Девојки дали знае некоја како се вика песната кога завршува филмот Зоро но оној во кој учествуваат Антонио и Катрин затоа што знам дека има и други серии со наслов Зоро . Помош ...
Извртев постови со месеци наназад на темава, ама не најдов да е спомната песната што ја барам. Македонска песна, ја вртат често по радио, на Скај мислам дека ја имам слушано, не сум сигурна дали е препеана стара песна или нова песна со таков ретро стил. Романтична содржина има, машко ја пее, ме потсеќа на некоја свадбена балада, не знам како поинаку да ја објаснам. Пробувам да се сетам на текстот, ама ич не ми текнува...
Ја барам песната што ја имаше на филмот Бандини кога беше,ја пуштаа во незгодни,неубави случки ја пееше машки глас,за текстот ич не знам оти е на индиски :/
Прво се израдував дека може да е таа, ама ја најдов на јутуб не е таа... Два дена манијачам по радио да ја слушнам, нигде ја нема. А претходно две недели мислам дека 10 пати дневно ја слушав.
Дали знаете како се вика една француска песна што ја пуштаат цело време на радио? На почеток има поспор ритам, после убрзува..
Денес ја слушнав во осмица, не го паметам добро текстот, но типот пееше за тоа како не видел ништо повеке од Скопје и дека бил на екскурзија или нешто слично, инаку македонска е песната, и знам дрка слушнав champs elysees и мона лиза исто така во текстот. Ако ја знае некој, ми се слушна убава, благодарам однапред.
дека* Инаку уште една, која е песната/музиката што свири на почетокот на карадај мислам кога почнува епизодата нешто како свиркање звучи и мнооогу ми е убава, chill. ако знае некиј ве молам нека пише
Некои песни за заминување во друга држава и слично? На тоа како ја оставаш љубовта во тој град.. нешто така или пак за пријатели, како се разделувате и слично. Фактички, за разделба песна Знаете некоја?
Синоќа на алфа во таблоид беше пуштена во позадина една ритмична песна дует беше од женска и машко, ама никако не ми текнува како беше, ако не ви е тешко да ми помогнете да ја најдам или ако имате макс тв па да вратите и да ми ја кажеете која беше?
Србите се махери за песни со разновидна тематика, само упиши ги клучните зборови од типот odlazi, otisla je, zbogom, putujem, мора нешто да најдеш. Ако сакаш од англиско говорно подрачје, идеш пак со тие зборови преведени на англиски. Среќно!
http://www.youtube.com/watch?v=T7WSNnEzqMo Дечки ве молам ако некој знае како се викаат песните: Едната почнува на 3:38 а втората на 5:42...Ве молам ..... помошш!!