Оваа да не е? Инаку, можете да си инсталирате Shazam. Апликацијата служи за откривање на песната која што е пуштена и сакате да ја откриете која е.
Барам една македонска песна ја слушнав на радио. Ја пее млад пејач ''те лаже душо што и да каже е '' нешто во таа смисла. Дали некој знае која е?
Првиот е Emre Bey. Напиши Balkan Ninnisi на Википедија, имаш листа на сите глумци кои играат во серијата.
Ауу навистина моја грешка, сабајлечки нерасоната така ми се прочитало. Побарај кој има компонирано музиката за серијата иако сега брзо почнале со снимање, можеби има некои информации.
Стар чочек е тоа веќе познат, како Јовано Јованке превземан, ајде ќе пробам преку серијата да го најдам.
Мислам дека беше постара песна, текстот содржеше нешто како.. Living without you, in this world.. машки вокал (веќе ја заборавив и мелодијата ја слушав негде 2009 год ). Кога ја барав неа, ми излезе од Rasmus - Living in a world without you, но не е таа.
Decki baram edna pesna ocajno, nigde ne mozam da ja najdam ja pustaat na Sky radio odi vaka tekstot: Se ili nisto vo ljubovta davam, dobivam gubam no jas barem ziveam, se ili nisto od ljubovta baram nekogas boli no drugo ne prifakjam....????? HELP
Ме фати носталгија за една летна песна, ама не можам ни на текст да се сетам, на врв јазик ми е ама никако да се сетам. Српска е, нешто од летните хитови 2012/13/14 беше, спотот типично летен, играат на брод, па скокаат во вода, само се сеќавам на еден детал дека на крај претрчува гол маж во кадар. Не знам, може вака ништо не помогнав, ама ми текна на песната и никако да ја запеам, не можам ни на еден стих да се сетам.