Женско друштво за патување и делење трошоци. Немам посебни ограничувања за локација, време и буџет, можеме заеднички да испланираме. Добро би било да имаме краток период на меѓусебно запознавање. Ако има заинтересирани членки нека пишат пс Имам 26год од Скопје
На форумов се зачленив само за темава Имам скоро 25 години, повеќето другарки ми се во сериозни врски + обврски со работа и ретко имаат време за дружби, а и кога ќе најдат време за дружење преферираат барови / клубови / гласни места со еден тон алкохол. Барам (женско) друштво во Скопје, за планинарење на Водно, театар / балет, creative активности со сликање како што е paint & wine иии секако патувања низ Европа.
За патување. Мнооогу ми се патува, штета што немам друштво за тоа. Би ми било мило доколку има некоја исто како мене да сака да патува, низ цел свет ќе одиме. Јас сум од помал град, но баш би сакала да си запознаам луѓе по други градови, со задоволство би прифаќала активности и излегувања во други градови за викенди.
Има еден дечко вакви бајк тури си прави со другарчиња. Тематски тури, една година еден поголем регион и се слика, евидентира и споделува совети, насоки. Не е неизводливо, ајде направите и женска екипа и точак под газ.
Знам и еден од кај нас кој за две години прошета по сите континенти со точак, користејќи само авион. Јас го спомнав повеќе како сарказам во поглед на средствата..оти членкава многу галантно повикува на патувања дури и по цел свет, а лично не можам да си дозволам толку..