Јас лично сум фан на CK One и CK In2U, Dolce&Gabbana Light Blue, Moschino Cheap & Chic, Elizabeth Arden White Tea, можеби и Chanel Chance. Сакам полесни парфеми, барем како стареам, забележувам дека не ми одговараат тешки, ванилести и слатки парфеми, повеќе сакам свежи ноти. Инаку порано омилен ми беше J'adore на Dior, ама сега ко да не е истиот. Исто ги користев и ми одговараа Deep Red од Hugo Boss, Miss Dior Cherie на Dior, Crystal Noir од Versace, тие се така потешки парфеми, повеќе во зима ги користев.
Zeni Jas sakam parfemi koi traat podolgo - a da ne se mnogu jaki.Onaka zenski. Aj preporacajte mi nekoj takov?
Дали некој кој скоро бил на фришопот во грција има ѕирнато како се движат цените на парфемите поточно за The Icon на Antonio Banderas
Alien od Mugler, Ne e zacinet kako Angel ili Kenzo Jungle , ama intenziven e kako niv , samo mnogu nezen I zenstven.. Mnogu neobicen miris, barem za mene.
Да знам, ама овој не можам да го најдам никаде досега што проверив, па затоа мислев да не го има некој видено.
Ако те носи патот накај Грција ќе го најдеш сигурно. Ги имаат сите парфеми од брендов. Во грчките Оџи фришопи сигурно ќе го најдеш .
Го немаше еден период да, сега пак го донеле скоро секаде. Го има во Космо, Шатци и во Фабу мислам. Мојот е купен од Космо.
@Mishela Фала ти,го барав за подарок но го немаше. Tи го користиш,и како ти одговара бидејќи е машки?
Многу ми одговара парфемов. Би рекла и дека е унисекс зашто има острина, но не ми е типичен машки парфем, ми има и нешто женствено во него. Ме потсеќа на парфеми од типот light blue, aqua di gioia - летни, свежи, лесни. Малку е поостар од нив, но многу е елегантен и задоволна сум и од тоа како се развива и колку трае. За во пролет-лето ми е одличен, многу ми се допаѓа.
mozno li e najpoznatiot parfem dior sauvage da ne mozam da go najdam u schatze kaj go ima? pls odg itno mi e za poklon.