Здраво, Барам друштво во Охрид, но не за мене, туку за мојата пријателка. Имаме малку специфична ситуација. Другарка ми ја запознав преку мојот сопруг кој е турчин со потекло од Турција. Уште на првото запознавање станавме добри пријателки, иако имавме голема бариера со јазикот (Мојата пријателка знае многу малку англиски јазик, а јас сеуште сум во фаза на учење турски јазик). После 2 години од нашето запознавање, таа реши да се разведе од својот сопруг, со кои беа заедно дојдени во Македонија. Јас со целата своја душа барам пријателка за неа, затоа што таа заслужува некој да и подаде рака во туѓа земја во моментот кога останала сама. Нашето пријателство расте од ден во ден, и јас сум тука и ќе останам достапна за неа. Проблемот е во тоа што ние веќе не живееме во ист град. Таа реши да остане во Охрид и јас ја подржувам во нејзината одлука, затоа што Охрид е лек за душа и верувам дека опкружувањето со такви природни убавини ќе и помогне за психата. За крај би сакала да додадам дека пријателка ми е околу 30тина години, има прекрасно куче и обожава природа, храна и дружење со луѓе. Овој пост е на моја иницијатива, иако таа е известена и се согласува за истиот. Доколку некој е заинтересиран за некаква дружба/контакт со неа, пишете ми порака.
Барам женско друштво за искачање на кафе, од следниве градови: Скопје,Велес,Кратово,Свети Николе,Тетово. Преферирам запознавања првично тука на форумов преку лична порака.
Барам друштво во Скопје за дружење во слободно време. Ќе бидам малку поконкретен. Сакам нови луѓе за кафе-муабет за култура, уметност, литература, музика и слични теми. Можеме и заедно да одиме на некој настан, претстава, концерт... Втора омилена тема за муабет ми е патување. Во смисла на споделување на тоа каде сме биле, што интересно сме виделе и доживеале. Или каде би сакале да патуваме, некоја омилена држава или омилен град.
Муабет, дружба и лабаво кафе пиење, одење по дешавки, настани и вртење низ кафичи. По можност исклучиво женско.
Здраво, барам друштво за одмор надвор од Македонија. Може и претходно да се запознаеме, да изл на кафе во ск (по можност). Имам огромно друштво но сите одат со дечковци/девојки на одмор, а јас сама немам храброст да одам. Прифаќам било каде само летово да побегнам барем на неколку дена од Скопје.