1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Баптизам

Дискусија во 'Религија' започната од LadyR, 23 август 2018.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    Оф брее, и самиот си свесен дека е точно тоа што го зборувам. Да можев јавно со имиња би зборувала. Знам многу... Да ми ја кажиш првата буква од твоето име, би те погодила кој си... Ама ајде, нвм. Секој си влече на своја страна, фала Богу.
     
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Колку млади луѓе имаше по црквите за време на Голема Богородица? Што ги спречуваше младите да отидат во црква? Претежно беа постари жени. Структурата од 15-40 години кај Македонците не се воопшто религиозни. Славење слави крштевки е повеќе затоа што другите го прават тоа и дел од некоја традиција. Но тоа нема врска со религија и живеење христијански живот.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Вистина е дека многу мал број од народот редовно оди в црква. За жал.
    Но, сепак не се сложувам, дека најмногу недостасуваат генерациите од 15-40 години. Напротив, недостасуваат генерациите околу 40-60 години. Нив ги има најмалку.
    Сум забележал и нешто друго. Мажите, што одат редовно в црква, најчесто почнуваат да одат многу рано и најчесто продолжуваат да одат цел живот. Кај жените пак обратно. :) Ако почнат да одат (овде мислам на редовно одење в црква, не од празник, на празник, за да се запали свеќа) на младост, прават прекини или пак почнуваат да одат во позрели години. Ова до негде е разбирливо, особено за мајките со малечки дечиња.
    Уште еден интересен факт. Во црквата во која одам во Скопје, од левата страна, кај жените, главно има пензионерки(над 60г.), а од десната страна, кај мажите, главно млади мажи(20-35).
    Во средата, на празникот, околу 17 часот, во Богородичната црква во Скопје имаше колона за целивање долга околу 30-40 метри (од иконата, низ припратата, надвор дури до олтарот). Дали тие луѓе кои губат толку време за да ја целиваат иконата на Успението на Пресвета Богородица треба да ги карактеризираме како неверници, само затоа што не присуствуваат редовно на светите богослужби? Јас не би.
    @EvAngelos , заедницата на која припаѓаш „Радосна вест“ не е баптистичка? Или ја смени заедницата?
     
    На Petra777, Joi, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Македонците се глупи како народ. Неинвентивни. Треба масовно да преминат на Католицизам и да станат дел од Римокатоличката црква наместо да молат со децении покварени Срби, Бугари и Грци за некакво признавање на МПЦ. Таква идеја имал и Гоце Делчев кој католичката црква го смета за нивен син. Паметен човек.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    @
    Не е така Мамли. Верската определба е дел од идентитетот, слобода која е напластувана и надградувана со векови. Ризница, трезор со духовни блага, оставштина од предците и завет за нашите поколенија. Таа е нераскинлив дел од нас. Римокатолицизмот е туѓ и неприфатлив за православниот Македонец исто како и новото именце (новиот идентитет) што сакаат да ни го накалемат.
    Ич не ми е гајле за фрустрациите и негирањево на соседите, за ничив атер или мој инает кон соседот не менувам ни камче во двор, а камоли нешто посуштинско, скраја да е!
     
    На Joi, MarigoldA, LadyR и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Јас сум православен и по татко, и по мајка, и по баби и дедовци. Немам ништо католичко во мене за да пропагирам нешто скриено. Чисто мое геостратегиско мислење. П.С. не сум се познавал со никој.

    Гоце Делчев и уште неколкумина членови на ВМРО редовно комуницирале со Ватикан барале нивна помош.



    Ватикан има огромно влијание во светот и може многу да помогне на Македонија, а вака седи си со векови и моли ги Србите, Грците, Цариград и Русите да те признаат кои никогаш нема да те признаат, затоа што контролирање на црквата значи и директно контролирање на населението во тие цркви.

    Ете не мора да биде и Ватикан. Нека биде протестанството. Македонците би имале неверојатни бенефиции и империја како САД што би ги штитела интересите на Македонците секаде. Најмоќни и најразвиени земји во светот се протестантските како САД, Британија, Германија. Опколени меѓу православни и муслимански душмани и разни геостратешки преплетувања Македонците ќе имаат огромна заштита од протестантските империи како САД, Британија и Германија.
     
    Последна измена: 30 август 2018
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    @Mamli Па зошто викаш македонците се глупи како народ? Што не кажеш македонците сме глупи како народ? Или сите македонци се глупи, само ти си паметен?

    По ова јас не би рекла дека си православен... Македонците се глупи, и те радува стварно тоа што муслиманите супер се држат. :?::?:
     
    На BlackNight и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам на постот зошто реков Ватикан, а не протестанство. Според мене, а и според сите релевантни аналитичари Ватикан е сеуште алфа и омега во светот. Имаат мудра политика. Зошто го велам ова? САД како империја се доминантно протестанти, но последните 30 години Ватикан доселува ненормална бројка на католици од Јужна Америка во САД со што ја менуваат нивната верска популација и влијанието на Ватикан енормно расте во САД.

    @LadyR Па би рекол мнозинството Македонци се глупи, а јас сум паметен :D

    Настрана зезанција. Зошто цело време би трубел и би се борел за мојата татковина Македонија ако не бев Македонец? Зошто би пишувал против референдумот ако не бев Македонец? Зошто би пишувал против распродавањето и уништувањето на Македонија ако не бев Македонец? Можав да си ја навртам капата и да кажам што ми е гајле не сум Македонец и тие нека си ја мислат.

    Зошто не би ме радувало тоа што муслиманите се држат? А се држат без разлика дали тоа ми се допаѓа или не.
     
    Последна измена: 30 август 2018
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos Колку протестанти има во Македонија официјално ако знаеш?
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Моја проценка е околу 3000. На попис можеби ќе искочат и 4-5 илјади, ама во околината на Струмица има доста традиционални декларативни протестанти, кои слично како и православните се идентификуваат така бидејќи нивните родители и дедовци биле тоа.
     
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    На Википедија дава бројка од 62,000.

    https://mk.wikipedia.org/wiki/Протестантство_во_Македонија
     
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Некој да не знае нешто повеќе за студенската организација Секој студент? Читав нешто погоре ама тие се прилично стари мислења.
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Протестантска организација е, иако тоа сакаат да го прикриваат.
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Ова со организацијата и кампот е 100% точно.
    И јас ги имам истите информации, целосно истите.