1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барам помош, поддршка, совети

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Z89, 5 август 2021.

  1. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Знам дека никој не би помогнал за ова зошто предност се другите полоши работи што им се случуваат на другите, но сепак, јас секогаш сум помагала, ете дојде ден кога за жал јас треба да побарам помош иако навистина ми е непријатно и можеби и ќе бидам и мета на осудување. Сепак, животот моментално ми е пекол и се наоѓам во безизлезна ситуација, затоа ќе ви раскажам, па ако сакате секако, да ми помогнете.

    На мои 10 години моите родители починаа во сообраќајка. Од тогаш добив статус на дете без родители и родителска грижа. Сепак се борев, продолжив напред, успешно како одличен ученик завршив средно и факултет, живеев во дом, но никогаш не тргнав ни по лош пат ни направив нешто погрешно. Дури и бев пример на другите штитеници. После факултетот се преселив кај една моја баба, се вработив во маркет, за минимална плата и некако скромно ама достоинствено живеевме со баба ми.
    Како дете без родителска грижа добив социјален стан под закуп за кој плаќам кирија. За да купиме некои работи за станот, баба ми предложи да земеме кредит, кој таа со пензијата месечно ќе го исплаќа на рати.
    Неискусни, зедовме кредит, никогаш ни таа ни јас сме зеле кредити и по рекламите на тв и насекаде низ град, место од банка ние зедовме кредит од брзите кредити на мое име како вработена со чиста кредитна историја. Така и не советуваа пријатели. Сега знам дека е погрешно, но тогаш сосема бевме неискусни на ова прашање и избрзавме. Две рати уредно секој месец, баба ми си ги плаќаше. Потоа, за жал почина од корона.

    Јас, останав сама, со моите 15 000 денари од кои 6000 ми се задршки на плата поради работи шти сум купувала на рати (и јас бев нормален човек, ни на сон не очекував дека може да се случи некогаш ова).
    Со останатите пари плаќам смети, тоа е најбитно за мене, да не останам без струја и не останува ништо, едвај преживувам, не па да плаќам долг. Повторно неискусна и сама, позајмував пари од други места за да го платам претходниот долг, и се така во круг додека веќе немам како да плаќам долгови и каснам со месеци, додека каматите се покачуваат и луѓе ми се јавуваат со закани дека ќе ме испратат на извршител, ќе ми блокираат сметка... Ми пратија писмо со опомена на работа, а имаа и испратено агент за наплата на работа и дома. Мојата ситуација не ги интересира, бараат само да се врати долгот.
    Ми се дерат и закануваат, сум молела, плачела и објаснувала, но отсечни се дека не ги интересира и дека морам да платам зошто ќе одам на извршител и ќе ми се блокира сметката.

    Очајна сум, ако се случи тоа, тек тогаш сама којзнае што ќе правам, ќе ме избркаат од работа, а и да одам што ќе правам со блокирана сметка, ако ми пратат извршител, се што со пот и болка сме направиле и создале со баба ми ќе ми биде одземено и зошто би живеела. Премногу ми е тешко, неколку пати сум помислила на самоубиство како единствен спас и излез, ама за жал немам храброст.
    Не можам да спијам, да јадам, да функционирам, станав жив мртовец. Сеуште се борам со смртта на баба ми која ми беше и мајка и татко, се борам со ова, животот ми е пекол, се наоѓам на дното, немам излез.
    Секаде сум молела, сум барала, но никаде не сум добила повратен одговор, никој до сега не ми вратил на молбите. Ве молам само немој да ме осудувате.

    Не барам пари на рака, ни на сметка, само ако некој сака директно да уплати на сметка на финансиското друштво колку што има, барем некоја рата, некој денар нешто...
    Срам ми е што го барам ова, никогаш не сум барала ништо, сама сум се борела, но овој пат не можам сама.

    Доколку некој сака да ми помогне, јас тука сум, пишете ми пп да ви кажам матичен и број на кредит доколку сакате да уплатите некоја сума. Се извинувам, но секој ден сум под притисок и закани, потребна ми е помош додека сосема не пропаднам.

    Премногу ви благодарам и се извинувам, премногу ми е срам поради ситуацијава во која се наоѓам.
     
    Последна измена: 5 август 2021
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    se nadevam ke ti pomogne nekoj
    no mislam koga e nesto vakvo treba javno da pises ime, kolku pari si dolzna,kolku e iznosot na kreditot vaka teko ili nisto
    no stom ne ti e od banka kreditot izvadi krediit od banka i vrati site dolgovii bar problemi sio izvrsiteli nema da imas, a za drugo ke se snaogas nekako dodeka ne otplatis tie 6000 sto ti sopiraat na plata , primer za smetkite za struja obrati se vo edno neznam kako se vikase,tuka na forumot citav drugi luge plakaat smetki na tie sto se zagrozeni , hrana ako ti gali ke pobaras od nekoe humanitarno zdruzenie
    tatko mi izvadi lani od stopanska kredit (nesto kukata prravevme) 10 000 evra , 10 godini ke go otplaka po 6 /7 000 nekade e ratata kolku sto znam, no moze dolzis pomallku i pomal kredit ke zemes i pomala rata ke imas pa ke ti ostanuva nesto i od platata
    neznam drugo ne mi teknuva ilijavno da pobaras pomos
    i ne ne te osuduvam samo vaka tajno tesko, po se sto sum citala na fb tesko
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Машки
    Најбитно да не` информираш колкав ти е кредитот, колкави ти се ратите, од каде ти е земен кредитот... Овде има и добри адвокати, кои можат да ти помогнат со правни совети.
     
    На Z89 и Luciferka им се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Женски
    Знам особа која исто заглави со брзиве кредити ( сега тие што те советувале, нека ти го плаќаат дека е најдобар избор).
    Види пред се колку си им должна, иди во банка и земи кредит и направи го на најголго што може со цел да имаш најмала месечна рата, а притоа да ти останат пари за сметки и храна.
    Особата што ја знам, единствен излез му беше од банка кредит со образложение дека покрива друг кредит за да го исплати тој брзиот и си остана на еден. Он е со 14000 ден примања, плаќа рата за кредитот, сметки ( кај нив се поголеми бидејќи се повеќе луѓе), храна плус лекови.
    Иди најубаво прашај си во банка , за да се отарасиш од брзиот и ќе ти остане еден каде што нема да имаш енромни камати.
     
    На SexiLy, Z89, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Glowy

    Glowy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Живеалиштето на баба ти не можеш да го продадеш?
     
  6. нина122

    нина122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Побарај помош од хуманитарна организација, да ти носат храна и хигенски производи, ќе поминеш со нив ако живееш сама, платата нека ти оди за кредитот и сметки, колку што разбрав не плаќаш ни кирија, знам дека е тешко ама мораш да издржиш, нема друг начин. Дури и има опција да побараш од општина еднократна помош од околу 30 илјади денари, поради некоја несреќа да речеме болест, смрт на близок член во семејството, даваат знам така. Се надевам дека не ти е долгот илјадници евра па да не можеш да го отплатиш само. Иначе можеш да одиш во банка, ќе кажеш таму дека ти е потребен кредит за затварање долг со долг, ќе земеш кредит и ќе побараш да го отплаќаш со некоја ниска рата ама со години.. Одобруваат знам така, долг со долг да вратиш можеш.
     
    На Z89 и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Сакам да прашам дали помошта мора да биде строго финансиска?
    Нели е можно да ти се помогне на некој начин со храна, сретствена за хигиена, облека? На тој начин платата би ти била чиста и за неколку месеци најверојатно би се средила барем малку финансиски.
    И можеби малку невкусно што ќе прашам, но што се случи со станот од баба ти?
    И гледам некој погоре предложил, зошто не земеш кредит од банка со тој кредит да исплатиш се и после ќе должиш само на едно место, вака е полошо.
    Еве јас би сакала да ти помогнам, а верувам и други но мораш да ни дадеш некои поконкретни информации.
     
    На Z89 и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    1. Дали ти потпиша договор со овие ФД да ти стопираат од плата? ( Ако немаш потпишано не смеат).
    2.Ти со тие Луѓе од агенции за наплата на долгови не си воопшто должна да разговараш ( нема ни со теренскио Наплатувачи што да разговараш) на сите нив закани се дека ако продолжат да те малтретираат случајот ќе го пријавиш во ПОЛИЦИЈА и дека ќе Поднесеш кривична пријава во ОЈО поради твое малтретирање и малтретирање на твојот работодавец и евентуално случајот ставено да го пријавиш ќе добиеш и оштета за претрпена штета од нематеријална природа ( секако извади си и потврда од лекар специјалист по психијатрија дека твоето психичко здравје е сериозно нарушено поради нив, со таа лекарска потврда, право во полиција и ојо)
    Ете и во случај да те дадат на извршител ТОА НЕ Е НИШТО СТРАШНО НАМЕСТО СЕГА ШТО ТИ ЗАДРЖУВАТ 6.000 ќе можи извршителот максимално 1/5 од плата што е околу 3.000 помалку што значи сите брзи кредити ќе се наплатуваат секој поединечно се додека не се наплати еден не може да почне друг.
    Само битно е да ми кажеш што се имаш поштишано со овие брзи кредити и доколку имаш некои договори да ми ги пуштиш во ЛП битни се за да ти кажам како стојат работите конкретно се разбира може да ги скриеш личните податоци.
    Никакво плачење и молење со овиее биди само што можеш по дрска и безобразна и однесувај се како да не се замараш и не ти е гајле ни пол посто за нив.
    Доколку имаш некое прашање или ти треба совет можеш да ми пишеш во секое време тука сум да ти помогнам се што е поврзано и е дел од правен аспект.
     
    На IRBBB, темјанушка, Z89 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    25.426
    Пол:
    Женски
    Можело од банка да земеш кредит за тие да ти ги платата брзите кредите и во банка ќе направиш помала рата. Прашај во банка кажи за рефинансирање на брзите кредити.
     
  10. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    25.426
    Пол:
    Женски
    Нели беше 1/3 од плата?
     
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    1/5 доколку е платата до просечната.
    1/3 доколу платата е над просечната.
    Но често извршителите манипулираат со должниците и им кажуваат дека 1/5 важи само за минимална плата што воопшто не е точно и секој може да си го провери тоа во законот за извршување.
    Само да појаснам дека 1/5 важи и за тие што се блокирани пред донесувањето на овој нов закон за Извршување бидејќи е поповолен за граѓаните.
     
    На Candelabra, Z89 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    pisa, pobara pomos i soveti i iscezna
    vidov uklucena bese pred nekoj den no ne odgovara na nieden komentar
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    21.811
    Пол:
    Машки
    Побара помош во пари, да и го плати некој кредитот, а овде и понудија совети како да го реши проблемот, правна помош и храна...
    Не и се допадна тоа, и затоа "исчезна".
     
    На buba4e89, Guns N` Roses, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ne sum isceznata, navistina ne znam glavata kaj mi e od sekojdnevno zvonejne i zakanuvanje, se snaogjam nekako, ama nemam kako, ne ocekuvav deka nekoj ke mi pomogne tuka, no imalo dobri lugje. Ne vi baram pari, daj boze nikogas da ne se najdete vo vakva situacija, da legnuvas so ogromna grutka vo gradi, vo solzi, da se budis kako cel sve da ti e srusen, da zivees kako zombi, kako mrtovec, na nisto da ne licis... Ne mora nisto od vas, eve neka mi bide kako katce kade ke mozam da si pisuvam za makite da mi bide polesno. Zosto dusata me boli. Navistina. Ako ima eden zbor laga vo ova sto go kazuvam deka mi se slucuva gospod neka me kazni uste povekje od ova sega.
     
  15. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Jas nemam hrabrost da si go odzemam zivotot iako sakam, toa mi izgleda kako najdobar izlez od ova, ama takvi komentari bi bile triger za nekoj koj dozivuva vakvi nesta, a nekoj go osuduva. Jas bi ve zamolila zosto eve za zal osetiv i na svoja koza, da ne gi osuduvate lugjeto i da donesuvate zaklucoci, da bidete zlobni, zosto ne moze da znaete sto se slucuva vo zivotot na nikoj. Sto ako jas sum go odzemela zivotot koga me snemalo? Zosto nekoi lugje se tolku mali i bescustvitelni, bez troska empatija, bez zal, za onaka da pisuvaat? Navistina me povreduva toa, dosta mi se makite sto si gi imam. Ve molam, koga nemate nisto dobro da kazete, nemoj da bidete zlobni. Jas lesno prostuvam, zalovita sum, samo sekoj vo zivotot moze da padne, pazete sto misli imate, sto zboruvate i kako dejstvuvate. A za cela pomos, soveti, poraki sto dobiv vi se zablagodaruvam vas dobri lugje, vas toa dobro nekolku pati ke vi se vrati.
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    25.426
    Пол:
    Женски
    @Z89 Отиди уште денес во банка и прашај за рефининасирање на брзи кредити. Според мене тоа ти е најдобриот излез од сето ова. Банката ќе ти ги олатела брзите кредити, а ти плаќаш рата на банката и раат ќе си, конечно ќе можеш мирно да спиеш.
    Форумов функционира така што ако не одговориш или искоментираш на нашите совети ќе мислиме дека не си ги прочитала или дека не ги земаш во предвид.
    Затоа по втор напишав едно исто. Се надевам ќе отидеш до банка.
     
    На Z89, buba4e89, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.495
    Допаѓања:
    134.477
    Пол:
    Женски
    Ти пишав порака да се обратиш кај Отец Оливер, црквата Свети Спас ќе ти излезе во пресрет со храна барем ќе ти останува за кредитите. Исто,се согласувам со членките оди во Тутунска банка прашај за кредит кој ќе ти ги покрие трошиците за брзите кредити и ќе ти остане нешто. Моите имаа земено во Тутунска банка кредит од 300.000 денари а месечна рата им беше околу 6.000 денари.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Грев е кај отец да барам помош за кредити, нека помага тој каде што има поголема потреба.
    За банката, мојот долг со кредитите е голем. Со мојата плата од 15 000 денари од кои 6000 денари ми се задршки, остануваат 9 000 денари. За банката да ми го покрие долгот треба да исплати се. Доколку се исплати се, месечната рата што треба да ја исплаќам таму ќе биде поголема од 1/3 од мојата плата, т.е тоа што е останато. И законски не ми даваат. И плус со нередовното плаќање кај овие другите кредити што се заебав да ги земам, нарушена ми е и кредитната состојба. Пробав во сите банки така, пробав и со плата да се префрлам некаде за оваа услуга, ама не може. Морам барем дел да исплатам за да дојде сума за ратата да ми биде не поголема од 1/3. Ти благодарам, пишав на многу добри луѓе тука, извини ако не сум ти вратила.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.495
    Допаѓања:
    134.477
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека во Македонското кредитно биро ќе имаш дамка. :(
    Нажалост и брзите кредити спаѓаат во ова биро.

    Инаку,погрешно си ме разбрала јас не реков отецот да ти помага за кредитите туку да ти помага за храна одредено време за да можеш да ги исплатиш ратите. Не е грев да побараш помош кога си имаш мака.
     
    На cresa-jagoda и Z89 им се допаѓа ова.
  20. Z89

    Z89 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сигурно има луѓе кои навистина немаат од каде да се прехранат. Јас ќе се снајдам за храна, имам колеги, пријатели за тоа не е проблем, ќе штедам, а и не јадам толку од стрес 40 кила се направив. Најголем проблем ми се овие проклети кредити, да стигнам до сума со која ќе ми одобрат кредит за да ми исплатат се од банка. Да си ги покријам неплатените рати. Барем само да ми остане дел за струјата да ја платам. Таа најбитна ми е, сметка немам пропуштено да не платам. Да стигнам барем да плаќам рата од 4 000 денари, другото за сметки да ми остане, за јадење има многу добри луѓе, ќе се снајдам.