1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баптизам

Дискусија во 'Религија' започната од LadyR, 23 август 2018.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Го делам истото мислење со тебе. Темава е доказ дека генерално луѓево во Македонија немаат ни елементарно познавање за другите вероисповеди (деноминации) освен православието и исламот и полни се со предрасуди и дезинформации. Ама што очекуваш кога повеќето од нив ни својата вера не си ја знаат, а што останува па за другите. Како протестант одлично сум запознаен со баптистите и почнав на почеток да објаснувам, ама кога видов како темава забега во клевети и куп дезинформации, не вреди ни да се пишува овде.
    И одлично сум запознаен и со Секој Студент и тие не се баптистичка црква или баптистичка организација како што овде пишуваат, така што сосема се офтопик на темава. Тоа е студентска христијанска организација која не крие, ниту некогаш криела дека се залагаат за духовен развој на студентите. Еве и на нивната официјална страна јасно си го пишува тоа и тоа не подзаскриено на некоја споредна статија, туку транспарентно на почетната страна: www.sekojstudent.org

    Исто и летниот англиски камп што го плукаа дека е некаква превара и демек таму прикриено им се подметнува религија на камперите е исто така клевета, бидејќи тоа е јасно наведено на официјалниот веб сајт каде што се регистрираат камперите: www.speakout.mk
    Така што ако некој не сака да оди на таков камп, никој не го тера со сила. Сепак имајте предвид дека правото на слободна вероисповед е загарантирано со уставот на РМ и вакви кампови, духовни дискусии, дебати, форуми и слично се сосема легални, исто како што и атеистите или ЛГБТИ активистите можат да си прават свои кампови и отворено да си дискутираат за своите вредности и убедувања. Јас немам ништо против родителите да си ги праќаат своите деца на такви кампови. Секој согласно своите убедувања. Толеранцијата меѓу верниците и атеистите треба да биде обострана!
     
    На marchi-cool, Quincy, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925

    Каде е јасно наведено?
     
    На LadyR, Joi и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па ете, сама си цитирала. Два пати се спомнува зборот „духовност“. И тоа вториот пат на страната е со големи црвени букви. Да не сакаш и да трепка?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Духовност за тебе е јасно наведено?
    Знаеш дефиниција на духовност?
    Духовноста може, но не мора да биде поврзана со религија. Исто така НИКАДЕ не е јасно наведено за која религија се однесува.
    Често има психолошки советувања за духовен развој. Сите ли ги вие организирате?
    Имаш јога кампови секој викенд. Сакаш да кажеш дека и тие ги организирате вие?

    Capture.PNG
    Не е јасно нагласено, напротив доста подло и дрско е.
    Ако јас имам емотивен проблем со задоволство би отишла на некој камп кој ми нуди духовен развој со мисла дека таму ќе има професионалци кои се грижат за човековата психа.
    Патем, кога размислам подобро, токму тоа и ви е целта. Емотивно слабите луѓе се најлесни за манипулација.
    Ти благодарам на објаснувањето.

    Или со студентите, да се вратам на Секој студент.
    Млади изгубени бруцоши кои едвај чекаат да се зачленат ваму/таму, да се вклучат во некоја организација, а вие секогаш сте првите што се "сервирате".
    Ако е јасно кажано на вашата почетна страна (извини, освен организираното групно читање на Библијата, не видов каде е јасно кажано), зошто има збунети луѓе кои прашуваат зошто студентска организација се занимава со Билијата на вашата објава на фејсбук?
     
    Последна измена: 25 август 2018
    На Lella, LadyR, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е друг пат, не 'сечи' со поглед, застани и истерај си еден муабет.... :)
     
    На daylight и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Супер ти е темата Лејди, нема зошто да се извинуваш. Само насловот можда може да се промени или да се спојат мислењата во тема за протестантизам :)
    Немам ни јас деца, но како голем поддржувач на секуларизмот сум за отварање очи околу вакви квази организации. И јас порано бев наивна на оваа тема, но оваа година-две ми се разјаснија уште многу работи :)
    Штета што еден член доста запознаен за ова не е активен сега и го изгуби интересот за форумов, иначе ќе беше многу интересно. :wasntme:
     
    На LadyR, Joi, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не е наведено, затоа што е дозволено за било која религија да се дискутира. Има кампери што се муслимани и си кажуваат свои ставови како исламот гледа на работите, има и кампери што се њу ејџ и цитирале духовници како на пример Ошо, има и атеисти и си го образложуваат атеистичкиот став.
    Точно дека духовност не мора секогаш да биде поврзано со религија, ама секако дека може да е поврзано со религија и тоа е примарно, а не секундарно значење. Ако кажеш „религија“, тоа пак асоцира на цркви, религиозни обреди и ритуали, а не на слободни духовни дискусии каде секој може да си изнесе свој личен став за смислата на животот, како тој/таа го перцепира Бог, за вечноста, за гревот, за живот по смртта итн. Затоа мислам дека таман си е зборот духовност. Ако некој не му е јасно или го интересира подетално какви духовни муабети ќе се водат, може слободно да си праша, гледам има оставено и телефонски број кај регистрацијата, или по емаил. Да не ја цепидлачиме сега. Си објаснив јас во претходниот пост и ти не мора да се согласуваш со тоа. Поздрав и убава вечер.
     
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Лицемерие до небо. Секоја година ученици од Македонија преку невладини организации се праќаат на некакви летни кампови каде им се пере мозокот за буљаши, лезбејки, мулти култура под превезот на некакви разни толеранции, права. Тоа не ви смета, али кога црквата или разни секти тоа го прават е тогаш тоа е перење мозок и нефер пропаганда.
     
    На sjdgo и EvAngelos им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нормално дека инклузивност не ни смета, а ексклузивност ни смета.
     
    На Joi и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Не ви текнува дека ако Американци финансираат се ќе е комплетно бесплатно. И дека there is no such thing as гратис усб-то и кампот за 5000 и дека уствари со тие 5000, ги плаќате делачите на усб, да ви продаваат магла.

    @Mamli не се работи само за права. Имаш курсеви за спорт, претприемништво, пишување проекти, за кои никој не ти бара ни денар котизација а се ти е платено. И никој не те замара по телефони после
     
    На LadyR, Someonespecial, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не е проблемот што верски заедници организираат кампови, туку што се кријат зад ,,изградба на карактерот, љубов, брак, пријателства, систем на вредности, духовност, филозофија на живот, иднина ", а целта им е да ја шират нивната вера.

    И мпц имаше организирано детски камп, па јасно беше од кој е организирано и за што е кампот. Не се обидуваа да измамат некој за да го задлабочат во православието.
    А вака како родител да земеш да ја читаш страната за кампов, нема ни на крај памет да ти дојде дека пробуваат да привлечат членови на нивната црква.
     
    На Lella, lovestoneddd, Priroden и 5 други им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Голем број од црнците во САД се баптисти, но не е точно дека баптистите се претежно црнци, што е очигледно од видеово снимано во Далас, Тексас.



    Ако се баптисти нема да мешаат вуду магии.

    Тоа ти што го велиш се Спиритуални Баптисти, а не Баптисти.



    Самиот Баптизам е варијација на христијанството и нема примеси на африканските верувања. А Вуду (поточно Водун) е вид синкретистичка религија(спој на повеќе религии) по потекло од Африка и кој има свои бројни варијации на пр. Кандомбле - распространет во Јужна Америка но и САД. Кандомбле церемонија:



    Да, тоа се Јеховини сведоци - ги делат нивните списанија „Стражарска кула„ и „Разбудете се„ но тие не се протестанти а со тоа не се ни баптисти.

    п.с. Не сум баптист, ниту протестант.
     
    На Orthophill, Joi, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не. :shake:
    Не треба да зборуваш со непознати, може да ги запознаеш.

    Благодарам за инфо. :)
     
    Последна измена од модератор: 26 август 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    @EvAngelos погоре имав слики споделено од ритуал - крштевање. Истите луѓе кои се на сликата, се членови на Секој студент, организатори на кампот и две женски личности од сликите се истите што ми имат дојдено на врата во студентски и зборувано за Бог, за Библијата, па да сме се зачлениле, на работилници да сме оделе бла бла. И сакаш да ми кажеп дека сите овие организации не се исти и дека целта на секоја организација е јасно претставена???
    И духовност Жити се, не сме будали... Барем во денешно време е ептен полесно да се истражат некои работи и откријат јавно. На ниту еден од "официјалните сајтови" кои ги прати не кажува јасно и гласно за што станува збор. Едно пишуваат, а друго прават. Зарем така вие -религиозните познавачи на сопствената вера правите? Незнам зошто јас, како не толку "познавач" (според тебе и таквите како тебе) на сопствената религија мислам дека еден од заповедите беше да не се лаже??? А токму тоа го правите...
     
    На Just.do.it, WildMk, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @LadyR , не знам кој што ти зборувал, ама приметувам доста дезинформации во твоите коментари. Сите баптистички цркви во Македонија, со исклучок на една, НЕМААТ (формално) членство. Јас сум во непосреден и директен контакт со речиси сите протестанско-евангелски цркви во РМ и од прва рака ги знам информациите. Не се потпирам на рекла казала, чула недочула. Ако сакаш и во живо ќе те поврзам со нив, па побарај членство и да видиш како ќе ти кажат дека немаат такво нешто.
    И Секој Студент исто така немаат членство. Затоа ми е неверодостојно да ти нуделе да се зачлениш, кога тие немаат членство. Исто така тие не се црква, па затоа не крштеваат, ниту прават причест, венчавање и слични црковни обреди. Ако некој е заинтересиран за нешто такво, е мотивиран да си го направи тоа во својата црква - која и да е. Повели во живо можам да те запознаам со волонтери од Секој Студент кои се православни. Се разбира тоа се луѓе со проширени погледи, а не како оние "Господ е православен македонец и се друго се сатански секти, шпиуни, агенти на ЦИА, предавници на македонштината.." :devil::D

    Сума сумарум еве што мнозинството од нашиот народ знае за својата и другите вери и религии:
    - Православни сме ние македонците, се крстиме со 3 прста и Божиќ го славиме на 7ми Јануари.
    - Католиците се оние што имаат папа и Божиќ го слават на 25ти или 26ти Декември беше не ме фаќај за збор.
    - Муслимани се албанците, тие не јадат свинско, постат за Бајрам и после тоа јадат баклава.
    - Протестантите се амерички шпиуни на ЦИА. Борис Трајковски беше таков.
    - Атеисти сатанисти се оние што се дрогираат, тетовираат, имаат пирсови, слушаат метал..
    - Тие што идат од врата на врата се Јеховини сведоци. Тие се многу опасна секта и пари делат ако се зачлениш кај нив.
    - Има и едни што се шетаат на плоштад и по кафичи со црвени елеци и делат некои чудни списанија на кои што пишува Лице в Лице. Мама ми рече дека тие верувале во секти и биле као болни, на друг начин го гледале Бог и самата психа ги терала да шетаат така бидејќи биле опседнати со тоа. (ова е цитат од форумов :D )
    - Има и некои други, ама тие сите се исти како Јех. сведоци.
    И да, секој од нив специјалист за религија и ќе ти рече: сум ја прочитал Библијата, Куранот, Буда и сите други свети книги, ама тоа беше одамна не се сеќавам баш добро сега :)
     
    На Quincy и daylight им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Тоа што мораат се кријат зад кампови, студентски организации и зборови како ~духовност~ доволно кажува. :rofl:
     
    На Indiegurl, lovestoneddd, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    @EvAngelos Верувај, да можев сите имиња би им ги изнапишала овде. И повеќето ги имам и лично запознаено, така да... Ама нема да биде „културно“ од моја страна, луѓе се сепак, не се предмети.
    И можеби не го нарекуваат тоа како членство конкретно, но ти бараат податоци твои (име, презиме, маил, број телефонски, фб и ги внесуваат електронски) и да ти праќаат маил и порака на фб за да те информираат за секој нивен настан и манифестација. Не врат, шија!
    И што би барале Американци да доаѓаат тука, со деца со се', само за да бидат волонтери во Секој студент!?Ма немој, молим те. Никој при здрав разум не би го направил тоа, освен ако немаат ќар. И колку од волонтерите ваму се стипендисти во Америка на „Christian University", каков и да е... Одат на кампот на кафе со децата (кампери), па сите од организаторите имале по една тажна,трогателна приказна која им го покажала вистинскиот пат кон Бога. Се претставувале како грешници дека биле прво, па се случи така и така, па јас го видов Бог. Па душевен мир имам сега, бла бла, и еве ти Библија да се едуцираш, да си го пронајдеш вистинскиот пат. Мислам, зошто на летен камп (каде треба наводно да се вежба Англискиот јазик) би им давал Библија на деца кои веќе припаѓаат на одредена религија (а можеби и се атеисти), освен ако немаш скриени намери? Од каде ти е тоа право да правиш така?
     
    На Orthophill, Joi, Priroden и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Една од работите што ме иритираат кај протестантиве е тоа што денес наликуваат на некој вид хипи култ. Протестантиве во САД пред еден век не биле такви.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @LadyR , речиси секоја втора реченица ти е дезинформација. И покрај тоа што ти објаснив и исправив некои дезинформации, продолжуваш во таа насока. Не планирам да се вртам во круг и не би одел повеќе офтопик, пошто сепак темава е за баптизам. Поздрав и секое добро.
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ете, сенаторот Џон Мекејн бил баптист. Комеморацијата ќе се одржува во баптистичка црква.
     
    На EvAngelos и Joi им се допаѓа ова.