Девојки слушнав една песна на радио,може има 2-3 недели,ама често ја пуштаа и пееше нешто овој: I will never follow,just cause they said so..така нешто.
Песната е македонска народна, сигурно е од пред 20 години ако не и повеќе. Пее татко а со него има и детенце, знам дека е на некој македонски фестивал ама ништо друго. Во песната се пее како мајката ги напуштила но дека ќе пати и ќе бара назад да се врати. Знам дека бев мала и со мама се изнаплачавме на песната и незнам од кај ми текна сега ама незнам како да ја најдам. Абе труднички хормони кај ме носат
Песнaвa јa слушaм секoј ден, aмa декa вo телефoн нa плејлистa и не ми текнa декa тaa е тaa штo јa бaрaш.
Секоооој ден ја слушам на радио во автобус и никако да ми излезе од глава, а не можам да ја најдам. Машко пее, ваљда на шпански со гитара во позадина и единствено нешто што го разбирам е corazon. Ви текнува нешто?
Дечки, некој да ме израдува дека ја знае песната у позадина? По лирикс нигде не ја наоѓам, а и во коментари на видеово сите ја бараат и никој не ја знае, најверојатно си е снимена за рекламата, ама да си ја пробам среќата сепак
Ја слушнав вчера на Антена. Машко пее, така забавно песниче, на почеток на рефренот има нешто Just roll with me, и ништо друго не ми текнува. Мислам дека е од поновите песни. Некоја идеја?
Дечки помагајте!! Која е песната на HBO шо се врти за време на рекламата за филмовите за месец Декември?? Фала
Не е оваа Ја барав по рефрен не можам никако да ја најдам... Реф. нешто вака оди: let me tell u all my dirty secret
А рекламата за што поточно e, ја нема ли на јутјуб? Јас шуќур една убава песна од реклами да успеам да најдам, баш мислев дека и тебе ти ја погодив
Ја нема на Youtube, ни на Facebook а иначе рекламата одеше на HBO, како главна реклама за сите играни филмови за Декември.
Пост под пост, ама морам да прашам нешто, оти стварно барам песна! ))) Имено, станува збор за фестивалот „Си-До“ кој, тогаш, памтам, имаше + ФМ (СИ-ДО ФМ), од Битола. Правеа турнеи по МК градовите, па кога дојдоа кај нас, си купив ЦД. И ми беше омилено во тие детски денови. Некаде 2000-2005 ми се чини дека беше, хм, хм, хм... Сите ЦД-а си ги чувам, ама баш тоа никаде го нема (секогаш е така). Имам мнооогу песни од таа година од фестивалот што ги сакав. Паметам само две убаво, од кои едната многу, ама МНОГУ сакам да ја најдам: Ја пееше една Ана, се викаше „Мора да е мој“ , напишана од Тања Царовска. Другата беше нешто како „Са сабота, за зезанција, ајде горе рацете, секој нека ужива. Ди ди ди ди-џеј .... Пуштете го мозокот на пасење!“. Ми се чини „За сабота“ се викаше песната, ама не сум сигурен. Е, сега, дали може некој од вас да ми помогне да го најдам тоа ЦД? Фала многу!