Ајде. Ако некој знае, може да направи, има неколку луѓе што се заинтересирани, но јас не знам да направам таква група...
Како не знаете да правите разлика меѓу мрежи и останато? Тука не може. Не е социјална мрежа со групи, туку е форум со категории и теми. За тие кои сакаат да си зборуваат има приватни пораки и плус јавен чет. А и на Дискорд нема групи. Туку се сервери со канали.
Може овде да се направи група во разговор ама со најмногу 5 членови. Јас за таква група го разбрав членот.
Здраво дечки. Направив Discord група затоа што често ми се случува да сакам да одам на некој фестивал, рејв или патување, а да нема со кого. Имам 30 години, вработена и живеам во Скопје и обожавам фестивали, рејвови и патувања, па идејата е да се собереме луѓе со слични интереси – за друштво, заеднички превоз, travel buddy или едноставно нови познанства. Групата е нова, а Discord многу лесно се прави ако немате профил. Се надевам дека ќе направиме една фина заедница и дека ќе си помогнеме да не пропуштаме добри настани само затоа што немаме друштво. ❤️ Ако ви се допаѓа идејата, повелете https://discord.gg/SnWvCnzK
Може некоја за дружење ,искрен муабет,забава и сл.Несакам уфилмани ,дигнати без везе и лажење .Ако има некоја нека пиши
Денес се регистрирав на форумов наоѓајќи ја темава на Search, и баш од истите причини. Друштвото ми е во криза, така да ја наречам, и многу често нема со кого да се излезе, да се оди на некој настан и слично. Јес да и јас доста се посветив на работа последниов период, па сега ја почувствував другата острица.
Ѕирни ја Дневна во Карпош, често има разновидни настани. Вака по слики ми изгледа дека убаво си поминуваат, не знам што да ти кажам.
Го разгледав онлајн, looks good, до 31ви август го даваат за настани бесплатно. Ми се сврти идеа караоке забава да организираме, пред ковидот преку 200 караоке забави имам направено. За тоа треба да сме баш поголема екипа.