Девојки, некоја да не знае каде можам да го најдам парфемов на John Galliano ? Преубав е парфемов го добив на подарок и сега сакам пак да си го купам, а ми беше непријатно да прашувам од каде е. И цената како му се движи ако знаете да ми кажете ?
Го имаше на strawberrynet.com. Цената се движи околу 30е за најмалото шишенце од 30мл, па провери дали сè уште го имаат. Често има попусти, не верувам дека е многу скап.
Фала ти за одговорот Мишела но ме интересираше дали го има да се најде некаде по парфемерииве во Скопје?
Девојки, го видела ли некоја од вас кај нас новиот женски The One (Dolce & Gabbana), и по можност цена?
Мислам дека го имам гледано во Космо. Имаше и зелена варијанта од парфемов. @Clara Shalimar го има во Космо. А Black orchid и другите парфеми од линијата не сум ги сретнала кај нас. Барем не во Космо во мојот град, во Скопје можеби го има и него.
jas go imam doma toj parfem sisenceto i opaovkata nazalost e potrosen inace ke ti go poklonev ehee uste pred godini e koristen potrosen
Девојки дали знаете каде би можело да се најде Брут колонска вода за мажи? За поклон ми е а незнам кај да побарам.
Дали ја има оваа колекција на PINK од викторија сикрет во мк? Специфично овој парфем/ тоалетна вода Ако некој знае каде можам да го најдам
Сигурно некоја од вас го имала парфемот или било кој, што му текнува како се викаше, сакам на нет да го најдам: Кутијата во која стоеше парфемот беше темно виолетова и во форма на јајце. Ви текнува ли како се викаше?
@Salome Ти благодарам на одговорот Саломе, но не, не е тој. Не беше скап оригинален парфем, обичен стандарден Шишенцето парфем си стоеше во пластична виолетова кутија во форма на јајце, која беше на принципот на отклопување.