Ако имате сликички од животинско царство а не пополнувате дигиталниот албум би замолила за кодови да ми пишете во порака Радо би дала и нови чизмички за нив бр 36 се , зимово од ФБ страна ги порачав но ми пратија помал број и не ми ги заменија
Ги подарувам следните производи, исклучиво по карго праќам. Некористена палета со сенки со огледалце, од новогодишен сет. Преубава е, ама јас не користам сенки. Од спрејот биодерма е прснато 2-3 пати само, не ми се свиѓа, мрсен е многу. Тестери еуцерин со краток рок. Мали пакувања козметика од L'ocitane адвент календар, ретинол серум. Ништо не е отворено/користено. Крема еуцерин за нормална/комбинирана кожа, не е отворена, со рок до 09/2024, течна пудра макс фактор не е користена (не можам да најдам рок, број 101 ivory beige) и еден куп тестери ако ги сака некој.
Апдејт: Ветено е се од козметиката, освен ретинол серумот, за кој чекам потврда од една членка. Фраксипарин инекциите се сеуште слободни.
Подарувам женска облека која што одговара на S - M. Облеката е нова или еднаш, два пати носена. Доколку некој е заинтересиран може да ми пише. Можам да испратам и фотографии од истите
Ако уште се слободни, пиши во темата со вонтелесно или во прво тромесечие. Мислам таму ќе се најпотребни .
Подарувам облека за повозрасна жена, останато ми е од баба ми ама се е ново , зачувано, модерно, костими,суќни. Мене ми се ептен големи , некои ги стеснив и си ги носам ама тие што не се теснат сите се зачувани и воопшто не облечени. Одговараат на ХXL . Баш сега се во мода тие костими,кошулки,елеци. Моментално сум на работа,ако има заинтересирани после ќе ги сликнам ќе споделам.