Јас сакам за планинарење ама ако има некои организации што одат така и по други градови или по можност да е на Галичица.
Не се грижи, не е што не си во родниот град, туку такво време дојде. Јас што ако сум, овде израснав па некако со другарки, пријатели се отугивме. Со тек на време човек навикнува.
Барам друштво за џогирање, излегов од ритам и сега се враќам, дополнително на вежбањето во сала, Не сум професионалец ниту маратонец, моето последно време беше 34 минути за 5 км (максимум ми е 10). Кој е заинтересиран нека ми пише, и не само кога ќе го види ова, веројатно и по две години од овој пост би бил заинтересиран. Ќе се договориме за место и време. Од Скопје сум. Не, не ме интересираат романтични аранжамни, ми треба човек за одржување на ритамот на трчање (машко, женско, група), поодржливо е трчањето така, сум пробал и во група и сам.Може да пробаме со брзо пешачење на почеток. Отворен сум за сугестии и идеи, но, сериозен сум во однос на моето здравје и физичка подготвеност, не се „фолирам“ со други зборови.
Неодамна се вратив од странство и уствари сфатив дека после толкав период имам изгубено со сите контакт со кои се дружев па ми фали друштво у последно време за искачање.