1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баптизам

Дискусија во 'Религија' започната од LadyR, 23 август 2018.

  1. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Фактите немаат врска со расизам. Најбезбедни, најбогати и најскапи религиозни квартови во САД се мормонските. Најнебезбедни, најсиромашни, најнечисти квартови се баптистичките, т.е. населени со црнци.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Пиши се мормон и оди во САД
     
    На Dalia93 и ane.bella им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да де:
    Лидершип самит,
    Секој студент,
    Career Direct (демек кариерно насочување, а ти ја проповедаат Библијата)
    Невладини колку сакаш :D
    Се кријат зад такви невладини организации, претседателот им е на секој собир генерален покровител, а зборат за секуларност :D
    Секој студент се активни одамна, делеа УСБиња уште јас кога се запишував на факултет.
    Да се тргнам строго од баптистите. Во средно ми беше поклонета "Времето и знаците" (адвентистичка книга). Ми ја дадоа демек поради мојот интерес за астрономијата. Значи и ним им била подметната, појма немале што даваат. Убава на изглед им била, онака плава, дебела. :D
    Book of Mormon ја имам најдено оставена, да ме "чека".
    Ме имаат викано на курсеви англиски. Па си разврзам муабет и на крај завршат со "Oh, you don't need it".
     
    На Nausicaa, lovestoneddd, LadyR и 3 други им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Многу различни религии постојат денес. Во Библијата пишува дека Исус се крстил на возрасни години и со целосно потопување во вода. Па и според моите верувања тоа е исправно. Човекот треба сам да си одлучи.
     
    Последна измена: 24 август 2018
    На EvAngelos и ane.bella им се допаѓа ова.
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    И мормоните примаат секакви, затоа одат по врати и на мисии низ светот, за да ја шират верата. Дури и во Африка и Океанија има Мормони. Имаат јаки заедници, ама ако некој кој израснал во таа идеологија, како возрасен сфаќа дека не се пронаоѓа во неа, не може да напушти и да сака бидејќи сите роднини и пријатели му се мормони кои ќе го напуштат ако реши да биде протестант/католик/муслиман/атеист. На некој начин како секта.
    Јас на пример, се имам изјаснето како атеист во моето православно семејство и на никој не му е big deal. Да израснев како мормон, ќе беше друга приказна.

    Не се чиста и совршена заедница како што ги правиш, пред некое време изби скандал дека организацијата прикривала сексуални злодела од мормони кои биле на високи позиции

    https://kutv.com/news/local/exclusi...w-the-lds-church-responded-to-mtc-sex-scandal

    Контроверзни се и прашањата што мормонски бишопи им ги поставувале на деца што биле злоупотребени.
    http://protectldschildren.org

    Само 1,8 % се во Америка, само во Јута ги има над 40% така да не се некоја голема заедница. Ако се земе во предвид дека бројот на латино-американци се зголемува, тоа значи дека и бројот на католици највеќе ќе порасне, кои и онака се повеќе од мормоните.
     
    На Lella, Nausicaa, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Во САД и Канада ги има преку 7 милиони севкупно што е еквивалент на една Србија или Бугарија. Според таа пропорција нормално е и помеѓу нив да се појават сексуални манијаци и криминалци. Никоја организација не е совршена и безгрешна.

    Во Македонија и нема православни христијани. Според некои мои субјективни проценки процентот не е повеќе од 10% од Македонците. Македонците процентуално се многу повеќе атеисти отколку православни. Младите генерации скоро пак ич.
     
    На daylight и worrieddd им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    И ова е вистина, не само за мормоните туку и за протестантиве (методисти, евангелисти, баптисти) - како низ светот, така и кај нас.
    Пред некој ден во темана причини за атеизам спомнав за еден хаштаг на Твитер, преку кој екс-верници (претежно евангелисти од Америка) раскажуваат свои приказни за тоа со какво одбивање од најблиската околина се соочуваат откако ја напуштиле верата и членството во верските заедници.

    За една отприлика таква ситуација тука кај нас, знам и јас лично. Имам споменато по темите дека во основно и средно имав две другарки и соученички од евангелска црква, едната ми беше и во комшии и доста блиски бевме, па и со семејството нејзино се знаевме. Лани се оттргнала од религијата и почнала да живее со дечкото, а мајка ѝ ја сретнав пред неколку месеци и ми кажа нешто во стил како „нека е жива и здрава XX ама таа скршна од нашиот пат на кој ја учевме“. Во превод, девојчето воопшто веќе не е во комуникација со нејзините. И ова, меѓу другото, ми ја светна сијаличката и ми ги отвори очите за тоа какви се всушност овие цркви и заедници.
    (Не сум фан на вакви оговарачки муабети во врска со луѓе од рл, ама морав како пример.)

    Така да, спротивно на тоа што се трудат да се претстават како нешто попрогресивно, на интелектуално повисоко ниво во целина (оти нели не веруваат во икони, светци, суеверија...) - ситуацијата со овие деноминации јас заклучувам дека всушност можеби е полоша и отколку со похардкор православните верници. Затоа што, многумина наши млади атеисти кои се опкружени со конзервативни православни постари луѓе, како прво не мора ни да кажат и покажат пред нив дека ги промениле своите видици (јер не се врти целиот семеен живот околу верски собиранки, црква во недела и сл.), а и да кажат - несомнено ќе им трубат разни осудувачки и игнорантни ствари, но ретко кој (да не речам никој) може да прекине целосно комуникација со децата поради тоа.

    Затоа, овие заедници се со еден збор опресија и назадување, а не симбол за квалитет, просперитет, лојалност, чистота и незнамтикакви патетични пофални зборови.
     
    Последна измена: 24 август 2018
    На Lella, Nausicaa, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кај овие надворешни влијанија малку не ми се допаѓа тоа што се нарушува религиозното и традиционалното единство меѓу народот.
    Од друга страна, секој е слободен да прави какви сака избори во својот живот што е до мене, а и општо.
     
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Во секоја демографија има секакви луѓе, ама битен е начинот на којшто се справуваат со девијантите како педофилите и силувачите. Мормонската и католичката црква како институции имаат скандали дека ги кријат и затајуваат, наместо да ги предадат на полицијата.


    90% од Македонцие веруваат во Господ и за своја ја сметаат македонската православна црква. Тоа што не се придржуваат 100% до верските догми не ги прави атеисти. Штом веруваат во Господ според православната христијанска вера-православни се.:)
     
    На Lella, WildMk, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.667
    @Mamli Ако не одам во црква секоја недела или пијам пиво, не значи дека не сум православна христијанка. Верувам во Бог, не верувам во поп. Верувам во мојата вера и религија, ама не значи дека треба сите околу мене да ги убедувам во тоа јас што верувам, да ги убедувам да ја променат верата, или да шетам од куќа на куќа и да делам библии.
     
    На Orthophill, lovestoneddd и Joi им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Ако тврдиш дека Македонците се 90% религиозни тогаш веројатно не си родена во оваа држава или не живееш долго време. Или пак не си некоја социјална личност и не излегуваш често меѓу млади луѓе. Не верувам дека си нешто од овие работи, туку само тераш инает безпотребно.

    Популацијата од 18 до 45 години се најголем дел атеисти. Можеби не се изјаснуваат како такви, но живеат таков живот. Да беше спротивно црквите ќе беа полни со млади луѓе, а не кафичите и кафаните. Или пак младите ќе слушаат христијанска музика наспроти тоа што го слушаат. Или пак ќе носат гардероба која го покрива телото. Или пак ќе немаат пребрачен секс, менување партнери, користење кондом и така натака.
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Конечно призна дека станувате минато веќе.
    Кажав јас одамна, ти ме демантираше на времето.
    Сега гледам ти се разјаснило :)
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Православните не се придржуваат до верата ни приближно колку што мормони или баптисти знаат да бидат посветени, православни се главно декларативно, тоа е поентата. :)
     
    На WildMk, EvAngelos, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Христијаните во Македонија стануваат минато секако, но затоа расне бројот на муслиманите. Не само кај нас, туку низ цела Европа. Значи една религија се заменува со друга.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Се намалува општо влијанието на религијата врз луѓето, во сите религии, не конкретно христијанството.
    Живеам и работам во мулти етничка средина и знам за што зборам.
    Поготово младиве генерации, полека полека се отргаат од тие стеги.
    И.. ме радува искрено. :)
     
    На Lella, WildMk, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Не се намалува. Напротив се зголемува. Во Македонија џамиите се преполни со верници секојдневно. Муслиманите сеуште се држат супер и ме радува искрено.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не тврдам дека се религиозни, туку дека се верници. Поентата ми е дека ако веруваш во Господ, верник си. Нема врска каков живот живееш. Да, лош верник си ако ги правиш сите тие работи што ги наброја, ама не си атеист, како што упорно тврдиш. Верувал или не, се дружам со млади и знам каков живот живеат. Повеќето веруваат дека постои Господ што ги создал и еден ден ќе им суди. Одат по цркви за големи празници и селски слави, се венчаат, крштеваат деца, вапцаат јајца, некои и постат. Не се до толку нерелигиозни.
     
    Последна измена: 25 август 2018
    На Orthophill, Lella, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе отворам нкз темиве да прочитам некои паметни искуства секогаш наидувам на глупости. Така и овде. Извинете.
     
    На EvAngelos и daylight им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.667
    Извинето ви е. Извинете и вие што сакам да предупредам што се' се случува околу нас. Можеби вие немате деца или можеби не ве интересира какви „летни кампови“ постојат, ама сметам дека има некои што би сакале да знаат. Ако е тоа глупо искуство според вас, океј е. Секој има право на свое мислење. Можете да отворете било каква тема според ваша желба и да споделете паметни искуства. Поздрав
     
    На Orthophill, marchi-cool, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Баптисти се god hates fags?

    Туку...
    Ме интересира кои се оние што стојат по автобуски дотерани и со книги, маж и жена, претежно. Јеховини сведоци?
    Не ми се прашува дирекно што нудат за да не привлекувам непотребно внимание кон себе, а мене никој не ме застанува и нуди или замара со било што пошто сум генерално одбивен, што и не е лоша ствар. А и плус доста брзо поминувам, секогаш и секаде, со поглед сечам се, кој видел, што видел, многумина виделе, малкумина приметиле - јас сум заминал во толпа, некаде попреку.

    Не дека сакам да се приклучам на некоја секта, скраја да е, само сакам да знам што се има надвор.