Се од ова би направила сама освен одење на концерт и патување сама. Посебно патување - причина страв. Не од самотија него од околина и тоа што секакви има. Концерт желба ми е сама да одам, ама како прво кај нас нема концерти, се е во Ск. Да сум во Ск подруго би било.
Имам предлог ако им е на уште неколку девојки од форумот за муабет (чет), да тепаме досада, да направиме гупен чет дали тука, дали дискорд, снап.. Исклучиво само ЖЕНСКИ.
Барам женско друштво за патување зошто сите другарки имаат или обврски или дечковци. Желба ми е Швајцарија, негде октомври
Базел би идела ли во октомври? Ако си за, пиши ми да не замараме овде. Моиве или со дечковците или душа даваат за фирмата кај што работат па им е страв некој ден да земат
Јас предлагам да се организираме сите што сме тука на темата од Скопје и да се среќаваме еднаш неделно. Секој сам си плаќа што пие и си правиме муабет. Па на таквите средби секој ќе си најде соодветно друштво. Кој е за театар, опера, патување, кафе-муабет... Јас не сум од Скопје, но живеам во Скопје и можам да размислам и да предложам одредено место, кафич... Што мислите вие?
Со дечко ми сме од различни градови (Скопје-Куманово) па малку слаби сме со заедничко друштво, моето не му одговара него, а мене неговото. Ја видов оваа тема и викам да си ја пробаме среќата Бараме пар за кафе-муабети, по можност да сакаат природа па да организираме и пикник или прошетки додека е убаво времето Се вклопуваме во секакво друштво така да не е битна староста П.С ке ве молам само озбилни, сексуалните фантазии задржете си ги за себе