Ме пука носталгија за мирисиве Стич. Ги имаше 2000 и некоја и после полека ги снемуваше. Ако сте виделе некаде макар и на некој пазар пишете.
Дали некој знае дали се уште постои парфемов? Не можам мирисот да му го заборавам го имав некаде пред 10тина години го добив за подарок.
Девојки, валентино борн ин рома (дона розевиот) каде можам да го најдам по парфемерииве блиска копија на оригиналот?
Знам дека има копија во Рефан и е многу убава. Е сега не сум го ни барала по парфимерии, ако не е тргнат од продажба би требало да го има
Се имав прснато со Sweet like candy и Ari за да видам колку траат и првиот скоро воопшто не се чувствуваше после 1 час, додека вториот беше ок и се чувтвуваше мирисот и после 2-3 часа. Нормално јас прснав на рака еднаш и не е исто, но доволно колку за споредба.
Парфемчево имаше многу убав, сладок мирис. Во некој маркет го имав начекано, ама сега неможам никаде да го најдам
Ај јас да прашам пак, вие што имате нарачано парфеми од fragrance.mk како сте задоволни од трајноста на парфемите? Дали се оригинал?
Не знам колку корисно ќе ти биде, парфем неам порачано од сајтов, туку спреј за тело на Victoria's Secret. Во ред беше спрејот, пишуваше дека од Америка е, вајда оригинал е. Мирисот тој си е, не е траен, ама овие спрејови и онака не можат да се пофалат баш со трајноста. Моето искуство со сајтот позитивно беше. Верувам дека оригинали продаваат.