Ова е тоа што го бараш. Баш мириса на пудресто и сапунесто. Многу убаво мириса и траен е. Синоним за пудрест и сапунаст парфем ми е. Сигурна сум дека ке ти се допадне и ке го купиш . Го има во Шатце.
Cel net go fali parfemov mora da go proveram,ne sakam celebrity parfemi ama bil a must have cenata mu e epten ok, ke gi proveram denovive thank you
И јас го сакам тој тип парфеми, еве предлог за два што може да се најдат кај нас: Narciso for Woman By Narciso Rodriguez Eau de Parfum Spray Trussardi Pure Jasmine (иако се вика Pure Jasmine, мирисот на јасмин е сосема во позадина, средните ноти се пудрести)
Го има ли некој baccarat rouge 540? Вреди ли за парите? И на Van Cleef and Arpels парфемите дали ги имате пробано, конкратно precious oud го меркам, како се со трајност, силина на мирис?
Го имам видено во Космо ама поодамна. Моментално дали го има не знам. Одговара на описот чисто и свежо
Најубав свеж парфем. Пролет, лето обавезно го користам. Омилен ми е. Баш мириса на свежо и чисто, ама воопшто не е пудрест и сапунаст.
мислам дека видов препораки за овој парфем на фрагнатика, ама коментарите на странава се ептен од крајност до крајност. Некои викаат дека е премнгцитрусен, други викаат дека не е. Ќе прашам по нашиве парфимерии, ако го имаат се надевам дека ќе имаат тестер да го пробам (иако сите знаеме дека тестери тешко се наоѓаат Т.Т) фала ти мнг се препоракава зошто разведена? незз мнг луѓе го фалат искрено, мислам дека е меѓу топ 10 celebrity's perfumes, ја уште трагам по тестер да го пробам
Така ми делува. Најлошото е шо ми стоеше цел ден на ракав и смрдеше. Многу е гаден, а секакви парфеми сакам, овој не знам што проклетство е хахахахаха
Не се сеќавам точно, пред месец и пол летав. Го имаше каролина херера штиклата 30мл за 59 евра, boss orange и уште неколку. Оргинал се. Го најдов каталогот, врти ќе ги најдеш и парфемите. https://lxm-group.aflip.in/wizz-europe-dec22-jan23-No_Cafe.html
Ако не си фан на тешки парфеми, немој. Јас се залетав, среќа само тестер пробав. Да кажам дека е одвратен, е благо речено. Смрди, не мириса, туку баш смрди. Секако дека е прашање на вкус, ама морав да споделам искуство. Мене лично ми се одвратни Gucci Rush, Givenchy Organza, Bulgari Omnia - сите верзии, оти ме тераат на повраќање и ми предизвикуваат јаки главоболки. Овој е уште полош од нив.