Француска песна многу актуелна во последно време, ја пее женско. Не можам да ја најдам бидејќи појма немам од француски, а не знам ни девојката што пее која е.
Ја барам мелодијава која се вика "End of the World" од D-16, проблемот е што на јутјуб никаде ја нема, или барем не под тоа име, па ако некој знае каде можам да ја најдам целата верзија? http://www.youtube.com/watch?v=nBiyy_e_6U4 p.s. сликите во видеото немаат врска со мелодијата.
Ми треба песна постара така ..само на спотот ми текнува...се бркаат во пустина со оние на 4 тркала...мислам беше така рап нешто рнб ама знам онака цели испотени типциве...ај хеллпп
Никако не ми текнува на песната како се викаше , ја слушав порано ... Италијанска беше, Дует мислам и нешо ЛИБЕРТАТ .... Многу позната песна , на секој чекор по кафичиве е ... Ама никако да ми текни Помозите другови , хочу да се убијем ( ако некој знае која е ) ?
Значи песнава ја даваа на Антена5 и нешто беше My love,my heart...., my soul... и не беше баш балада, туку мелодијава беше нешто по за некое латино танцување....А дали ја пееше машко или женско, не сум сигурна,само знам дека беше така подлабок глас... Незнам колку ме разбравте,ама тоа е се што успеав да запамтам...
Јас барам една песна од 80'. Беше нешто со една црнќиња и мислам дека беше во црвено облечена или имаше некоја тексас јакна. И во спотот нешто со бои се прскаа мислам и имаше двајца танчери од позади. Беше весела мелодија, многу позната. Само никако не ми текнува како беше. Мислам дека во насловот имаше heart или така нешто. Да ме утепаш не ми текнува која беше. :/
Песнава е на српски или хрватски не сум сигурна ама многу е стара ја слушав пред околу 6,7 години и сега ми дојде на памет но не ми текнуе како се викаше беше дует машко и женско па девојкава беше нешто облечена во еден фустан ама од оние демек постари со широко здолниште као во некој замок a песнава беше "a onda svi kod kuce ujutro" Па ајде ако некој ја знае нека пише
Домино, јас сега барав на странава песни со heart, ама не најдов такво видео. Еве ја странава, прочитај ги песните па можеби ќе ти текне. Многу се, знам .. А сигурна си дека е од осумдесетите?
Песнава многу ја пуштаа на Антена5. И јас вака ко тебе тогаш се убив од барање по страни и страни пошто за youtube не знаев многу. И така да не должам, еве ја песната: http://www.youtube.com/watch?v=fZDMyMOlB1w
Барам една хаус песна,интересен ритам има,а не знам на кое радио цело време ја слушам важно знам дека не е на антена. Иде нешто како dancing like a loca, и после ова нешто ми се слуша како диџеј сенти сока али сигурно не е точно па после тоа moving like a loca. Побарав вака на гугл ама ништо,ако некој му текнува која е песната нека ми пише.
Ако е од постарите италијански песни, можеби мислиш на оваа http://www.youtube.com/watch?v=_0uP4kSCS6I