Зошто захтевна? Имам 24 години. Што барам да се дружам со деца и што барам да се дружам со врсниците на мајка ми и татко ми? Кај ќе ги носам нив? На Hugel и Махмут Орхан? Или да изигравам дадилка за без пари? Ако не ти се допаѓа или ако не се пронаоѓаш во тоа што го барам слободно одмини ме. Не мора да ми збораш вака
Па првата средба кој да плати? Или ќе се дели сметката на пола? Или прошетка во природа ќе биде? Т.е. ти си бараш нови пријатели или за тепање време?
Ова се прашања на кои не можам сега да дадам одговор. Си барам потенцијални нови пријатели. Зошто прашуваш? Ако се пронаоѓаш пиши ако не не ми тепај сеир
Из гивин Енивејс, @sj *O* Јас би ти рекла да не бараш друштво на форумот воопшто. Бидејќи спомна дека посетуваш многу места како наведените, верувам дека брзо ќе се вклопиш и ќе си најдеш па макар и една другарка за почеток. Don't worry Со среќа
Прескокни го. Со пријатели секогаш, секаде, секој си плаќал тоа што изел, испил, не разбирам зошто би било поинаку. Ако има нормални девојки од Скопје, ќе ти пишат лп.
Ова е најдоброто нешто што досега сум го прочитал во оваа тема. Ти посакувам да најдеш барем 2-3 личности за дружење. При преселба во друг град сите мислат на техничките работи, каде ќе живееш, што ќе работиш, дали ќе се снајдеш... А во суштина најважното нешто од кое ќе зависи твојата среќа се луѓето со кои ќе се дружиш во слободно време.
Шетање по молови, пиење кафе, одење на ручек и уживање у денот и животот или кратко кажано за трошење пари
Има некој што му се игра шах? За сега прашувам, онлајн е, ќе му пратам линк за да играме, анонимно е. Не сум премногу добар играч, аматер сум.
Барам женско друштво за на кафе, прошетки, патувања, театар... Немам многу голем круг на пријатели, а и они со кои се дружам се или често зафатени или од друг град, затоа и поретко се гледаме, па убаво би било да запознаам и некои нови луѓе. Инаку имам 23 години, па претпочитам да сме тука некаде на приближно слична возраст.
Барам женско друштво (од околу 30-40 години) за излегувања навечер на места како Трибека, Beer Garden, Кубански и слични локали во Скопје. Ајде да се дружиме, уживаме во добра музика и кафе муабет
Се бара друштво за, трчање, планинарење, пешачење, идење во теретана, дружби во театар, кино, секако локација Скопје