Црвениот е сон, еден од моите омилени. Инаку има копии од парфемите во белина, убаво мирисаат, провери може ќе ти се допаднат.
Во маркет кит-го да провериш или по маалски парфимерии, некаде ги имам гледано овие extreme, не сум точно сигурна само дали беше во кит-го. https://extreme.mk/ дали ова може ќе ти помогне нешто, мислам дека имаат опција за онлајн нарачка...
Во памет ми е еден парфем кој го добив на поклон пред неколку години. Знам дека се викаше Blue Lagoon. Беше светло син, во некаква тркалеста амбалажа, ако добро се сеќавам.. Знае ли некој дали уште се продава/има слики од истиот?
Ваков како што опишуваш му купив на другарка ми поклон од Дм светло сино тркалезно паковање ама не ми текнува како се викаше за да ти го покажам, ако го најдам ќе ти пратам инбокс слика. А овај парфем кај да го барам?
Боже господе, за прв пат после Ејнџел и Џангл да се заљубам во парфем на прво мирисање! ДИОР АДИКТ! Обожавам ориентални и интензивни парфеми. Години го користев Кашмир од Шопард ама како го реформулираа и него и ги заслабнаа состојките откако Лореал почна да ги полни, години немав онака љубов парфем до пред некој ден со Адиктов. Во парфимеријата ми кажаа дека и него го потсмениле низ годиниве, ама сеуште мириса магично. Ако сакате да заведете некого со парфем, Адиктов е олицетворение за тоа. Афродизијак! За една недела 10 луѓе ме прашаа кој парфем е. Ма и да не ме прашаа едноставно се најдов себе како Џангл од Кензо кога го помирисав. Има во Ла Риве парфемите, едни ефтини поприлично. Идентичен е на овој и ти кажуваат дека е копија, само не знам дали во Македонија ги има сите врсти. Во Белгија каде живеам ги има сите и многу се популарни. Ако сакаш добра копија Ла Риве ги има многу, секако мирисаат многу послабо за разликата. Колку пари толку музика. Мада за 5 евра вреди да мирисаш слично саат два. "Bronze goddess" od Estee Lauder. Svez, leten so prezavodliv kokos, a mnogu intenziven. Licno go obozavam za vo leto.