Македонска рок-песна, веројатно се работи за некој нов бенд, така ми звучеа. Не ми текнува на текстот вака во целост, знам тема на песната беше простување, извинување, па дека ако не се извинат ќе се каат двајцата, баш овие зборови доста се употребуваа. Ај кој сфати,сфати. ??
Незнам како се вика песната знам само дека е постара и македонска е еве нешто од текстот -Пријатели сега сме а ни горат очиве- кој знае нека пише
Ако некој ми ја открие песнава ќе ми спаси мислам ноќи неспиење, од што ја мислам која беше... Верувам дека на некоја ќе и текне, текстот вака идеше.. Ти си се она за што таа сонува, и веќе недели ми те прогонува, во мене сепак спие страшен неспокој иако ти ми велиш дека си само мој...
Песнава е на англиски и слушнав само една реченица од рефренот вака нешто беше Coz the world is и се спомнуваше ocean во рефренов мислам така како балада беше.. е ај ако знае некој
Здраво феминки.. песната е од порано... стално ми се врти во ум, но не можам никако да ја најдам македонска забавна е и оди вака некако ... 15 до 2 немам време јас, немам раце да дигнам, морам да стигнам... 15 до 2 трае надежта, ако ја нема на време, друг ќе ја земе..... .... дождот што ме кочи, ќе ти отвори очи, во ова невреме, ќе ме бараш очајно или .. помирена со се, без да кажеш не , тонеме во мрак и не погледнуваш на саат ....
Девојки, ја барам песната што свири на почетокот на ова видео http://www.youtube.com/watch?v=cKLeFXF6tZ0&list=UUc6W7efUSkd9YYoxOnctlFg&index=1&feature=plcp плис хелп
Повели. http://www.youtube.com/watch?v=U9lv6Fo6JJY Талита, оваа мене премногу ме се допаѓа. Не знам дали ќе ти се погоди, но слушни ја. http://www.youtube.com/watch?v=6_jMpzaHRec
Барам една песна во која пее една девојка (црнкиња мислам дека беше), пее за другарка и како се дружеле кога биле мали но се скарале бидејки почнала таа да се дрогира. Имаше еден дел на скали седи и пее. Многу убава песна е ама за жал не ми текнува ни како се вика ни ритам ни зборови ништо
песната ја даваат на џангл тв, македонска е, пее една плава девојка симпатична вака оди рефрено : сега јас знам дека ке морам до крај, ова не е рај не е ни приближно знај.. спотот е со некој дечко демек ке се скараат незнам шо и на крајот завршва со прегратка демек ке се смират. ја барам неколку денови..