Именувај го де шо, Кајгана е. Исти се луѓето и овде и таму. Има Ок луѓе и таму. Порано организираа собиранки
Можеби само 5-10% да се исти луѓе тука и таму, инаку тука 90% се различни луѓе од таму, пример тука ретко да има тролови, а за разлика таму скоро сите тролаат, буквално на секоја тема, направи споредба на тема депресија одговори тука и одговори таму на истата тема...
Таму порано бев член, поголеми алтер ега оттаму нема да најдиш.. на форум се едно, а во живо сосема друго
За тоа сте во право. Јас сум член и тука и таму, за некои теми боље е таму, за некои (повеќето) боље тука
Ако патот ме води накај Охрид, после завршување на работни обврски пред да тргнам накај Скопје може да пиеме кафе, но под еден услов да немаш помалку од 30 години, или таму негде 28-29 години па нагоре, не ме сфаќај дека дискриминирам ама ако имаш 22-23, 25.. години, не доаѓа предвид да пиеме кафе, ептен ќе сме разлика во години, и срамота ќе е, затоа што во мои очи личност со 22-23 години за мене е уште дете (постар тинејџер), еве и мој совет до тебе ако друг ти пише без разлика машко/женско, прашај колку години има ако сте голема разлика не седнувај на кафе со доста постари личности од тебе, да сте плус - минус 5 години разлика е прифатливо, над таа разлика е срамота, не поддржувам дружење на доста постари луѓе со доста помлади луѓе од нив, сепак ова е мое мислење може нема да се согласите
Не е тоа мој проблем јас знам дека е срамота да ќе седам така со постари. Да јас гледам само да нема навреда за некого ама нема да прифатам да гледам повеќе за машки од 30 години или постари овде не барам дечко него така да се подружиме дека по карактер сум дружељубива и не одбивам кафе и муабет. Така да може да биде некоја женска личност или машко да сака другарски однос. Не сакам да барам врски и онака јас само тоа го спомнав евентуално ако има некој нека каже. А имам 22 години тука е погодено.
Јас сум 35 години, затоа не доаѓа предвид, тоа се моите морални вредности Јас откачив другари кои се на мои години и кои одат редовно во диско каде што во просек одат луѓе 22-23,24 години, им реков ако нив тоа им одговара, мене тоа не ми одговара и за мене тоа е срамота толкави ,,говеда" (се извинувам на речник) да сакаат да се дружат со доста помлади од нив, и затоа ги откачив, и затоа пишав ако некој 30+ ти пише за кафе подобро откачи го, верувај разлика во генерации сте, и верувај тие постари машки кои сакаат да се дружат со доста помлади девојки немаат добри намери, ова е мое мислење. Можеби делувам старомодно со моите размислувања али тоа се моите морални вредности.