Некоја од Битола, подарувам алишта, с и м големини и неколку шминки нови сенки и пудри за бела кожа (утнати при купување) ќе ги подарам во несесерче, имам и карминчиња нови, а за некое детенце имам тетратки, фломастери, моливчиња, ранче и такви ситници нови...
Женски во комшии имам едни девојки, социјални случаеви се, три сестри, околу 15-22 се и обожаваат да се дотеруваат, да се шминкаат. Јас се што имав од алишта и обувки и шминки им дадов, ги гледам секој ден си се дотеруваат и среќни се, ако некој има с алишта или обувки или шминки за девојки и сака да даде на некој што ќе носи и ќе се израдува а сте од Битола кажете ми јас ќе ви кажам кај се наоѓаат или не ми е проблем ќе дојдам ќе ги земам јас и ќе им однесам.
Подарувам тигресто маче. Година дена старо. Надвор нема излезено до сега. Вакцинирано,прочистено и со пасош. Со него давам играчка за маче и лежалка,храна и песок.
baram za tri razlicni semejstva obleka za 10godisno masko obleka za 13 godisno devojce i trudnecka obleka golemina L. dokolku ima nekoj koj moze da izleze vo presret neka mi pise.
Се подарува: - облека и обувки за девојче (14-22год, S/M , бр.35/36 обувки) - облека за момче (7-10 год) - фармерки S величина - пантолони и капут за повозрасен човек
Подарувам Пулмикорт за инхалирање датумот им е до 11месец 2019 година во Прилеп.Ако на некој му треба може да ми пише
Се подарува мало бело машко маче кое се наоѓа во хотел Театар или попознат на битолчани како Интимен театар.Кој сака да го земе мачето нека ги контактира хотел Театар на нивната адреса (погоре од влашката црква до Психомедика),на нивната фб или инста профил или нека ми пиши во лп па ќе ви дадам контакт. Еве фотографија:
јас сакам да помогнам ,за мали деца облека или хигиенски средства.пишете инбукс порака ако ви треба нешто.поздрав до сите
Имам многу облека која веќе никогаш нема да можам да ја носам, величините или се преголеми или премали за мене. Со задоволство би подарила на секого кого му треба, ќе пратам по карго ако сте од друг град. Ако некој е конкретно заинтересиран за некое парче можам да сликам. Имам 2 фустанчиња онака посвечени s/m величина но за помали девојчиња е стилот,како за полуматура или свадба. И да заборавив да кажам се што одбрав за подарување е исправно и не е уништен,избледен материјалот, дел од облеката е од LC Waikiki и други некои брендови од Грција: Адмирал,Joyce (13-14години),има една оригинал Ванс блуза на кратки ракави,и не знам уште што, завчера ги сортирав и спакувани се. А да имам и од Скопје од Мана и од локалниве бутици. Имам за дами многу квалитетни кошули директно што одат за извоз за германија, има и неколку парчиња од бела бутикот, имам многу, повеќето се нови, 2-3 пати облечени.
Еве од обувки, црните се 38, Темниве кафени се 39, а тие скрос отворените кафени со светло и потемно се 40. Која сака слободно нека пише и по карго можам да пратам. Ако сте од Штип или околината може и поинаку да се договориме.