да привлечат што поголем број “следбеници” плус еве дури и пари давале :x

    Други што сакам да кажам е дека баптистите во Америка се многу по различни од овие овде вие што ги зборувате. Според ова што го читам баптистиве кај нас ме потсеќаат на Fellowshio of the sun :D во серијата True blood кој ја има гледано серијата ќе сфати што сакам да кажам :rofl:

    За погребување ги погребуваат во градски гробишта во кој се погребуваат сите умрени без значење дали биле верници или не верници и не не ги носат на посебни места, или пак ги горат и си ги чуваат дома.

    Ок и што ако се црнци? :^)
     
    На Dalia93, Feminka22, Quincy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    4.542
    @ane.bella Знам многу повеќе информации и не сакам да ги споделам. Најмногу ме поттикна да ја отворам темава фактот што другарка моја беше на нивната „Летна школа по англиски - Спик оут“ во Охрид. А таму им зборувале глупости цело време, и последниот ден им дале некоја библија со црни корици, па и некој формулар да потполнат со нивни податоци за да се зачлениле во организацијата. Мислам хелоу??? Летен камп, тутори од Америка, ќе се вежба англискиот бла бла, и на крај оп - библија и Бог. И тоа со познаниците ми е плус од претходно што го знам. Ама после кампот коа ги кажа другарка ми што се издешавало, пребарувавме малце и така дознавме некои невкусни информации.
    Значи што прават прво - Финансираат камп со цел да дојдат до луѓе на кои им се потребни финансии. Ќе видиш камп 5000 ден за 7 дена, полн пансион - топ. Тие се свесни кои ќе одат на кампов - деца кои немаат финансии доволно за да им издвојат од дома и да ги пуштат на одмор (за 7 дена во хотел со три оброка ти требаат најмалце 12 000). И потоа ги делат децата на групички по 3-4 деца и секоја група има тутор со кој се по скоро цел ден, и тој секој ден им зборува за религија, за Бог... Имало некои послаби карактери и дозволиле да им влијаат, i се лажат по парите. И така... За мене ова е фрапирачко, и ептен недолично и недозволиво!
    Сакам да знаат сите што се случува овде (родителите да бидат претпазливи каде и со кој ги праќаат децата), а не како е во Америка. Јас лично Американците ги сметам во глобала за потупа нација од нас, само што имаат пари и моќ. Мала држава сме, а ни се случуваат разноразни работи.
     
    На Just.do.it, Orthophill, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    А како ги направиле тие пари и моќ ако се тупи? Значи човек што носи опинци е попаметен од некој што врти милиони?
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    4.542
    @Mamli Податок од 2016: American Indian and Alaska Native - 2,597,817 или процентуално 0.8% од населението. Па види колку од населението во Америка се native Американци, а колку се од други раси.
    И кога ќе видиш дека донираат пари за Кајли да стане најмлада милијардерка на светот... Што да кажам повеќе?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Ме мрзи скринови и линкови да праќам, али отвори на фб асоцијација на македонски атеисти пиши у search секој студент и читај.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Каква перверзија! Да се користи терминот 'студентска организација', за да се шири религија :puke:

    Сигурно Бог не мислел на лаги, шеми и местенки, кога рекол дека треба да се шири религијата.
    Сигурно пророците не се криеле и не ги 'фаќале со лага' луѓето, за да ги преобратат.

    Библијата испаѓа само како алатка за достигнување на нечии лични цели.
    Не ми е јасно како е ова регулирано со закони, па проаѓа како ништо да не е...
     
    На Luminary, Lella, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Секоја организација без разлика каква идеологија или религија проповеда користи разни начини на пропаганда и привлекување на нови следбеници. Не постои нефер/фер пропаганда, туку колку си успешен во тоа што го проповедаш. Зарем педери, буљаши, лезбејки, левичари, либерали не проповедаат на секаков можен начин и со секакви ресурси? Цела мејнстрим култура и образование го запоседнаа.
     
    На sjdgo, EvAngelos и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да не ве преобратат?
    Религиско убедување може да се наметни, сексуална ориентација не можи.
    А дека е 'запоседнато' се'.... мало морген..
     
    На Someonespecial и LadyR им се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Во ред е сето тоа што го зборуваш,и јас не се согласувам со нивниот начин на ширење и наметнување на верата.
    Ти ја отвори темава си кажа што имаше да кажеш истото го направив и јас, јас незнам какви се таму но ти кажувам како е со баптистите во Америка.

    Тоа дали се Американците тупи е сосема друга тема, незнам зошто мешаш баби и жаби, од баптисти се префрли на тупи американци, индијанци па се до кајли џенер (facepalm)
     
    На Dalia93 и Joi им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    И либерализмот/снобизмот може да се наметне, т.е. се наметнува насекаде.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Може да се наметне. Исто како што ти се обидуваш да наметнеш конзерватизам.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Не е точно ни дека се кријат зад нешто друго. Јас сите левичарски, либерални, про-ЛГБТИ здруженија... you name it, за кои сум слушнала - ги знам (и поддржувам) такви какви што се. И им ја пишува целта отворено на фб страниците во опис (ако не е очигледна дури и по самиот назив), секој може да види.
    Додека за Секој студент ретко кој не знае, секоја година на почеток за бруцоши кај мене на факултет држат семинар, 50 и кусур мои пријатели на фб им ја имаат лајкнато страната а се кладам дека ни на една рака не се бројат тие што знаат која им е вистинската цел :)
    Јас откако открив што им е финтата, кажувам на сите што ми спомнат дека се интересираат барем накратко дека е всушност верска организација. Тоа перење мозоци треба да се спречува што е можно повеќе.
     
    На Lella, Nausicaa, mira.mira и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ќе те цитирам за болдираното. Ниту протестанти ниту католици ниту православните се водат по Библијата и само по неа. Многу книги се отфрлени бидејќи не им се допаѓаат на наведените групи на христијани, дискутиравме за ова нели. Бизарно е да отфрлаш Библиски календар а да славиш Библиски празници по пагански календар.
     
    На Lella, daylight, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не реков дека се кријат, само најсилната поента ја реплицирав...

    Никој не се води по Библијата.. Сечија Библија е различна верзија. Сечие учење и толкување е различно... Кој што сака си прави, урнебес е сето.
     
    На Joi, ane.bella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Баптистите во САД се претежно црнци и немаат некое влијание во општеството. Онака протестанско христијанство помешано со voodoo магиии гето култура. Од друга страна Мормоните коишто претежно се белци буквално се motherfuckers во САД. Најголем дел од нив исклучително успешни бизнисмени, луѓе од средната и високата класа, класични семејства со по 6-7 деца, луѓе од збор и големи работници, низок степен на разводи или дисфункционални семејства. Средини кадешто се населени скоро и не се забележани некакви криминални проблеми од типот убиства, дрога, пијаници. Децата уште од млади години ги праќаат на мисија и да созреваат многу побргу од нивните врсници. Затоа и подоцна во животот голем дел од нив се многу богати и успешни.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Арни се сите.... кој - од кој... И тие што ги наброја, и тие што не ги наброја... И кај нас има криминалци православни.. колку ти душа сака.. А да зборуваме за католички свештеници педофили? М?

    Ајде-ајде... далеку сме ние од цивилизација (глобалното општество), иако 'мелиме' цело време 'цивилизација, цивилизација'.
     
    На Joi, Someonespecial и ane.bella им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Мормоните го имаат факторот на квалитет, а не на бројка. Треба првин да се докажеш и покажеш за да ја стекнеш нивната доверба и лојалност. МПЦ прима секакви, затоа и секакви се врзуваат со црквата.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ја би рекла: сите се никакви
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Звучиш како некој Trump supporter ,:) ти вришти расизам во постов.
     
    На Lella, Dalia93, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.